Дедо ми само рече, после паѓањето на берлинскиот ѕид : Отиде Југославија! И беше во право. Иако со мало школо но сепак со големо искуство и знаење предвиде се што се случи во проклетата '91. Таа година ние бевме последната генерација која имаше екскурзија низ Југославија. Се чувствуваше дека нешто не е во ред...Ние деца, убаво ни беше, видовме убавини...се чувствувавме безбедни, ама наставниците веќе го чувствуваа она што следеше. Верувате бевме во Дубровник и во една златара деца ко деца разгледувавме и не прашуваат: Одакле сте? Ние Македонија...А тие: па ви сте Бугари.Од тогаш Хрватска и хрватите не можев да ги мирисам. И откако се вративме за кратко веќе почна војната. Инаку најубавиот режим признал некој или не. Кога сите беа мирни, сите задоволни, сите финансиски стабилни...сите слободни, нашетани...Сите бевме едно. Сите се дружевме...Се сеќавам излезе мојата адреса во Микијевиот алманах, кога почнаа секој ден од секоја југословенска република да стигаат по 20-30 писма на ден.Поштарот се чудеше што е ова?! Мислиш некоја позната светска фаца сум од толку писма што ми стигаа на домашна адреса. Се допишував, само најмногу ми остана блискоста со две, три девојчиња посебно со една од Босна, Сараево. Толку ми е криво и ден денес што не успеавме да се видиме, а требаше. Сите не радуваа духовните вредности она кое најмногу се ценеше, а не како денес само материјалното. Затоа ги жалам поновиве генерации. Живеат во духот на материјализмот, а не во духот на социјализацијата, помагањето, несебичноста, љубовта во буквална смисла и сл. Да не зборувам за тоа колку сме се чувствувале сигурни, безбедни. Како што сите кажувате вратите отклучени, надвор до ниедно време со другарите, шетање насекаде без проблеми итн. Тито беше поим за вистински и праведен државник. Сите светски лидери го почитуваа и му се восхитуваа, а најважно големите сили имаа стравопочит кон него. Само тој успеваше преку црвениот телефон да ги смири страстите помеѓу Русија и Америка. Со југословенскиот пасош се одело до крај на свет и назад. За Југославија знаеле и знаат од Азија до Америка, од Австралија до Јапонија, Кина ... Африка. Да беше се уште онаа наша Југа ќе бевме во првите три најјаки светски сили! Ама на некој не му одговараше ова па реши да ја расцепи на ситни делчиња, со тоа и нашите срца на најситни. Кој знае можеби некогаш за неколку десетици,стотини години ако се уште постои Земјава повторно ќе се роди уште една Југославија.
Денес е 25ти-Мај ден на младоста Титовиот роденден, денес се носеше штафетата низ цела Југославија.Во сите училишта се спремаа манифестации се рецитираше,пееше се играше сплетот на Југославија.Секаде се вееше југословенското знаме и се честиташе роденденот на другарот Тито. Убави времиња кој жалам што повеке не постојат. Срекен роденден другар Тито.
Ви текнува ли титови пионер(к)и како денешниов ден се прославуваше кога бевме деца? Немаше поголем празник од денешниов, а јас посакував да се случи нешто, да се смени, зошто е*ате празникот што се слави во ноември, мојот најнесакан месец! И се случи, празникот се помести во септември! Се сеќавам на денот кога дававме пионерска заклетва. Не знам што ден беше, знам само дека не беше почеток на година, веројатно ден пред денешниот празник, 1986 година . Јас во салата за физичко, облечена со карирана суќњичка на бело, крем и кафено, со бело кошулче, црвена марама и капа со петокрака! Наредбата беше децата да се облечат надоле во сино (се разбира, женските сукњи, машките фармерки), нагоре во бели кошули. Од за мене необјасниви причини, мајка ми ме облече во веќе споменатата сукњичка, и некое блузиче - бело или крем, треба да видам по фотографиите. Отсекогаш имаше нешто бунтовно во таа жена Застаната, со кнедла во грло, спремна да ја изрецитирам заклетвата, зошто дете од 6 години баш и не знае што е заклетва - нешто слично на песничка, ама без рима. Ама знаев дека е нешто големо и важно!Ау, каква трема беше тоа! Една од првите работи што се учеа во школо е дека републиката е создадена во Јајце! Друг проблем за 6-годишно дете, како побогу може толкава држава да се создаде во едно јајце??? Ова само се надоврза на дилемата која претходно ја имав - како го прават јајцето во фабрика, како му ги ставаат внатре белката и жолчката, а не се познава никаде дека е лепено! Пошто нели, се' се прави во фабрика. Веројатно многу од тие што растеле во Југославија се уште чувствуваат почит кон химната. Јас се ежам кога ќе ја слушнам, а особено се моќни последните два стиха: „Проклет био издајица своје домовине!“. Вечна вистина. Поздрав до сите пионерки и пионери! http://www.youtube.com/watch?v=_in4ysLpVLY
... ........имав среќа да сум дел од тоа минато.... .. ..беше преубаво....сите беа среќни и задоволни....работа имаше за сите,плати редовни,рзлики,к-15,одмори,и директор и обичен работник можеше да заработи и да створи..... ...јас сум дете на двајца работници...мајка продавачка а татко механичар во државна фирма беа и двата....не бев скратена од ништо,одевме по одмори,зимувања,моите уплатија два стана,купија викендица,повеќето на кредити ама имаа редовни плати така да можеа да си испланираат се.... ...секогаш бев преубаво облечена,народот беше среќен посебно на денот на младоста,имавме штафета која се носеше од рака во рака низ целата држава,имавме пионери,со црвени марами околу врат,лелелел колкава гордост за нашите родители,работни акции,самиот народ си ја изгради државата,пругите,мостовите,зградите,фабриките,едноставно имаше мир и спокој,кај и да сакаш да патуваш,дали со воз или бус,немаше страв,ако требаше да се преспие на паркинг,немаше проблем,кражбите беа многу ретки,секој имаше и беше задоволен....штета што некои умови болни ја распаднаа Југославија,ама откако сме посебно сите сме во тешка економска ситуација,народот кај и да се сретниме било да си македонец,србин,хрват,словен или црногорец,сепакс е поздравуваме како земјаци,уште викаме наше море за Jадранското,во повеќето од нас тлее желбата и мечтата за старата Jугославија и тоа со голема причина.. ..
За жал сум родена по осамостојувањето на Македонија, па не сум ја почувствувала убавината на Југославија, како што мајка ми вели. Но, бидејќи историјата ми била секогаш омилена наука, од мала се интересирав за тогашниот режим и начин на живот. Дедо ми посебно обожаваше да збори и секогаш ми раскажуваше, бидејќи беше роден уште во 1914 година и бил воено лице во Втората Светска Војна, беше многу поврзан со Југославија, и посебно Тито, кој му беше херој. Знам се за економскиот раст, отварањето на голем број фабрики, придонесување секој да може да работи и да живее достојно, дури и многу побогато од останатите социјалистички држави, па дури и да е обичен работник, можноста за патување на секој, и сите останати придобивки по кои и ден денес мајка ми се присеќа и е носталгична. Денес спремам испит буквално за Македонија под Југославија, и можам да ја разберам целата таа носталгија и еуфорија која што ја чувствуваат постарите генерации кога се работи за Југославија..
Многу работи се случија...Желбата за доминација на една нација беше пресудна Едни сакаа да „зграпчат“ се, други исто така, трети искористија... Убаво беше додека беше жив Тито, но не беше баш идеално Само ке кажам...Цензурата беше главна за се да изгледа „розево“ Родена сум во СФРЈ... Детството и тинеџерските години ми поминаа во времето на СФРЈ... Дел од младоста исто така ги проживеав во СФРЈ... Се после тоа ми помина во транзиција Но, не се жалам, животот оди понатаму... ПС Не сум југо-носталгичарка... Го живеам моментот, а минатото е само минато
Секое време има убави и лоши работи. Тогаш станувале во 5 за леб и млеко, сега стануваат во 5 за митинг, инаку нема работа, нема леб.... и така... Ниту тогаш беше сјајно, ниту сега. Ќе се најде некој и оваа диктатура доскорешна ќе ја велича низ историјата.
Повозрасните велат дека многу поубаво се живеело тогаш, но јас мислам дека секое време, државно-политичко уредување и политички систем си има свои предности и аномалии, па така и социјализмот, но и денешното уредување, повеќепартиски политички систем, парламентарна демократија и пазарна економија. Тогаш имало поголема стапка на вработеност, речиси сите граѓани заработувале, но немало луксуз ко денес, имало средна класа, која добро живеела, од плата се враќале кредити за стан или куќа, но многу поповолни од денес, се граделе куќи, се издржувале семејства и се’ се постигнувало, за разлика од денес, кога средна класа речиси и да не постои, а се’ посилно се изразени класните разлики, сиромаштијата и високата класа (елитата).
Oд сите иритантни boomers (во душа, не мора да се баш во таа рамка на возраст), меѓу најиритантните се југоносталгичарите. Оние па од нашите генерации што не го ни доживеале тоа време, а жалат по него според прикаски, не се ни за коментар.