Ај, @Celltica со колата ако ме донесе Иначе имаше едно место у Битола, низ плоштад беше со многу убав сладолед. Знам лани со другари бев отидена, си земав од таму сладолед и во 2 минути го изедов. Некаде после Вајкики беше, од десна страна. Прво на сладолед ќе идеме, па на журка. И у Буре на јадење, од коа не сум била таму.
Град на духови е Битола. Се е заминато по Австралија и САД. Подобро ќе си поминете во Струмица летно време.
Ќе те носам љубов моја. Плус, имам исповед. Спојлер Никогаш не сум била во Битола На Пелистер сум била ама мислам не се важи. Каков сладолед ќе ми купиш?
Одете во Битола јули/август кога е полно со кабадаји од Австралија. Барем ако се мажите тоа да биде ефективно
Каков сакаш мори, колку топки сакаш, толку и убав корнет ќе ти купам, со лажичка за после меѓу заби да ја тискаш Кажи, кажииии колку е убав. Јас од Нутела и нешто Сникерс мислам беше, па тоа внатре парчиња чоколадо, па имаше и кикирики, абе потсвршив у гаќи. Одма го изедов, ми се смееа другариве дека сум ко Џек д Рипер со сладоледот Стално додуша на денска шема сум идела таму, неам никад искачано навечер, а баш сакам. И тебе ќе ти купам, само жена ми да види прво, дали ќе ме пушти
Ахх Битола градот на Конзулите, градот на кафето ми остана неостварена желба.... но имам слушано дека има забави колку сакаш петок- сабота ноќни шеми, од пон па натаму денски шеми чат пат ќе се погоди и некоја ноќна шема, младина еден куп само пари да имаш за по журки па ќе видиш што е ноќен живот, среќно на факс инаку незначи да се назадат и другите градови знаеме дека Охрид е главната шема во лето но и Гевгелија и Струмица може убаво да си поминеш, но за тоа пак ќе треба да студираш или на Уким или на Угд или на Славјански во Свети Николе, пошто факултетот во Битола ќе ти е далеку.
А ќе го препознајш по то шо ќе шета со јадранки (апостолки) по Широк Сокак. Да не идите! Ќе ми ги земите кабадаите, ради вас немажени останавме.
Така Е! Мајтапо настрана, ќерка ми ме моли ко ќе ојме Битола нареден пат, да се дотераме ко пуфли и да парадираме на Широк Сокак
То сакав да кажам, предноста на ноќниот живот во Битола ми е шо: - се' ти е на едно место, ако не те бендиса едниот кафич, ќе одиш во тој до него или ќе завршиш в парк. - доволно долга улица е Широк Сокак за да прошеташ и да отепаш 2 часа. Скопје пример центарот околу споменици е 100 метра, ќе свртиш кругче и шо после? - нема шанси а да не го сретниш симпатијата, бившиот, роднините до 12то колено, школските...Скопје не можам да најдам познат. А сакам да најдам. Е сега малце ми е фејк, излези да бидиш виден, да седниш и да ги оговараш сите шо ќе поминат. Ама пак ми има душа некако, можи дека моја е си ја сакам.