И јас кога бев полуматурантка речиси 85% од мојата генерација носеа штикли.И јас сакав,бидејќи ми беше глупоаво да се издвојувам од толпата но на крај се убедив и си купив сандалки со многу малечка штикла,колку само звук да има. Носете си пупиња.
Искрено мене ми е во план да носам балетанки мислам дека сеуште не ни е возраста за штикли и такви работи
Мене да ме тераат,ја штикли за полуматура не би облекла никад.Прво,што незнам ни да стојам на штикли па на првиот чекор,ке си се поздравам со подот.Второ,што не прифатливо ми е со 14 години штикли да облечам,како 35 годишна тетка,иако некои мои другарки и за искачање си носат-боже сачувај...
Не ми се верува дека и ваква тема сте направиле. Зошто ви требаат мислења од други за тоа дали се да се носат штикли за полуматура. Па и на крај краева ти ако не сакаш кој може да те натера со сила. А и се зависи од околината во која се наоѓаш. Како што напиша една членка погоре не и било убаво да издвојува. Дај да го згрееме столчетo дома да фатиме оценки за средно, а штиклите се најмал проблем. И морав да се изјаснам зашто ми се смачи да читам глупости озбилно.
Јас носев балетанки,и мислам дека секое девојче кое слави полуматура треба да носи балетанки безразлика на што комбинација облека и накит ќе носи. Половина од мојата генерација носеа штикли и на крајот ги фрлаа сите настрана. Препорака:балетанки и нема да погрешите.
Jас носев штикли на полуматура. Ги платив 1000 денари и ги облеков само еднаш тогаш на полуматураа и никогаш повеќе ете ги сега стојат во кутијата. Сакав балетанки да носам ама никако неможев да си најдам според фустанчето затоа морав штикли. Инаку не сум навикната во штикли и не обожавам баш најубаво ми е во патики. Инаку за полуматура според мене најдобро е некое фустанче кое немора да биде којзнае што со балетанки или сандали пуштена коса или навиткана и малку шминка. Тоа е тоа. За да личи на девојче од 14/15 години а не да се чудиш матуранки ли се или полуматуранки.
Носете дур сте млади Шала на страна, ако сакате да носите - слободно, ако не сакате никој нема да ви смее зошто сте на балетанки или сандали и не сфаќам зошто ви треба мислење од друг дали да носите или не, како ви е вас најубаво така. И јас носев штикли на полуматура, ама можев да одам и да издржам на нив цела вечер, една моја другарка носеше балетанки оти знеше дека неможе да оди на штикли, никој не не гледаше чудно, ниту пак ни се смееше. Едно друго девојче, не ја познавав многу, носеше штикли, ама беше човеколика верзија на пингвин, буквално, сите ја гледаа вака . Затоа ако не знаете не се брукајте, облечете си нешто ниско
Јас носев ниски штикли, на полна пета. Не планирав да носам штикли, порано многу беев загреана за штикли, а последниот месец планирав балетанки да носам. Не најдов балетанки кои ми одговараа со фустанот, а овие штикличките се многу слатки, не се нападни, како за теткици, туку баш како за наша возраст.
Е баш ме интересира, што се пупиња? Прв пат слушам, и самиов збор ми е смешен. Барем објасни ни ја разликата ете, не верувам некоја од овде дека знае. Туку сега си размислувам, што се чудам јас за штиклите и зашто мислам дека не личи, кога јас кога славев полуматура голем дел од девојчињата носеа штикли и памтам дека уште седмо (ако не и порано) почнаа на се само на девојчиња да не личат, со муабети за мување, дечковци, шминкање, излегување до касно, пиење, пушење..... Па штиклите за полуматура им биле проблем, пфф.
Gi razbiram site sto sakaat da nosat stikli za svjata polumataora no mislam deka najubava opcija ke ti bide za momentite koga ke se slikas da bides oblecena vo stikli a za vreme na zabavata bidi oblecena vo baletanki )
сппак НЕ!!!секако секој си има свој став и мислење, ама штикли за полуматура?! зошто со сила децава се прават возрасни не можам да ги разберам, има време кога ќе можат и штикли и долги фустани и не знам што не да облекуваат, сепак сеуште на тие години се деца и подобро и за изглед и за самите нив би било и да се однесуваат како такви. ете баш минатата недела сестрами правеа полуматура и стварно имаше доста девојчиња со штикли, и не доликува, одма подруга слика се формира и некако погрубо изгледа... зашто да не биде нешто балетанка или евентуално нешто на плута.... сепак сум против штикли за полуматура, а и онака премногу и за матури и за полуматури се ,,унакашуваат,, дечкиве, било да се машки или женски
А знаете како беше кај нас? Речиси сите девојчиња носеа штикли, а веднаш по сликањето облекоа балетанки. Секако, или не знаат да одат во нив, или им се големи. Но, јас носев црни штикли, 11 цм, со две каивчиња и не ги соблеков воопшто. Го носев до 02:00 по полноќ. Да, нозете ме болеа и ми беа отечени три дена, но останав верна на штиклата. Значи, ако веќе си ги купил, носи ги. Не само да те видат на слика дека си на штикла.
Ако знаете да ги носите, носете ги, а не после пола саат балетанки да облекувате. Постојат и штикли на полна пета, што според мене баш одговараат за полуматура. Удобни се, а сепак не сте на ниско. А не знам што толку се брзате со тие штикли. Јас до ден денес не ги засакав, ги носам само во ретки случаеви кога се неизбежни.
ЗА ПОЛУМАТУРА ШТИКЛИИ?? НЕ. СПОРЕД МЕНЕ НЕ! Значи има мноогу време додека да ,,пораснеш''. Ќе носиш носиш има да се изнаносиш.Уживај додека си дете..Но сепак секој со своето мислење!
Немав видено погрда слика од сликата кога на полуматура видов девојчиња недоразвиени како носат потпетиции од 12 цм. Ужасно навистина. Не ме згрози фактот што носат потпетици туку фактот како изгледаа додека ги носат. 90% од нив облекле штикли прв пат на своја полуматура и едвај одеа. Не сакав да им бидам под кожа ама баш ич.
се согласувам да носиш штикли ако знаеш да одиш на нив и ако имаш желба..многу грдо изгледа од страна да носиш штикли а да незнаеш да одиш ....
Секој има право на свој избор! Јас ДА,иако не носев .Има ниски девојчиња,и кога ќе облечат некое фустанче, ќе излезат многу пониски.Па сакаат да изгледаат повисоки,затоа велам ДА!И демек ќе им се скрати детсвото,ако стават штикла еден ден од нивниот живот !? А бе,нема! АКО САКАТЕ ДА СИ НОСИТЕ ШТИКЛИ,СЛОБОДНО!ЕДНАШ ЖИВЕЕТЕ!АКО 1 ДЕН НОСИТЕ ШТИКЛА НА 13-14-15 год НЕМА ДА ВИ СЕ СКРАТИ ДЕТСВОТО! Кај нас на полматура немаше чупе на штикла .Чудо,се случи!Тоа беше 8мото светско чудо!Притоа бевме едниственi полматуранти во гадот(по училишта гледано) кои не носеа,чупињата штикли.А можеби и во целата наша Македонија.