1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Носење штикли за полуматура

Дискусија во 'Мода и стил' започната од MarijaaaaaaaM, 31 мај 2012.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Во ред, ќе сфатеа и без толкави букви. :D Еднаш се живее - луѓе, носете штикли! :rofl:

    И да, не ми кажа што се пупиња??
     
    На Someonespecial и SimonaTino им се допаѓа ова.
  2. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    ^ Oние вие што ги нарекувате балетанки.Пупиња се уркасни слични се како и балетанките.Но се по свечени.А балетанките се едноставни и нив ги носат балерините.
    И пипињата се измеѓу чевлички и балетанки. :)
    Еве сликовито
    Балетанки
    [​IMG]
    Пупиња-така нешто измеѓу чевлички и балетанки.
    [​IMG]
     
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Е сеа, пупиња. Пупиња викаше мојот школски од Гевгелија за кифлички, па сеа ти види кој е правиот термин. Наликуваат на балетанки, затоа балетанки ги викаат. Рамни чевлички, ниски чевлички, чевличиња, не знам, ама пупиња бе. Добро, ај можда вие таму така си ги викате, ама ниту тоа не е правилниот термин.
     
  4. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    ^ Пупе-значи мала чевличка :)
     
  5. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    3.666
    НЕ! Смешно ми е кога ќе ги видам на 14 години на штикли се качиле, а им изгледаат поголеми од телото :puke:
     
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Па добро бе Цвете,гледаш дека цел форум вика БАЛЕТАНКИ,и ти пак си тераш со тие твои пупиња.Толку ли ти е тешко да пишеш балетанки? Милион пати,многу различни форумџики те прашале што значи тоа,значи си нејасна.
     
    На BabyyBoo и Lovely93 им се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Ептен е грешка. На Битолски дијалект се пупиња, на литературно се балетанки. А тие што таа ги нарекува балетанки се всушност балетски патики. :)
     
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Да, оние кои ги користат за навистина играње балет, врска си немаат со оние сите што си ги викаме балетанки и си ги носиме низ град. :D
     
  9. DramaQueen1

    DramaQueen1 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    156
    Јас оваа година бев полуматурантка и носев на пуна пета. Цела генерација беа на штикли, освен некои 2-3 девојчиња кои беа на балетанки и на стартки.
     
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Фала ти Цвете сликовито што објасни. |-) :emo: :x
    Добро побогу.Па престанете со зборовиве што ги пишувате на дијалект.Во никоја продавница каде што сум влегла,не сум слушнала за пупиња.Секаде се познати како балетанки и сите така ги викаме.И не е тешко да напишеш балетанки,сите ќе те разбериме на што мислиш.А вака за пупиња милион прашалници ќе ти се вртат низ главата.
     
  11. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Ако не ги болат нозете и им се згодни штиклите нека носат. Исто така убаво е да носеле и претходно бидејќи дури да им го земеш редот и правилно да научиш да одиш и да можеш да играш пајдушко и ситно оро треба прилично вежбање.
    Ете некои мои другарки годинава беа апсолвентки па си зедоа балетанки со нив бидејќи и покрај големото искуство со штикли сепак не беа сигурни дека би можеле цела вечер да ја поминат на штикли.

    И јас го направив истото за матура штикли и балетанки. Штиклите ги носев колку за сликање и влегување, кога се загреа атмосферата играње, лудување, скокање, пеење си ги облеков балетанките. Верувам дека истото ќе го направам и за апсолвентската и здравје Боже и за свадбата.

    За полуматура не ми ни падна на памет да купам штикли, девојчињата од моја генерација и моите другарки не брзавме да порасниме(сите некаде 2-3 година средно почнавме да носиме штикли откако се измашавме и почнавме да се дружиме со девојчиња од други училишта), па ретки беа тие што носеа со полна пета или на платформа сандали. Си купив прекрасни свечени ниски сандали кои беа многу елегантни и се врзуваа околу зглобовите кои си ги носев наредните 3 години, многу скапи и многу квалитетни сандали.

    ПС. Не го напаѓајте девојчето, сепак сте среќни што се работи за битолски дијалект, а не некој од источните одете па разберете ги. И јас зборував на дијалект дури не почнав на факултет сите се трудеа да зборуваат литературно па и јас се научив. Ќе се научи со текот на времето и таа. И нема никаква штета ако научиме некој нов збор од друг дијалект. Колку смешни зборови сум се изнаслушала од другите дијалекти кои сега веќе и по градови ги распознавам, ама тие се дел од народното богатство треба да ги негуваме максимално.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Искрено не можам да разберам како овие деца имаат огромна желба да носат штикли. Прво нека го усовршат одењето, а друга работа е тоа што не им доликува, им даваат изглед на теткици. Зошто да не облечете нешто комфорно? Би се чувствувале убаво, а би изгледале уште поубаво.
     
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.154
    Допаѓања:
    27.248
    Следната година ќе имам полуматурска но ќе носам некои балетанки.Сакам да носам штикли ама не премногу ниски ни премногу високи да бидат соодветни на нашата возраст.
     
  14. Taccka

    Taccka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    За две години ќе имам ќерка полуматурантка и не сакам да носи штикли. Не ми е нормално тоа. Девојчињата на таа возраст толку убаво изгледаат со убави балетанчиња, па дури и со старки може да се направи многу штосна комбинација. Не сте свесни, но на 14 години сте се' уште деца и сами по себе убаво изгледате без потреба од премногу шминка, фризура и облека несоодветна за возраста.
    Бидете попрактични во изборот на гардеробата, вечерта треба да бидете опуштени, да бидете свои...
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. davidof

    davidof Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    12
    Годинава кај нас имаше полуматурантки во штикли и фустани накитени, воопшто не се разликуваа од матурантките.
    Не ми изгледа убаво девојче од 14 години на полуматура да носи штикли. Послатко е кога ќе го видиш во балетанки или старки. :)
     
    На Lovely93 и Lavander им се допаѓа ова.
  16. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Еве еден твит верувам е инспириран од некоја ваква тема
    [​IMG]
     
  17. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    За мојата полуматура носев едно кремасто-бело фустанче и кремасти балетанки со малку златно кај машничката. Најголема сум во мојата генерација, висока сум 172см па не носев штикли. Не дека не знам да одам на нив, едноставно не е прикладно иако за полуматурата имав 15 години и скоро 4 месеци.
     
  18. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Јас оваа година бев полуматурантка и не носев штикли. Ниска сум, но бев во балетанки.
    Според мене е сеуште рано за штикли. А, повеќето што носеа штикли, ги соблекоа и си облекоа балетанки.
     
  19. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.378
    Допаѓања:
    2.650
    Јас за мојата полуматура носев штикли 10ка и да ви кажам многу се покајав.Едвај стигнав од моја зграда до автобуска а кога стигнавме во дискотеката веќе ме болеа нозете,трпев малце па после си облеков балетанки :D Значи сега да сум полуматурантка не би облекла штикли,како прво не е возраста прикладна,како второ имаме цел живот пред нас за носење штикли.После полуматурата штикли облеков дури во втора година а и сега ретко носам,многу поубаво ми е кога сум во балетанки или патики :D
     
  20. fashion.girl.13

    fashion.girl.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    и јас за полуматура носев балетанки..мислам дека ќе изгледав многу како тетка ако носев штикли...од наша генерација немаше многу што носеа штикли а и тие што носеа само што стигнавме ги соблекоа