1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нострифицирана диплома

Дискусија во 'Образование' започната од ribce27, 4 јануари 2012.

  1. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    zdravo devojki,me interesira dali nutrificirana diploma znaci da ti bide priznaena vo stranstvo?kolku sto sm slusnala takva diploma imaat studentite od Elektro fakultetot vo SK.me interesira dali nekoj ima vakva diploma i dali moze da se nutrificira diplomata i kolki cini seto toa?pozdrav
    [mod-kirilica:22amh2a3][/mod-kirilica:22amh2a3]
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    nutrificirana diploma

    Ау па тоа е како да ти кажам,диплома со висока хранлива вредност.



    Има логика,студентите од електро имаат поголема веројатност да направат пари за леб,него ли студентите од правен,економски и така натака...
     
    На Anah, thequeen95, Hkikica и 5 други им се допаѓа ова.
  3. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    nutrificirana diploma

    se izvinuvam nostrificirana diploma mislev :) no dali mozam da ja nostrificiram diplomata imam zavrseno osiguruvanje? za da mi ja priznaat vo stranstvo baram da ja nostrificiram.
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Обратно е.
    Нострифицирана диплома е диплома стекната во странство (може и диплома од основно, од средно од додипломски, постдипломски, докторски студии сеедно), која доколку сакаш да ти е признаена во матичната земја кај што си државјанин, во случајов Република Македонија, ја нострифицираш. Си има постапка за таа нострификација која посебни научни совети ја разгледуваат дипломата и одобруваат или одбиваат.

    Додека ако сакаш да одиш во странство, да конкурираш на некој универзитет, за некоја стипендија, за работа и сл. треба да ја преведеш дипломата на англиски и заверка на нотар евентуално ако се бара тоа.
    Не може да бараш нострификација во земја кај што не си државјанин. Ти само им ја преведуваш дипломата за да го увидат твоето образование. Може да ти бараат и дополнителни документи како индекс, уверенија, препораки кои мора да се преведат нормално.
     
  5. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    znaci jas sakam da konkuriram vo usa ali sega treba da baram tamu da mi ja priznaat diplomata no dali treba pred toa da naprava nesto so diplomata kaj nas sven da ja prevedam na angliski?toa me interesira zato prasav .
     
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    НЕ е обратно, кој и да го напиша тоа грешка е.. Значи МОРА да ја нострифицираш дипломата ако сакаш да ти биде признаена во странство, идеш во министерство за образование (се надевам знаеш каде е) на 11 спрат :lol: и оставаш документи, ке ти треба и копија од лична карта (знам пошто и јас идев по тие работи) Значи Мора да ги нострифицираш ... :)
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Зошто би ја нострифицирал дипломата срекната од наш универзитет или во наше средно училиште?
    Зошто да бараш да ти ја признаат кога веќе на неа имаш на неа печат од министерството за образование?
    Диплома од Република Македонија да бараш да ти ја признаат во Република Македонија, нема логика.


    Нострификација е признавање т.е. признавање странска диплома
    Еве ви детално
    http://gg.org.mk/pdf/prilozi_obrazovani ... _vo_RM.pdf

    Пример ако си во Србија и државата ти бара нострификација ќе ја извршиш во нивното српско министерство да ти ја признае нашата диплома. Таму нашата диплома е странска.

    А јас пратев стипендии едно време, си бараа преведена диплома од судски преведувач, некаде и печат од амбасадата кај што конкурираш. Не сум прочитала и ни слушнала да ти бараат нострификација на наша диплома тука.

    Да не бараат некој друг документ од министерството да го доставиш? Да не сте смешале термин?
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Нострификација во никој случај не може да биде кај нас. Нострификацијата кај нас ја правиш само ако си студирала во странство. Така да најдобро ти е да се обратиш до американската амбасада или евентуално да преку нет го најдеш нивното тамошно министерство за образование и директно си поставиш прашање на маил. Прво пробај со амбасадата на УСА тука и види што ќе ти речат, пошто зависи од нивната процедура, не знам што документи бараат. Оти пример и кај нас, пред измените во законот делот за нострификација се бараше прво легализација и апостил да имаш на дипломата стекната во странство, освен што требаше да биде преведена од судски преведувач.
    Затоа јави се во амбасадата и прашај, каква им е американската процедура.. (и до универзитетот каде планираш да конкурираш можеш да се обратиш со маил= околу документацијата).
     
    На Massimo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    значи заклучок од ова нострификација се врши во земјата каде сакам да аплицирам за работа,таму да ми ја признаат дипломата (ако ми ја признаат) .од кај нас само да ја преведам на англиски и толку другото останува за во USA :)
     
  10. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    Ако знае некој каде се вади апостил печат? Имам завршено средно образование во Србија. Дали некој знае кои документи се барани за нострификација?
     
  11. Oaza.123

    Oaza.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    24
    Апостил тогаш треба да ти удрат во Србија, прашај си таму каде, во секоја земја е различно.
     
  12. AnnaMm

    AnnaMm Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите!
    Јас сум студент на Филозофски факултет, конкретно на педагогија, барав низ форумот но не најдов некоја тема со која што би добила конкретни одговори за тоа што ме интересира...
    Сакам да прашам, дали дипломата од Филозофски факултет е призната во Шведска, дали ќе можам да најдам работа со неа таму? Како одат тие работи? Имам слушнато за нострифицирана диплома, дали тоа значи дека доколку ја однесам дипломата и останати лични документи што ќе бидат потребни во МОН тогаш тие ќе ја нострифицираат и со тоа ќе можам да најдам работа во Шведска?
    Секој совет е добредојден <3 (fingers):inlove:
     
  13. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    И погоре пишале, доколку ти е стекната дипломата во странство, тука треба да ја нострифицираш ако аплицираш за работа во државна институција.
    За да аплицираш во странство, на пример на постдипломски со оваа диплома од Филозофски факултет, само ја преведуваш Дипломата и Уверението за завршени испити. Значи кај судски преведувач со печат и ја заверуваш на нотар.
    А, за тоа дали ќе ти ја признаат во Шведска, тогаш треба да ги поднесеш истиве документи преведени таму, и тие ќе ти кажат што од тоа ќе ти признаат, дали треба да доучиш некои предмети за да добиеш некаква диплома. Дипломите од Филозофски како такви, за во Европа не сум чула да се признаени. Сум чула дека дипломата од Филозофски по ОНО (сега мислам поинаку се вика групата), ја признале во Канада :) .
     
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Мислиш дали може да се запише на постдипл со диплома од фзф во странство или да бара работа со фзф во странство?
    За постдипл може да се запише. За работа не знам.
     
  15. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Точно. За да се запише на факултет со диплома од Филозофски може, и треба да ја преведе дипломата и уверението и да ги завери на нотар. И тоа го поднесува со апликацијата на факултетот. Значи за запишување на факултет, може било каде, во било која земја.
    За работа во странств е веќе друго. Конкретно со Дипломата од Филозофски, се обраќа во институција во конкретната земја, тие го проверуваат курикулумот, споредуваат и кажуваат дали може да ја признаат, што мора да дополага, колку испити или воопшто не може.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Barbi22-

    Barbi22- Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    За странство сум слушнала, но дали се прави нострификација на диплома(стекната во Македонија), за работа во Македонија?
     
  17. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    2.152
    Пол:
    Женски
    Не би требало.
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    А зошто да се прави нострификација на македонска диплома за работа во Македонија? :^)
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MoNiToDi

    MoNiToDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2020
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Здраво дали некој се префрлал од студии Словенија во Македонија ? Да го прашам во врска со нострификација
     
  20. Zatanna

    Zatanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Здраво дали знае некој колку чини нострификација на диплома за во САД и Европа?