Нотарски услуги

Дискусија во 'Правни совети' започната од Minnie 1, 12 март 2015.

  1. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.125
    Пол:
    Машки
    Одговорив погоре, ако ве интересира нешто дополнително пишете ми во порака.
     
  2. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски
    За конкретниов случај од 17 илјади евра проценета вредност судска такса е 500 ден, нотарска награда 4000 ( ако се две странки + 10 посто за секоја странка плус), трошоци за нотарот во зависност од колку страни има солемнизацијата и колку примероци сакаат да речиме 450 ден, има нотарска награда за секое пуштање во катастар 600 ден, имотен лист е 250-300 денари, административна такса за во катастар за една катастарска општина е 1250 ден и ако има некој препис како венчаница, изјава од брачен другар, оставинско решение итн доаѓаме до цена од 7150 плус преписи...ама тешко дека со толку ќе поминат, особено за Скопје имам слушано секакви муабети и искуства
     
  3. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.125
    Пол:
    Машки
    Епа не е во ред таа тарифа спротивна на законот за нотаријат е во овој дел, затоа што законот убаво и конкретно, јасно вели 50% за адвокат и 50% за нотар, и цената треба да е иста колку за нотар толку за адвокат и обратно, тоа беше поентата граѓаните да плаќаат исто само да имаат поголема правна сигурност, адвокат го составува договорот за кој гарантира дека е согласно закон, а нотарот го потврдува тоа, и цената треба да е иста... Во конкретниот случај да се 10 продавачи и 10 купувачи АТ е јасна, цената за овој случај изнесува 3900 денари, а кај нотарите плус 10% за секоја странка, плус трошоци за ова, за она и на крај испаѓа кај адвокат плаќаат 65 евра, а кај нотар 265 евра, не ми е криво колку наплаќаат нотарите и не ме интересира, чисто си кажувам мислење како обичен граѓанин дека не е океј да се ,,стрижат" граѓаните, сепак и јас утре кога ќе купувам нешто имот и мене ќе ме ,,истрижат" од кај нотарот... Али тоа е кога Министерство за правда дозволува вакво самовластие... :)
     
  4. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски
    А извини колега ама тоа 50% е само за оставинска постапка и тоа само за нотарската награда, друго се и оди по посебна тарифа, не може адвокат да наплаќа за катастарски услуги кои не ги врши или за судска такса која не ја плаќа...а за друго треба Министерство за правда да си контролира пошто стварно некои нотари ги ,,стрижат" граѓаните
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Giinna

    Giinna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    4.297
    Пол:
    Женски
    Нотар што работи во сабота?