Фасцинирана сум што на цел пост ти за најнебитната работа се фати. Ама не мислиш дека во земја каде што жените се сведени на предмети, истите ќе имаат некое влијание за тоа како ќе се воспитуваат децата? Инаку, да. Ова веќе е засебна тема можеби.
За подобро разбирање на историско-општествениот контекст прочитајте го автобиграфскиот стрип од иранката Мaрџане Сатрапи: Персеполис (Персија е старото име за Иран)
Мислам, затоа и напишав веќе, особено ова се однесува на потцртаното. Навистина е комплексна и засебна тема, ама паметно би било да се дискутира или тука или во нова. Важно да се пишува и да не и се знаемари или минимизира значењето.
Од целава ситуација се надевам дека западните поборници за хиџаб се екстремно растресени, зашто како да подзаборавија што се случува на местата од светот каде живеат најголем процет од муслиманите. Факт е дека исламот со векови е прочуен за најгрозморните авторитативни режими, ама неговите следачи пак имаат лице да одат above and beyond за да ја одржат неговата репутација. Секогаш кога нешто ужасно ќе се деси како директна последица на исламските догми, се наоѓаат луѓе што комплетно ќе го минимизираат само за да не помисли некој нешто лошо за нивната религија. А не постои начин да се одбрани вакво нешто. Викаат не е до религијата, до културата е. Искрено еве ме заболе до што е. Ако од целава ситуација на некој му е побитно да докаже дека исламот не е лош, место да мисли на оваа морбидна опасност, нема надеж за таков човек. И не постои ситуација во која хиџабот е избор во големата слика. Може државата да не те убива ако не го носиш, може и татко ти да не те тепа, може и баба ти да не се мршти, ама сè додека од мал ти го презентираат како нешто пожелно и убаво, не е личен избор. Наследени религиски убедувања не можат да бидат личен избор. А приказната зад хиџабот? Најмасовната когнитивна дисонанца на западот. Нај анти-феминистички наратив против кој се бориме секој ден, а во исламот е прифатен како убава работа. Од некоја причина кога се работи за исламот, законите на феминизмот престануваат да важат. Еве не разбирам со кое лице западната апологетка на хиџаб може да каже дека криење на твоето тело како заштита од мажи не е префрлање на вината на жртвата. Како може да каже дека ограничувањето на комфорот на жената во име на заштита е во склоп со стремежот кон тоа мажите да се тие кои ќе престанат да нè зјапаат, а не ние да се криеме. Како може да каже дека ,,чувањето на убавината само за маж ти" како што викаат не е јасен патријархален излив на љубомора и посесивност? Страшно безобѕирно и ужасно е да се бранат ваквите практики сè додека постојат девојки и жени кои умираат заради нив.
Мислам дека кога главниот проблем е во тоа што девојка била убиена затоа што не носела хиџаб на доволно задоволителен начин за „моралната“ полиција, нема потреба да се бориме, дискутираме за право на избор за носење на хиџаб (кој само го имаат, да речеме, жени на западот). Како прво, самото тоа што постои држава која контролира дали жените се доволно покриени е проблем кој не треба да постои и не е воопшто исто со држави кои законски забрануваат носење на бурка. Ќе излажам ако кажам дека не познавам девојки на моја возраст, а и постари од мене муслимански семејства кои живеат „нормално“ и имаат супер гледишта на животот и покрај тоа што жените ја кријат косата и некогаш (повеќето не) ги следат правилата за скромно облекување. Иако самите корени на тој обичај се мизогини, можам да ја приметам таа некоја слобода на избор и изразување религија. Но, да носи жена бурка е веќе нечовечки, тотално дехуманизирање на жената и треба да биде банирано. Апсурдно ми е што во светски рамки, активизмот директно оди против христијанството, а почитување на исламот е дел од тоа да бидеш либерален. На живец ми идат сите постови и сториња што ги видов на инстаграм како со параграфи објаснуваат дека носењето хиџаб треба да биде избор и тоа што се случува во Иран не е против хиџабот туку, против законот бла, бла... хелоу, како е тоа најбитната порака што ја извлече од целава ситуација?? И да е против хиџабот, како што сакаат ќе протестираат жени за кои хиџабот значи само опресија. А што се однесува до самите протести и револуција, исто ми е смачено да слушам дека ништо нема да направат, пак се ќе си иде по старо... вака се менува и пишува историја луѓе. Замислете ја храброста на жените што протестираат во Иран. Нека почиваат во мир сите млади девојки... имам огромна почит спрема се што се случува таму.
Прифаќаме и христијанските жени да одат во црква, иако Христијанството јасно и гласно ни кажува дека жените се граѓани од втор ред. Ме нервира шо сите ко загари и' се пуштија на @mssuniquee Ја мразам оваа навика во чопор да се напаѓа некој... Кутрата, само се обидуваше да објасни дека не се сите муслимани исти. Исто како што не се сите христијани исти И тука да дојдат на власт христијански фундаменталисти, исто ќе не' убиваат за се' и сешто.
Муслиманите се исти кај и да одат. Тие се, нема други. Меѓутоа околностите во кои се наоѓаат се различни и тоа не може никој да го оспорува. Не знам зошто се правите на Тошо,збореме конкретно за хиџабот, за тоа е темата нели. Не збореме за какви луѓе постојат.Религијата им налага, законот во тие држави им налага да одат забулени. И ако не го почитуваат тоа може слободно да бидат убиени, без да одговара некој. Тоа воопшто не е во ред. И никој друг не е крив освен власта што тоа го дозволува.
,@WildMk, а знаеш мене што ме нервира? Што една дискусија не може да помине за ислам без да се потенцира дека и христијанството е подеднакво проблематично. Нема потреба. Знаеме. Никој не е исламофоб ако е против носење хиџаб. Нема потреба од дефокусирање.
Да ги клајме на власт тие со крстојте и петрахилите шо одат на контра-парада шо мислиш, шо ќе биди и овде? Се преценвате.
Како нема потреба? Темата е Хиџаб, вие и тукашните ги обвинивте за тоа што убиле жена во Иран. Сфаќате дека исто ги гледате сите Муслимани, или не? Полно е предрасуди на темава.
Што ќе биде? Еве не знам. Што се толку преценуваме исто не знам. Понекогаш пишуваш контра само за инат и си правиш филмови во главата
И тебе ќе те убијат оти си жена ако 'им згрешиш' нешто. Е то. Си прам јас филмој. Врие државава со религиозни фантатици, вам сите ви се криви, освен вие самите.
Сите муслимани не се исти, ама исламот е една религија за сите тие муслимани. Кој што од неа практикува, тоа е индивидуално. Ама религијата да, една е и иста за сите.
Ти не знаеш шо збореш. Гледам полно е со убиства овде оти накриво сме ги погледнале верниците мажи. Де дај соземи се и престани да трескаш глупости
@WildMk ќе добиеш бан од темава доколку продолжиш со офтопиците за христијанството. Темата не е тоа, не е ниту за споредби, ама ако беше што ќе беше. Држи се до тоа за што е отворена темата. И да не те бришам тука пак со оф топиците, за несогласувањето со овој мој пост и зошто сум во грешка, пиши ми порака.
Точно е дека не се сите муслимани исти и точно е и дека и христијанството е исто толку екстремистичка религија во својата суштина. Ама спомнувањето на тие работи во овој контекст е одвлекување на фокусот од проблемот за кој во моментот збориме. Ја цитираа затоа што нејзиното анегдотално искуство не е релевантно на темава. Како што спомна некој, исто е како да одиш на тема за брачни неверства и да кажеш не се сите мажи исти, мене мојот не ме изневерува. Нема логика нели? Инаку да, христијани што критикуваат муслимани се хипокрити ама тоа е скроз друга тема и не треба тука да се збори за тоа.
Само не ги клавајте сите во ист кош и не ги напаѓајте тие што коментираат на форумов, за нешто што се случило во Иран. то е се'.
Бидејќи екстремизмот во коренот на двете религии е ист. Со тоа што верниците (особено христијаните) станале полиберални со тек времето и иако се поистоветуваат со својата религија не се држат целосно. Кога би се држеле целосно, би биле исти.