Значи кога ќе измешате лончиња ни Господ златен не ве оправа, ако го има де Во темава се пишува кога радикални верски групации Шиити еве и самите муслиманки велат дека се тие Шии или како и да се викаат доаѓаат на власт вршат толку радикална опресија на нивните сестри по вера до степен што се убивани. Ниедна не го оправда тоа, ама почнаа муабети за вери и религии колку се опресирачки, настанаа недоразбирања, се изедоа банови и пак и пак вртење вода на таа воденица Не е до религиите, верите, попови, оџи итн. туку до толкување на мисли и зборови на кој како му годе што носат до смртоносни последици по женскиот род. Станува збор за ставање на власт и израмнување со закон на нешто старо, заостанато и некорисно, кое можеби било во дамнешни времиња. Зтоа велам закон да ми е нешто што е старо од питај Бога треба да е нонсенс.
https://puls24.mk/шамија-во-школо-в...EHjNUvG9GjWmgfHLeOerTTPf3bwhE&mibextid=Zxz2cZ Шо ќе кажете за ова? Ми личи на чиста провокација
Имам пријателка албанка која е мажена веќе 15 години, а почна да го носи последните 5 години. Претходно си беше најнормално со фарбана коса, со шминка итн. Мажот и е голем верник, а и не им ја знам причината зошто почна да го носи, дали поради него или сама има одлучено. Како и да е изгледа глупаво, тој со деца на плажа, а таа не. Може убаво изгледа некои, ама мене ми е како да немаат слобода.
Нема врска и жените одат на плажа.Само не се бањаат.Се се јасно ми е секој има право на свое размислување и став,секој си ја почитува верата и се тоа разбирам.АМА ЕДНО ГОЛЕМО АМА не ми е јасно како забоулуваат (извинете на изразот)дете стварно не ми е јасно.Многу се нервирам и навистина многу ми смета.Може некој ќе рече баш ми е гајле што тебе ти смета ама јас вака ќе му одговорам. Јас да можам тебе жено(мајко) џигерот би ти го извадила.Абе би ги задавила со два прста.Греота е брее како не ви е жал девојчиња од 2-3-5 години со шамија.Леле колку се нервирам кога ќе видам абе косата ми се крева нагоре,скалпот ми се одлепува.Срамота жалоснооо
Мене пак не ми е јасно зашто ве интересираат туѓите животи. Тоа се религиски принципи и во секоја религија ги има. И библијата и куранот го проповедаат истото само што некои тие делови ги прескокнуваат. Ако си прав верник ќе знаеш. И во исламот има хиџап т.е. покривање на телото и во христијанството и во будизмнот и секоја друга религија. Мала е разликата помеѓу христијанството и исламот.Кој прочитал знае. Поздрав нема потреба од осудување на едни или други...
Јас не осудувам никого поштувам секаква вера.Ама деца тоа не оправдувам никако мајка и може што сака да прави ама за дете не.Никако нели е греота бе.Да го затвориш дете од 2-3 години нема оправдување за мене не.Јас поштувам секаква вера повеќе и од сите па и од тебе ама не оправдувам за деца
Подобро така отколку од мали години да ги пераат мозоците со ЛГБТ и да ги тераат децата со промена на полот...
Смеат бе како не.И он и она смеат.Смешки живи се на плажа со шамијана под чадор или само нозете си ги брчка во вода.Хаха не се нормални
Не... реално само при посета на храмови има правила, кои не се ни практикуваат нешто посебно... покриени рамена, шамија (ама косата смее да се гледа, не е грев), долги сукњи... има кодекс, знам уште во Слепче манастирот се почитува... ама за во секојдневниот живот нема правило дека главата треба да е покриена, особено не како на монахињите. Тие како служители во храмовите, биле да се монахињи, монаси и свештени лица почитуваат други правила за облека. Ниту од нас се бара како монахињи да шетам, ниту од мажите како попови/монаси со мантии.
Па мислам дека не, искрено би сакала да не се перцепира тој начин на облекување како смешен, тоа е лична определба, наклонетост кон бог. Не е убаво да ги наречеш ненормални, нема ништо ненормално во љубов кон Бог. И мажот треба да е облечен соодветно, да не ги покажува колената, да не носи тесна облека, да не оди без маица на плажа или било каде да. Само не разбрав зошто воопшто да не одат на плажа.
Смеат и на плажа и да се бањаат ама само во буркини, то ест да се покриени скромно нели. Е сега ако се удават, уште па со покриено лице.
За молитва дефинитивно треба да се покриени, скромноста е препорачана, во облеката и во однесувањето.
За дома не е проблем. Ама лудост е да влезеш со буркини и покриено лице во вода. Во базени треба да е забрането вакво нешто