1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Носталгија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од obicna, 13 јули 2010.

  1. obicna

    obicna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Колку сме носталгични доколку живееме некаде во странство?? ;(
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Јас треба да одам Германија на две недели следниот месец и уште од сега ме фаќа носталгија за домашните, за Македонијава, за другарките. А па како би ми било ако треба да живеам таму. ;( Ама мислам дека со тек на време се навикнуваш и на новата средина и на новите луѓе,Ама ако си емоционален како мене, треба да си се навикниш да бидеш носталгичен секој ден. Слушаш некоја песна, ти се навраќаат спомени, се слушаш со твоите домашни кои ќе споделат некоја радосна вест(а богами и тажна :tmi: )па не си со нив во тие моменти.
     
    На fashionista98 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Многупати знае да ме фати носталгија, така кога размислувам... За многу работи: за детството кога бев безгрижна, за лудориите кои ги правевме ние другарките, бидејќи сега сите испофаќавме дечковци и ретко кога сите да се собереме и да излеземе заедно.
    Ме фаќа носталгија за класот мој најсакан од средно училиште, а еве неполни два месеца како не сме заедно. Носталгична сум многу и знам колку многу работи ќе ми фалат од октомври кога ќе се преселам во Скопје :(
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aries90

    Aries90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    А што да кажам јас што живеам во Германија сама веќе една година? :( Ме убива носталгија ;( ;( ;( ама тоа е, мора да се справува човек и со такви ситуации...Се осамостојуваш побрзо, една од добрите страни на живеењето сам далеку од твојата земја и сите сакани.
     
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Зависно од приврзаноста кон местото е голема носталгијата. Меѓутоа таа повторно ќе се јави и после враќањето дома, по она другото место.

    Не знам како ќе се справам летово со Фиренца.
    Ќе го нема Скопје, мама и тато, ниту моите пријатели, станот и така натаму...
     
  6. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Јас бргу се приврзувам кон одредени нешта, луѓе и места.

    Така што и многу сум носталгична.
    Кога и да патувам некаде, кога сум таму ми недостига домот и пријателите. Кога сум овде ми недостига местото каде што сум била.
    Ама сепак постојат и такви моменти, сепак се пребродува и тоа некако :lol:
     
  7. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    мој најголем непријател ми е носталгијата .......мразам промени и тешко се адаптирам на нив
     
  8. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Носталгичар сум и јас.На денешен ден пред две години имав убаво поминато време.Сега се вракам на денот,времето,спомените се беше толку убаво.Минатата година бев во Црна гора на места кој прв пат ги видов сисе присетивам убаво беше.Ме фака некоја носталгија за минатото сакам да сум во малото гратче мегу лугето кој ги сакам.
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Убаво ви било кога би се преместила темава во Психологија, типична како за таму е, а и не е дупла ;)
    Инаку носталгична сум, не би можела да живеам надвор од Скопје, само на одреден период можам да сум негде на друго место, ама зависи и со кој. Сама да сум, нема да можам. А да сум со некој што го сакам дали родител, сестра или дечко би можела, ама ако одам со еден од нив ќе ми фалат и другите и фактички пак нема да можам. На одмор кога одев со моите ме фаќаше носталгија за дома, ама тоа дека бев со нив и досада ме фаќаше од време на време, ми фалеа луѓето тука, интернетот, телевизорот, нечистиот воздух тука..се` буквално ко ќе размислам подобро.
     
  10. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Илинден голем и убав македонски празник.Пишувам и ми навираат солзи.
    На овој празник додека дедо ми беше жив,а и после тоа редовно се собиравме кај него дома во куката и от тму сите заедно одевме на излет.Сите живеевме во различни градови и тоа ни беше традиција за тој празник да бидеме сите заедно.Секоја година по некој од братучедите ке фалеше ама поширокото семејство беше собрано.Кави убави излети имвме во гората со убава скара,изладено пиво од реката,шливка ракија издробени салати во пластични чинии и черги послани по тревата.Паметам колку се радувавме како деца на тие излети ,ретко се гледавме и тие средби ни значеа многу на нас децата а и на нашите родители.
    Убаво детство,убави спомени секавања што вечно ке ги паметам.Некој од нив не се ни меѓу живите и ми недостасуват многу.Секогаш завршувавме со песна и оро разделбите беа со солзи.Каде сте години поминати братучеди мои одамна не видени. Коцељево,Струмица,Скопје,Пехчево и Штип ке се собереме ли пак заедно???Носталгија ме фати душичката ми се разнежни,срцето растрепери,а очите полни со солзи.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Темава....
    за ова имам да кажам доста
    милиони пати сум му ветила на татко ми дека кога ќе отидам кај него помалку од 1 месец нема да седам
    ама... јебига кај 15-20 ден ме фаќа криза за дома, ме фаќа носталгија, и му кажувам отворено јас си одам дома у Македонија
    лел колку пати го имам изнервираноо ооо среќа што не смее да ме удри инаку... :rofl:
    Памтам пред две години баш за божиќот отидов и зимно време, нема море, нема сонце, нема компијутер абе умрев од досада, за дена спакував куферот и си тргнав...
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Носталгија најмногу ме фаќа за деството.
    Не сум била долго време отсутна од дома(освен на одмори и за време на расупст на поседоци)и не знам како е да те фати носталгија за дома, ама од есен и тоа ќе го искусам.
     
  13. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Многу сум носталгична за детството.... :( Ехх, се би дала да се вратат тие денови.
    Од дома не сум била подолго време отсутна, најмногу 15тина дена и толку :)
     
  14. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Безразлика дали сум надвор од државата или родниот град се чуствуваат носталгии
    но најмногу имам носталгија за детството за безгрижните моменти кога единствен проблем ми беше како да ги облечам барбиките
     
  15. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    ..за безгрижното детство исполнето со смеа,игра,другарства,радост на која и немаше крај..
     
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.006
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу носталгична, иако мислев дека не сум. И на кратко време да се одделам од дома, цело време мислам за дома и како сакам веднаш да се вратам
     
  17. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.305
    Пол:
    Женски
    Премногу сум носталгична не можам сама од Охрид да излезам ако некој не е со мене :x:x
     
  18. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    i jas angelce no eden den mozebi ke se odvikneme od nostalgijata
     
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Носталгична сум по детството и тинејџерските години,ме убива секоја помисла кога се сеќавам и посакувам да се вратам во тие периоди;(
    Носталгична сум одкако ќе се вратам од некое патување,и си евоцирам спомени и стартно посакувам да се вратам пак таму:rofl:
     
    На 2212 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1slavjanka

    1slavjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    503
    Пол:
    Женски
    Носталгична сум за некои луѓе
    За екипата од маало
    За класот
    Не се приврзувам многу за места.