Членката кажа дека се носе помодерно од повеќето нас овде. Сите разбравме. Не знам кој не чита до крај.
За Хиџаб збореше. Што те тебе тоа погоди толку, па и мислењето на @Emotional123 ? Во сѐ се пронаоѓаш.
Ах бе бубаче. Се носе тесно и кратко, помодерно од повеќето тука. Така пиша. Читај убаво. Прво скокни па речи оп. Патем не се пронајдов во ничие мислење. И јас како и ти коментирам овде.
Никој не испревртува бубаче, членката дојде во темава и почна да си збори за нејзе. Ниту е за нејзе темава ниту за нејзината фамилија. Мислам, дрско е во ваква озбилна тема да збориме за нас и да игнорираме цел проблем зашто нам лично не ни се случил. Затоа и сите ја испоцитиравме.
Дечки, погледнете ги сликите на жените во Иран пред и после исламската револуција од `79 па заклучете дали им е наметнато покривањето и колку носат хиџаб по нивна воља. Убиената девојка потекнувала од модерно семејство ама корист кога друг одлучува со каква облека смее да излезе од дома? Во спротивно- смрт. Не ја убило семејството, државата ја убила поради неправилно наместена марама. НЕПРАВИЛНО НАМЕСТЕНА МАРАМА! Еве не знам, не ве полни со револт тоа? Гнев, болка, разорачување и немоќ? Како што пиша некој погоре, секоја од нас можела да се роди таму.
Еве го твоето испревртување @Angie1432 како и секогаш, па потоа и рипна за ресторанот. Уште на почетокот кажав да се смени насловот да нема забуни, но очигледно сте гладни за испревртување. Нејзе не и беше смешно за нив и тоа го нагласи во постовите, туку за балканските земји дека ги терале. Исто и како неа и ја познавам муслимански семејства каде што никој ништо не ги тера ако зборуваме за овде каде живееме. Од друга страна она “имаш среќа што не живееш таму” и вие исто така имате среќа што не живеете во Украина,Русија и др. земји и среќа што не живеете ко бегалци затоа најдобро да си ќутите. Не видов да го оправда убивството а вие направивте ко да е така.
А да не зборуваме што и жена која не е муслиманка ако ја види таа моарална полиција може да ја испотепа исто како девојкава. Нив не ги занима дали си христијанка таму, или муслиманка или хинду или што да е. Според радикалистите жената МОРА да биде покриена според правила, да иде со наведнат поглед пред неа.. За рака држење со маж, па и свој НИКАКО. Бakнеж во јавност!! Заборавете. Страшно нешто. Страшно. Како дозволија во Иран ова да се врати не ми е јасно.
Не може некој да ме убеди дека жена што стандард на гинеколошки преглед е придружувана од мажот, дека избрала хиџаб да носи. Патем да, и сама имам видено и други ми кажале. Збориме за тука, Македонија. Во чекална повеќето жени сами, само муслиманкиве со маж.
Леле дај те молам читај ко што треба, каде испревртувам? Мојот одговор е соодветен на ова - Така да пред да цитираш препрочитај убаво.
Затоа пишав јас промени се неопходни и тие се случуваат постојано и пополека, а и треба потемелни да се промените и посоодветно да се спроведуваат и сложни да се повеќето, ако не сите жени таму, бидејќи една ластовичка не ја прави пролетта. Спомнав и каде лежат многу од проблемите. И да создава сето ова револт, ама и поттикнува како поинаку да се распределат силите и ресурсите и да се изборат сите жени за еднакви права и слободи насекаде. Само спомнав да нема осуда кон оние кои своеволно го носат хиџабот, спомна @WildMk во нејзиниот коментар дека треба да се разграничува тоа, а и тие да не ги осудуваат своите кои своеволно решиле да не носат хиџаб. Те означив и да ти реплицирам не е проблемот до религијата туку до толкувањата на истите нешта што водат до раздори, појава на различни религии и многу други несогласувања со многу посериозни ефекти од само вербално несогласување. За @mssuniquee не знам што и рипнавте до толку, како што читам немаше лоши намери туку сакаше да објасни дека секаде хиџабот не е наметнат да се носи, особено каде што таа е живеена и растена. Само сподели свое искуство и видување и убаво дообјасни дека не знае најточно како е во други земји, а и дека од тоа што чита и дознава осудува вакво опрeсивно и насилничко до смрт убиствено изживување.
Би ми верувала ако ти кажам дека еве сега сум на лекар и хрситијани мажот под рака и секаде влегува со жена му? Прашува дали е маж или жена докторот? Јас мислев дека се муслимани ама кога се ословија по име останав забазекнута. И не не сум на гинеколог.
Реално имаше и еден коментар што скоро па го оправда. Овој. Инаку секако дека секој здраворазумен човек нема да оправда убиство за погрешно наместена марама, Ама не беа реакциите за тоа. За осет се работи. Тема во која се дискутира убиството на жени, девојки, па и деца...буквално дете беше 16 годишното девојче за кое се пишуваше последно низ вестите. И сега тоаѓа некој тука со став "LOL шо ви е бе? Секако дека слободен избор ни е". Да, честитки. Еве ви за лотаријата да се родите со привилегии. Во Иран и многу други земји дефинитивно не е избор. И да, дискутабилно е нешто колку е избор ако си воспитан и израснат со истото. Искрено се сомневам дека жените на плажите во Турција и Албанија своеволно избираа да се бањаат во море со бурки. Дали ако земјата каде што живееш дозволува избор, ама заедницата во која живееш врши индиректен притисок за носење на хиџаб може да кажеме дека е слободен избор?
Сакаш пак да те цитирам каде децидно велиш дека никој нема да те убеди дека НИКОЈ НЕ ГИ ТЕРАЛ туку биле ТЕРАНИ! Читај убаво што пишала таа, па после давај заклучоци. Не мислам цел ден да ти објаснувам голема си.
Нена сфаќам што сакаш да кажеш ама да не се правиме дека не е опресирачка нивната религија. Знам, и христијанството е, ама нивната повеќе.
Многу убаво ја знам нивната религија, ама и таму има радикалисти како и таму така и кај нас. А овоа во ИРАН е екстремисти.
Затоа напишав треба како жени да се стремиме да одгледаме и воспитаме послободоумни но истовремено и поемпатични генерации на деца, машки и женски и Пишав и многу комплексна тема е за дискусија и убаво е да се отворат многу нешта и да се зборува отворено бидејќи како што си го поставила прашањето што го потцртав во тој случај пак не е слободен избор туку влијание наметнато од околината. И најчесто жените од такви средини со поинакви ставови и гледишта емигрираат од таму или завршуваат нажалост многу трагично.
Ти очигледно или само првата реченица ја читаш од постовите или упорно не ја сфаќаш поентата. Пак ќе ти кажам, врати се, препрочитај и после види кој е тој што не чита убаво. Немам коментар.