Прв чекор е да го најдеш телото/организацијата која проверува дипломи. За Сад ќе ја пишеш твојата струка и ќе бараш организации кои прегледуваат и ти кажуваат што значи твојата диплома кај нив, дали е целосно признаена, делумно или целосно непризнаена. Од 200 до 300 долари беше проверката, не се сеќавам на точната сума. За Европа ќе бараш исто таква организација за посебната држава што те интересира. Нема правило дека ако во една европска држава ти е признаена, значи секаде низ Европа ќе ти биде, мораш за специфична држава да истражиш. За една европска земја знам околу 70 евра беше, за друга 125, значи различно земји, различна сума. Тие пари се неповратни, односно ако ти кажат дека дипломата воопшто не важи кај нив, не ги враќаат парите.
Здраво, Дали некој знае кои се в комисија во некое од следниве: комисија за признавање и еквиваленција на странска правна диплома, за правосуден испит и в комисија за АСЈО? Ми треба директно да контактирам со нив бидејќи станува збор за правни студии кои би ги изучувал во ЕУ земја каде има разлика во содржината и времетраењето на програмата односно 4,5 г наместо 5 г како во Мк. После планот ми е за стажирање како услов за полагање на правосуден и за во АСЈО да го направам во македонска амбасада/конзулат како работа на македонско право (бидејќи на нивното право најверојатно нема да се прифати) ама не знам дали би било прифатливо и ако се прифаќа колку години треба да трае. Па би сакал доколку некој знае или има досегашно искуство за погоренаведеното да ми одговори тука или во лп. Фала однапред
Здраво, дали некој знае да ми објасни како да направам нострификација на дипломата од Филозофски, смер социјална работа и соц.политика. Ми треба за во Германија, има некој искуство?