На второ е, го редактирав мислењето за посликовито да изгледа. И шо бе за јадење и пиење да одиме само, а кај е музиката тука, изборот, гласањето, ти се молам не прај вака ебаго Љубенициве бааѓи долги ми се гледаат, ко оние грчкине, ох и тука ли пУлитика
Па Белата ноќ е настан на кој шо од самиот почеток настапувале само ДЏ-и, па претпоставувам на то мислеше. Искрено, секоја година се послабо и разочарувачки, ај Кирил Џајковски во ред, ама до дџ Љубиша стигнавме? Толку ли нема добри ДЏ-и во државава, не барам некој од Берлин?
Во петок започнува 43. издание на интернационалниот фестивал на филмската камера БРАЌА МАНАКИ во Битола 19-26 август, 2022 • Реалноста не е доволна • За жал изгледа имаат минумум средства за PR и како иди за нецели два дена ќе започни а скоро никој и да не знае... За мене еден многу убав и интересен настан кој има и интересна офф програма.
Уште еден одличен настан викедов во Битола https://www.facebook.com/events/1096173094589543/ Иднината започнува сега! парко.2047 е проект на млади Битолчани, чија цел е да создадат платформа за размена на идеи, знаења и забава, на едно заедничко место, во парко. парко,2047 е проект кој директно се залага за создавање на иднината, преку футуристички проекти кои поттикнуваат креативност и тимска работа. „Парко продукција“ е нова граѓанска организација која има за цел да ја поттикне и да даде гласност на новата култура…културата на новото време која ги интересира младите, а истата да ја афирмира кај повозрасните генерации. Нашето постоење го започнуваме со реализација на првото издание на ПАРКО 2047 ФЕСТИВАЛ кое ќе го реализираме во периодот 19 – 21 Aвгуст 2022 година во градскиот парк во Битола.
Се надоврзам на @Ugly Duckling . Култен колонијал во Битола кој шо снабдуваше со алкохол многу генерации наназад во парко и пошироко П.с.
А има ли нексде во Македонија каде што НЕ се служи алкохол на малолетници и се почитува законот? Дури и малку жал да ти падне за овие.
Точно, се беше прибрано, спастрено под рафт, зад рафт да не се гледа и да не му прај форес на купувачите за алкохол.