Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Носење хиџаб во исламот

Дискусија во 'Религија' започната од Directioner005, 20 септември 2022.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    20230316_200425.jpg 20230316_200417.jpg
    Целосната библија и стариот и новиот завет моментално не е кај мене. Значи не зборам напамет, ако ве интересира нешто ќе ви сликнам цитати.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Многу добро си ја познавам верата и она што го налага црквата и светите списи.
    Во пракса се гледа кој колку е опресиран. :hai:
     
  3. t.a.m.

    t.a.m. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    222
    Не греши душа пред Бога крпи како што ги викаш има во сите религии.
    Е сега дали ти се допаѓа или не тоа е твој проблем ама не ги напаѓајте оние што сакаат да бидат покорни на бога!
    Впрочем и христијанството и будизмот и исламот и во сите релихии има вернички кои се покриваат целосно со шамии ;) така да не е само една религија во прашање
     
    На MyMala и ZAHRA им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Таму каде што се практицира религија како државен закон, опресијата е поочигледна.
    И Христијанството, и Исламот, и Јудеизмот се опресирачки за жените.

    Значи една е ситуацијата кога имаш секуларни закони, сосема друга кога имаш религиозни закони.

    Просто е бе, не знам оти не сфаќате?
    Да не' не се изразуваме како што треба... ?

    *Многу е битно да ја разбереме разликата меѓу:

    - Верување/Спиритуалност, кое е индивидуално, поврзано со личната перцепција и неотуѓиво.
    и
    - Институционална религија, која е алатка за воспоставување моќ врз народот.
     
    На MilaSs12, Vraloma и VDT2906 им се допаѓа ова.
  5. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Ти разбираш дека после Исусовата жртва никој нема право да воспоставува теократска држава.
    Како ви се коментира вака полу-информирани.
     
    На Feminka22, Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  6. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Vo pravoslavnoto hristijanstvo( osven shto pishuva i vo Biblijata), i sveshtenicite ova go kazhuvaat na venchavka: brak e zaednica od EDEN mazh i EDNA zhena.
    Hristijanstvoto se temeli na noviot zavet (vie shto mislite deka se pochituva samo stariot zavet ne treba da slavite ni Veligden ni Bozhik, zatoa shto toa se praznici od Noviot zavet).
    Vo hristijanstvoto ZABRANETO E BRAK SO POVEKJE LUGJE (DVA MAZHI, DVE ZHENI I SL), ako nekoj ova go napravi, se smeta za preljuba (prekrshuvanje na eden od 10 bozhji zapovedi) i crkvata dava crkoven razvod.
    Drugo, deka zhenite ne se ramnopravni n hristijanstvoto ni vo islamot, e tochno.
    Vo odnos na hristijanstvoto zhena ne smee da e sveshtenik. Zoshto?!?!
    A vo odnos na islamot, krajno nehumano i bukvalno ostanav bez zbor za toa kako se gledani zhenite: ako e neplodna, gospodniot mozhe da si zeme nova. Predmeti, objekti bez emocii, chuvstva, stavovi, toa se zhenite vo islamot.

    Vie shto gledate niz rozovi ochila i na hristijanstvoto i na islamot i ne sakate da si gi priznaete gorenapishanite raboti, samo sebe se zalazhuvate.
     
    На VDT2906 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    :D
    Бре Билјарке, за едно да се согласиме и тоа у категорија Религија, јас атеистка и ти претпоставувам или поима си немам што си:wasntme:
    Уште да ми пишеш дека си стриктно религиозна, верска припадничка и да си подзаспијам на раат, дека со аминов ми до напраи денов што еве го истекува. Ама кој ми е крив кога касно палам, ова гледам8-| :D

    Луѓе темава ја затерувате у ај да не кажам каде со предности и недостатоци.
    Кога закон застарен не векови милениуми станува општо државен закон што да се каже, жално прежално.
    Дајте слободна волја за избор па 21 век мајка му, луѓе на месечина стасаа, а тука очи си вадиме за сто други теми освен онаа за која е оваа отворена.
    Таа религија подобра, онаа полоша, вака било така било, абре жени умираат додека ние на вага мериме се што треба и не треба.
     
  8. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Каде тоа во Стариот завет кој питај Бога колку е стар и одамна неприменлив?:D
    Нема врска, да не ја развлекуваме темата со сто други, само да надополнам дека тотално си во право во врска со ова
    Затоа религија и спиритуалност веќе не ми се на иста даска, поточно на исто рамниште:D
    Убаво си пишала кој и како ги извитоперува природните закони, мажите и како преку претходно договорени и организирани религии и секој си толкува како сака. Религии еден тон, народ сите од крв и месо ама преку кој како разбрал, не разбрал, протолкувал најчесто погрешно се врши раздор и сеење омраза уште тон повеќе од луѓето приврзаниаци на верите.

    Велам и јас сакам да не постојат религиите и сите нешта во кои сите членови не се еднакви ама исто така пишав ај најди ми во денешницава 70+ што не фатиле свеќа у рака и чатење молитви, опишав зошто.
    И после имало религии, раздор, сеење омраза... епа чорба:)
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Мхм...
    Кажи им на Мормоните и на сите оние кои се во Христијански култови.

    Во секоја религија има екстремни групи.

    ... Џон Карлин беше во право, Бог да го прости...
    Упростена теоријата на психологија на толпа, се сведува на ова:

    'Never underestimate the power of stupid people in large groups.'
     
  10. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Нема ништо на сила во христијанството го прифаќаш по сопствена волја и без наметнување.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Ум, форсирање на луѓето да се однесуваат на одреден начин за да не бидат казнети по смртта, е наметнување. :D
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Буквално у потпис ми е, совршено се уклопува у конкретнава ситуација, унапред знам дека џабе објаснувам, сега као треба јас да ве едуцирам, дојдете спремни на темава немам намера да учам никого.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Ако е на власт некој екстремен фундаменталист и државата не ни е секуларна, ќе биде исто како што е во Шеријатот моментално.

    Единствено што не 'спасува' е секуларноста.

    А како што гледаме на глобалното политичко поле, десничарски, екстремистички движења се се' почести.
    Грото од светот го владеат десничари.
    Загрижувачки е што дури и во Европа тера трендот.

    Немој еден ден да се разбудиме и се' што имаме да припаѓа на некој друг и за секоја наша животна одлука да треба да се консултираме со 'државни органи'.

    Гилијад, еве... кој ја читал/гледал Приказната за робинката од Маргарет Артвуд?

    Очи широко отворени.
    Да следиме будно што се' се обидува некој да ни протне како државна одлука.
    Видете што им се случи со законот за абортус во САД?
    Роу вс. Веин го преиначија, сега може државата да одлучува која и дали смее да абортира.
    И кај нив на се' пишува: "In God we trust" ...
     
    Последна измена: 17 март 2023
    На Dilajla123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Таму каде што законски може мажот да земе друга жена, ако неговата е неплодна (се извинувам за зборот, ама така ја гледаат религиите жената - како предмет)
     
  15. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Ретки се тие, ти одговориле и претходно во ортодоксно христијанство ова е немогуче:D
    А за мормони, кланови и секти се е можно, ама тие немаат врска со религисктата припадност и она кон кое се идентификуваат грото христијани, ама па...ај стварно да не ја одолговлекуваме и да се оди надвор од темава.

    Факт е дека опресија во било кој сегмент од животот, на кој ти сакаш континет или во било која земја не ќе да е на арно.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    ...цели исламски држави, башка милиони други фундаменталистички Јудео-Христијански групи
     
  17. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Ама чекај ти сега измеша лончиња:drunk:
    Јас ти велам за христијаните е немогуче, грото, од нив бидејќи одамна не се водат по Стариот завет.

    За други религии, радикални групации и секти не дискутирам. Во нив и многу други аморални работи се ок, еден маж сексуално да општи со цело племе жени, па и на сопствени деца им прават деца, ај да:x
     
    На Feminka22, WildMk и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  18. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Да, бидејќи се извитоперуваат фактите и се толкува и става актуелен на власт дел што питај Бога колку е стар, неприменлив итн.
    Ама на некој/ некои им е во полза да е така...опресирачки спакуван и установен до степен на закон.
    Таму нема изнад попа поп има за жал смрт за тие што се опонираат или се измислува дека се опонирале.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Абе и тие поединци и групи се производ на тоа ако функционира одредена заедница.
    Треба да се запрашаме 'Зошто постојат екстремни поединци и групи?'
    ... Што треба да смениме, за да не ни се случуваат есктреми, на било која страна на спектарот?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Нема форсирање.
    ,,Се' ми е дозволено, но не ми е се' полезно'' рекол апостол Павле.
    Не е форсирање. Полезни совети се и како треба, а на нас е дали ќе постапуваме според нив. Никој ни ме форсирал ни присилил на нешто. Затоа има разлика од верник до верник, некој повеќе се придржува до правилата, некој помалку.
    И нема врска со хиџаб во исламот ова што се пишува во темава последниве страни.
     
    На Feminka22 и Just.do.it им се допаѓа ова.