Коментаров очобол Океј најмодерна си наспиј се убаво. Само која ќе е таа јунак што ќе излезе и ќе каже не сакам да носам хиџаб од дома ме тераат ма има јавно да и пресудат.
@BlackNight и другите, препорака за читање - автобиграфски стрип од иранката Мaрџане Сатрапи: Персеполис (Персија е старото име за Иран)
@elimkd Ели тебе нешто многу сум ти интересна, не пропушташ прилика да не ме цитираш Од сите постови ти па за тоа се фати друга па и за ресторанот Иако сами ме прашувате ама нели читате само тоа што ви одговара .. Хм.. Кој сфати пишував дека сега се носам "модерно" а ете може некогаш ќе сакам да се покријам. Своеволно. Како Муслиманка не познавам некоја на сила да и е наметнат ставот за хиџаб, не дека нема но не познавам. Имам блиско семејство 5 сестри, 2 се покриени сестрите и мајка им не, напротив модерно си се носат. Една дури стави хиџаб после две години го извади. Ве молам мене повеќе не ме цитирајте, продолжете да си верувате во што сакате, саат плус работев денес за завршам тоа што требаше, а не да се убедувам непотребно
Идеализирање на нештата без познавање на суштински нешта не е добро. Исто така не е добро само критикување и оцрнување на нештата без суштинско познавање на други нешта. Ама уште полоша е женската осуда од жена кон жена која знаеме сите колку е сурова и безмилосна, а најлошо од се е што жените некако испаѓа дека не успеваат да сфатат дека преку мајчинството во улога на мајки- воспитувачки поседуваат огромна моќ, имаат алатка во сопствени раце преку која можат да влијаат на одгледувањето на нови послободоумни и истовремено и поемпатични генерации на деца, машки и женски. Не сакам да го миноризирам и значењето и улогата на мажите, политиките, религиите и идеологиите на светско ниво поради кои светов денес изгледа како што изгледа. Промени се неопходни, постојано и се случуваат тие. Поддршка и прифаќање ни треба на многу нешта, ама и разбирање дека треба да се почитува пред се слободата на личен избор. Многу обемна тема е ова и многу комплексно доживеана од сите затоа што секој си гледа од сопствен агол како народ, како припадник од одредена верска група итн. Многу ми е жал за починатата девојка, многу жени низ годините и вековите гинеле од разно разни причини и одамна е дојдено време да се стави крај на сето тоа, ама некако скептична сум дека ќе се случат вакви огромни промени за брзо време на светско ниво.
Не си во право во врска со ова. Можеби порано така да се доживувало дека била, но сепак религијата флуктуира. Поточно толкувањето на зборот во светите книги се обработува во согласност со општествените начела и текови во кои живееме и се презентира видоизменето така што не е стриктно точно толкувањето дека жената треба да му служи на мажот, туку да соработува со него, а тој да ја почитува и гледа како рамна на него. И ова не е точно, предрасуда е во која религија и затоа што е понова дека е така. И таму има толкување на светите книги кое се радикализира па се случува тоа што го гледаме на светско ниво. Ете убаво си објаснила до што е до родовите улоги, не е само поради религијата вака секогаш.
Ама не е така. Имаш присилно носење хиџаб и доброволно носење хиџаб. Има огромна разлика. Бидејќи едно е некој да ги тера во нивната околина, друго е по традиција да го носат. Исто како мене шо ми иди да се крстам пред црква, оти на то сум научена, а не оти некој ме тера сега. Скоро па инстинктивно ми иди И не, не се осеќам опресирана или натерана, оти свесна сум дека ми е 'вградено во системот' низ овие 44 години трубење одоколу и знам дека не е во ред да му наметнуваш некому религија. Во основа, религиите се проблем. Сите религии Пошто и тие се алатка во рацете на моќници, за да ја контролираат масата. Спиритуалност е нешто сосема друго. Когнитивен процес, трето.
@mssuniquee ти можеш да носиш што сакаш, не знам зошто се објаснуваш, не е темата за тебе и твоето семејство. Ова е исто ко некоја да напише мажот ме тепа, а друга да се фали дека нејзиниот не ја тепа. Ако не е кај вас во семејството наметнат хиџаб, кај жените што се убиени е. Како твоето искуство ја намалува опресијата над жените што се случува таму?
Минатиот пат видов видео од моја пријателка муслиманка која со деколте објаснува дека ќе носи што сака, ќе оди кај сака, ќе пие што сака и тоа е нејзина работа, а никој не смее да ја напаѓа затоа што е жена. Ова е жена што живее кај нас. И подобро да е така, отколку да ги убиваат за една марама. Ај запрашајте се дали ако живееше во Иран ќе смееше да каже дека ќе пие што сака? Да пие? Нели е тоа забрането и за мажи, да пијат алкохол? Овде е друга средина.
Па форум е де треба да се пазам кого цитирам, ќе се фатам за тоа што ми боде очи, и мене ме цитираат ликови кои не ми се омилени па никому ништо, ниту те навредив што толку ти засмета баш моето цитирање. биди среќна што си од малиот процент на муслиманки кои можат да се пофалат ко тебе дека се носат во тесно и кратко, живеам во муслиманска општина и многу добро знам како функционираат
Женска, со луѓево претураш од шупље у празно. Едноставно, ограничени умови се, што се мучиш да објаснуваш? Let them be.
Абе не знам кој е ограничен. Дали ние тука што дискутираме или сиротите жени што се убивани поради тоа што мораат да се носат покриени. Кажите им на нив колку им се ограничени умовите. Малце емпатија спрема тие жени? Да живеевте во тие околности не знам вака ли ќе зборувавте?
Имам доволно емпатија, а за иронија не ми кажувајте. Секогаш кога не сте во право се вадите на тоа. Членката не кажа дека таа е најмодерна него зборуваше во множина за сосема друго. Не се чита до крај, исто така не кажа дека подржува убивство како вие што испревртевте.