Зошто да прави дупли трошоци на родителите ?!?! Нека го купи тоа што ќе го носи. Спојлер Кој што сака нека носи ама мене ми е невкусно да девојче-полуматурант носи високи штикли. Има бре време да пораснете останете си млади, утре ќе плачете да дојдете на тие години.
Крајно глупаво ми изгледа полуматурантка со штикли. Иако сега се е извештачено и кога полуматурантка би застанала до апсолвентка, првата би изгледала повозрасно. Драги осмооделенки, се гледа дека телото ви е сеуште во развој, цицињата не ви израснале уште како штотреба, а вие трчате да протнете нога во штикла што изгледа погломазно од вашиот бут. Сите во генерација носеле, вие сте сакале... Не,не и не ми е сфатливо ова. Само пред се најкриви се родителите кои дозволуваат така.
Утрово во школото имаше трубачи, ајде. Леле кога ги видов какви биле престо се запрепастив, додуша они нели најголеми ни беа па зимоска во чизми на штиклаа доаѓаа. Ама мани друго неможат да одат, едни девојчиња се високи ептен (не дека јас сум ниска) и опнале штикла 15, шо не личе не личе нили.
И мене ми е несфатливо ова! Се уште не пораснале, а се стрчале да облечат штикли. Има време и за се, ќе им се здосади и од штикли, па после ќе бараат балетанчиња да носат, ама касно ќе бидит. Сепак, ако родителите немаат влијание врз нив, тогаш ние ништо нема да направиме, џабе вака си зборуваме. Ама што не личи, не личи. А сте се запрашале дали знаат да одат на нив, или имаат искуство од порано, аа? Ајде да речиш малечка штикла колку од мерак, ама 10, 12 или 14ки на полуматура? Ќе речиш ниски се, па и за тоа има решение. Има сандали, чевли на полна пета за да завршат работа, или пак ако некој е толку искомплексиран за висината нека не иде на полуматура, нека се прифати таков каков што е, па има време и за растње, не е крај на светот, има време.... И јас за неколку години сум полуматурантка, океј рано е, има 3 години заедно со се оваа, се си мислам ќе си носам балетанчиња, сандалчиња, или некои чевли на полна пета или не, поарно да не се брзам, кизнајт што ќе измислат дотогаш .
За носење штикли за полуматура јас искрено сум за НЕ. Веќе ако девојчето е ниско или ако и е веќе мерак нека носи, али деновиве се изнагледав девојчиња што прв пат одеа на штикли и во секој момент очекуваш да паднат воопшто не знаеа да одат на штикли. Ако веќе си се одлучила за штикли треба да знаеш и да одиш на нив, не само носи.
Никако , на ништо не личат. Друго е кога ќе видиш девојче на 14 години со балетанки , а онака неможеш да направиш разлика помеѓу наставник и ученик. До кај 6цм. може да пројде, ама онака ..
Па што ако носеле сите во генерација.. пфф.. И кај мене носеа сите(т.е. повекето) па јас сепак си облеков балетанки И што ако облекле штикли.. незнам дали помина пола саат па сите ги извадија балетанките и се пресоблекоа. Кај можат бре 14годишни девојчиња цела вечер на штикла да издржат, не ме зафркавај.. Али сепак, пораснале женските, големи биле и плус во мода да се па ај штикли..ц.ц.ц
Јас си носев штикли на полуматура, 11 ипол ми беа, и платформа накај 3-4. На полна пета беа. Цела вечер со нив издржав 4 саати, и плус саат време - 5, без никаков проблем. И јас викав до пред 3-4 месеци дека нема штикли високи, ова она, ама 99 % од генерација со штикли беа (4-5 девојчиња дали имаше по балетанки, а голема генерација сме накај 200 души вкупно). Шта ќеш. :geek:
Кај мене оваа година немаше девојче што не носеше штикла за полуматура.И тоа едни штикли-18-ка Ај да кажеш некоја ниска штикла,ама не им личи бре.Па уште со едни фризури и шминка ко за тетка Спојлер Е баш вакви носеа,само што малце повисоки беа А башка што не издржаа ни пола саат,одма во балетанки се пресоблекоа.Па сепак се 14 годишни девојчиња бре,кај можат они на толкава штикла цел ден??Јас не планирам да носам штикли на полуматура,иако сите другарки од од.. какви ланови праат Вакви штикли,онакви... Јас сум и висока,па со штикли уште...до небо
Do godina sum polimaturantka I seuste neznam Dali. Da Nosam stikli ili baletanki no nosenjeto stikli ima problemi ako nosis Mali ke zborat be bile Toa stikli a pa so golemi ke mozes li da odis?? Mene Kaj nosenjeto stikli mi smeta so se pravat demek ke izdrzat I posle 30 min se soblakaat I ke mora da nosis baletanki vo kesa I celiot doteran ke dojdes I so kesa baletanki ili koga ke gi soblecat gadnite smrdlivi noze I setaat bosi u restoranot prosto da povratis.PROBLEMOT NE E NOSENJETO STIKLI TUKU DA IZDRZIS SO NIV!?!?!?!?!?!?!?! izvinnete so e latinica
Мене ова ми е несфатливо. На 14 години штикли Полна пета ајде некако може да помине, ама штикли Па има цел живот да носиш колку сакаш. Покрај толку убави модели на балетанки, римјанки, старки се одлучуваат за штикли. Јас догодина сум полуматурантка и не се замарам. Сум завршила 8одд, чудо големо.
Значи, не можеш никому да кажеш што да носи, па згора и чудо големо..Ма немој бре.... Да, н некои не им личи ама ако некоја е згона и висока, паметна и убава, има желба да носи и знае да ги носи со стил и став, зошто да не? До лани и јас викав дека не сакам штикли туку патики и ништо друго ама сега н мислев така. Јас сега бев полуматурантка и во диско и на свечена вечер носев штикли 15ка, едни крем боја а едни црни и ни нога ме болеше, ни ништо, во диско ги носев црните, со мини ептен кратка сукничка и корсет со цветови и прстен со цвет голем и одозгора сако црно, косата пеглана а свечена вечер бело фустанче, крем сако во мноооогу впеатлива боја и крем штикли, добар часовник оние к злато боја од би-воч и прстен со крем камен... Во диско прв бев и не осетив болка затоа што знаев да одам на штикли! И доста о тоа дека не се доволно големи, ако се спемни и ако знаат да носат ако ама ако клемпаат кпо некои
Јас на никој не му кажам што да носи, зборувам лично за мене. Мене ми е невкусно 14 годишно девојче да носи штикли, па ако сака и нека е најпаметниот човек на планетата. За 8одд. што ќе завршам па да чудо големо, прво средното училиште е задолжително, второ реално во денешно време луѓе со факултет не можат да најдат работа, а не пак со основно образование.
Искрено нема да издржите ни 1 сат на висока штикла, ви гарантирам, ретко некој... Јас кога бев полуматурантка носев со полна пета сандали со ремчиња напред, па супер ми беше, сите што носеа штикли се слекоа па цела вечер боси ... А вие како сакате, пак на крај ќе се уверите во она што повеќето ви го кажале дека не е добро да носите штикли
Се сложувам со погорните мислења. Штикла не доаѓа во обѕир. Ако не сакате балетанки повеќе сум за нешто вака: Или на вакво малечко штикле
Многу ме интересира што кога на 14 години ќе опнат штикли. Мислам, поженствено се осеќаат, нешто поубави се така? Стварно не сфаќам. Имате безброј слатки обувки, разно разни чевлички, прекрасни работи со кои може да ги замените тие толкави копита шо ги носите.
За полуматура носев штикли високи 10цм и цела вечер не ги соблеков ми беа многу удобни така да кој сака за полумаура да облече штикли нека облече.
Јас да имам дете на 13-14 год и да ми рече штикли да носи ќе го згазам! Прво рбетот не е дооформен за таков напор , ко второ деца сте не ви бегаат штиклите цел живот ќе бидете возрасни и ќе ги носите , ко трето големото школо што сте го завршиле , да ми речете докторат , магистерски нешто па да се прослави убаво , а не основно , бре само што сте се описмениле што се вика. Патем ако другите ќе се бесат ќе се бесите и вие? Така ви е и ова со штиклата цела генерација ќе носи , па што ако носи , еднаш си дете цел живот си возрасен
Добро друго е да носиш штиклички до 5-6цм ама штикла од 15цм ...???Мислам ХЕЛОУ...Уште толку мали толкави штиклишта шо ќе праите коа ќе пораснете..Јас мислам дека ич не е природно..