Ова ми е чиста глупост. Од мојата генерација се издвоија само 2 , што носеа штикли и што сеа се едни од тие што цел град ги изврте , демек големите тие 8мо завршиле..
Ние тука даваме наши мислења и наши ставови, затоа што вие самите прашавте, а дали штикли или балетанки ќе носите тоа е ваш избор.
Дефинитивно НЕ! Незнам како ќе ме сфатите,можеби многу старомодно.Али јас за полуматура никад не би облекла штикили.Облечете нешто ниско нешто пригодно за ваши години.Не ќе се праите теткици на 14 години,а + тоа нозете цела ноќ ќе ве болат ќе неможете раат да си поиграте.
Според мене нема ништо лошо на полуматура да се носат штикли, но доколку можеш да стоиш на нив и да се движиш. И да не бидат премногу високи. Иако може да изгледа теткински, ако добро се искомбинира може да биде бомбонче. Мислам дека, 14 години се оние кога треба да биде првата штикла од 7, 8 или 9цм доколку пред тоа си носела пониско. Подобро на полуматура со средна висина отколку на 17-18 директно на 14-16 и да ги влече нозете. Јас така најдобро се привикнав. Сепак се е до размилсувањата и ставовите на полуматурантките и нивните родители.
ц,ц,ц леле и јас се изначудив. Па после педофилија постоело незнам што. Па како нема да постои... женишта... на 13-14 години. Јас за полуматура носев патики и најбоље си поминав!
Јас сум сега полуматурантка и кје носам штикли.. Ама повеке се како на плута, и не вакви волку високи. Навистина немам ништо против, секој си има свое мислење, ама ова стварно не личи за девојчињава.
Што не се соодветни штиклите за полуматура - не се. Ова можеби посубјективно е, со оглед на тоа што не сакам штикли јас многу, поготово не на моиве 15-16 години. За мојата полуматура јас носев ниски сандалки да ги наречам, а имаше и некои со високи штикли, други со пониски и трети со полна пета. Е на тие што носеа високи штикли им се имам смеено до немајкаде, не можеа едно оро да изиграат. Џабе да си дотерана со минич и 12ка штикли кога не можеш да си поминиш убаво. Затоа купете си некое фустанче кое не е свечено. Ем што многу свечено фустанче нема да одговара на пригодата, ама и ќе ви остане во плакарот. Купете си некое што ви одговара на стилот и не ве прави да изгледате како 20 годишна жена, за да можете и летово да го изнаносите. Ако толку сакате да носите штикли, земете некои ниски или пак некои на полна пета. Оставете ги повисоките за матурата, кога ќе е веќе пристојно и соодветно да ги носите истите.
Јас ќе носам полна пета. И да си кажам, не се баш од оние најниските, си имаат висина. Ама имаат и платформа, така да многу ми се згодни. И убави! И ругајте ме, ама и фустанот не е баш најобичен. И ајде, плукајте сега, шо друго да ви кажам.
зедов 12ка бидејки немаше број од помалите штикли за мене :/ се беше истрошено и така зедов со дебела штикла, 12ка ама лесно се оди и ке си земам плус и балетанки..
Па незнам бе ... Ја би носела на полна пета инаку тие другите ептен ми се теткински ..... Сепак не треба да се претерува ......
јас би ти рекла не затоа што не е пригодно на 14 години посебно не за полуматура да се носат штикли.. има и матурантки кои не ставиле штикли, а изгледаат многу поубаво од некои со штикли кои изгледаат ужасно и кич Едноставно мислам дека не е убаво да носиш за полуматура
Да, на полуматура носев штиклишта од 14цм со платформа, и сеа можете слободно да ме тепате. Јас би да се носи, но со усул. Ако немаш памет у глава, и да дојдеш во најниските чевли не ти врши работа. Тоа не е мерило за зрелост. Што се однесува до мене, јас си сакав јас си ги носев. Цела генерација беше во штикли така да..
Јас немам ништо против , јас сум опседната со високи штикли фетиш ми се, и знам колку голем мерак имаат да носат , така да незнам зашто толку полемики кој што сака нека си носи...
Кога беше мојата полуматура сите девојчината носевме штикли, нема да погрешите ако носите штикли на полуматура
Fala vi na site na bratucetaka mi i e utre polumatura i epten E vozbudena Ona resila da nosi 12 stikla samo za da se slika i posle toa odma baletanki da si oblekla! Dali mislite deka dobro ke napravi? A ja uporno ja ubeduvam da si nosi samo baletanki
Јас сум за тоа-кој што сака нека си носи. Е сега,секако не е баш убаво девојче од 14/15 години штикли 12-ка. Не личи тоа. од 5 до 7 сц е океј.Или најубаво со полна пета. Ако родителите им дозволуваат тогаш е во ред.