Со ретинол. Моментално го користам серумот на Накоми со 0.5% година и нешто, така да не сум сум нова со ретинолот. Цена до кај 2000 ден рецимо.
Имаше еден од cosrx со ретинол, мислам дека се викаше The retinol cream, со 0.1%. Не ми е пробан, можеби ќе ти фати око, до таа цена е отприлика. Мене ми се допаѓа Mizon collagen power lifting кремата. Во моментов е на акција 1+1 на coslovemetics, ептен е зделка. Има и power firming верзија, и таа е доста солидна за ноќна варијанта. Ѕирни ги и нив.
Кремава на мизон само за ноќна рутина се користи? Баш се исплати вака да се земе ако ја бива би си ја земала. Само смее ли секоја вечер да се става?
Пишува дека ја нема на залиха, најверојатно толку беше од акцијата... Јас не користам класичен крем наутро, доволен ми е само спф. Затоа ја користев кремата навечер, а не гледам зошто не би се користела и наутро - има само состојки за хидратација и потхранување на кожата.
Мајка ми ја користи дневната, презадоволна е, и брат ми и татко ми со неа почнаа да ја користат. Лесна е и не затвара пори, освежува а и составот и е океј. Верувам и ноќната од истата линија би била супер. А исто така јас после ретинол вечер си ставам од пантенолите на дукафарм, моментално тој со хијалуронска го користам и океј ми е.
Предлог маска за лице или ноќна крема што хидрира убаво, а е некомедогена? Но да не биде шит маска за една употреба, скапи ми се тие. Моментално ја користам на La roche cicaplast (второ пакување), па дали да купувам трето исто се мислам дали да ја заменам со таа на Avene cicalfate.
Оваа крема со пантенол пред некој ден ја гледав на ананас и баш се мислев дали да ја пробам. Гледам ги имаше повеќе видови. Како си задоволна и дали има некој ефект на лицето? Дали вие што користите посебна крема нагласена како ноќна имате некој бенефит и разлика на кожата? Јас до пред 2,3 години постојано земав и некоја ноќна и искрено не видов некоја разлика освен што пари давав дупло. Лицето исто ми беше, додуша и немам некој проблем ама сепак нешто барем да даваше разлика. Сега секако имам рутина пред спиење ама не ставам крема нагласена како ноќна, туку си ставам хидратантна крема која што ми одговара, моментално ја користам на Биодерма, чат пат и на Еуцерин ама првата повеќе ми одговара.
Па мајка ми уште ја користи и сите по дома, а јас се вратив на Биодерма, гел кремот, плавата линија. Од крема освен хидратација друго и нема што да се очекува, барем јас така мислам. За било каков ефект, што и да е потребно, дали за хиперпигментација, дали брчки, серум да си најдеш што ќе ти врши работа, за пред кремата.