1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ноќ наспроти Тодорова сабота...

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Miss.Bass, 27 февруари 2015.

  1. Miss.Bass

    Miss.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    206
    Незнаев кај да го поставам прашањето.
    Дали некоја знае за денешниот адет спроти тодорова сабота,што се става под перница за да го сонуваш идниот маж ?
     
  2. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Пред малку прочитав вака:

    На овој ден младите изведувале и повеќе обичаи со кои сакале да дознаат кој е нивниот иден брачен другар.

    Вакви обичаи забележал и Марко Цепенков. „Во петок вечер спроти Тодороа сабота, кое девојче сака да си го види кое момче ќе си го земи за маж да је биди -еве како ќе напраи: ќе седни да вечера и првијо залак што ќе го сожвакат, нема да го голтни, ами ќе го изваи од уста и ќе го чува за кога ќе си легни да го клаи под перница. Спиејќи над залаго, ќе и дојди тоа момче што и е наречено за да ја земи. Ако види некое момче што го знае него ќе го земи бездруго, а пак ако види некое непознато, непознатото момче ќе го земи.“
     
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.923
    Допаѓања:
    134.082
    Пол:
    Женски
    WTF? Уште верувате во вакви работи?
     
    На iloveyou29, ...Arthemisia..., Rose96 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Nobadys.Perfect

    Nobadys.Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Само да пази да не ја изедат мравите во текот на вечерта. :lol:
    И имам прашање а ако не види ништо? Ќе остани немажена?
     
    На Dulceee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Значи за некој може е бабини деветини , ама има некои кои сакаат да си ја пробаат среќата , и што има тука лошо ? Не мора веднаш со осуда...секој нека верува во тоа што мисли дека треба...инаку да одговорам конкретно , имам слушнато од постари баби или од Мајка ми , дека во нивно време краделе лебче од 3 или 1 куќа каде што нема вдовец , и вечерта спроти Тодорова сабота се става под перница..исто може и од пченицата што се спева во Црква заеедно со кревањето на Леб ,да се земе и да се стави под перница ...јас досега не сум ставила лебче...ама знам за друг обичај за Водици да ставиш огледалце под перница , ставив и сонував едно дете од Охрид:D:D така да , ко воли нек изволи , ништо не губите....8)
     
    На fificaaa, matilda258 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.923
    Допаѓања:
    134.082
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира што ако види повеќе мажи? :lol:
     
    На ...Arthemisia..., Rose96 и mims-89 им се допаѓа ова.
  7. Nobadys.Perfect

    Nobadys.Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Јас реков дека веруваш? Па и да веруваш нема врска. Сите сме различни фала богу.
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.087
    Пол:
    Женски
    Јас сонував бомба за бомба ли ќе се омажам?:?:
     
  9. -Juliette

    -Juliette Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Дали верувате дека ако ноќта наспроти Тодорова сабота сонувате некое момче дека ќе се омажите за него?
     
  10. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    4.381
    Јас читав нешто под перница пченка да се стаело , ама не сум имформирана баш па ако моеже некоја феминка да објасни :D
     
    На -Juliette му/ѝ се допаѓа ова.
  11. -Juliette

    -Juliette Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Како што забележал Марко Цепенков, во петок вечер спроти Тодороа сабота, кое девојче сака да си го види на сон кое момче ќе си го земи за маж да је биди еве како ќе напраи: ќе седни да вечера и првијо залак што ќе го сожвакат, нема да го голтни, ами ќе го изваи од уста и ќе го чуа за коа ќе си легни да го клаи под перница. Спиејќи над залаго, ќе и дојде тоа момче што и је наречено за да ја земи. Ако види некое момче што го знаи, него ќе го земи бездруго, а пак ако види некое непознато, непознатото момче ќе го земи".
     
  12. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    4.381
    Ова за вчера вечер или за оваа вечер?
     
  13. -Juliette

    -Juliette Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    za vchera vecer
     
  14. Девојката

    Девојката Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Направив така според Марко Цепенков хахаха и две особи сонував хахахаха
    Особи што ги познавам ама никогаш не сум ги сонувала
     
    На -Juliette му/ѝ се допаѓа ова.
  15. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Па,добро барем ќе можеш да бираш!;)8)Инаку,јас не би направила така,некако многу гадно ми е изџвакано залче под перница да чувам,па макар и само за една ноќ,се размачкува од плунката!:puke::puke::puke:А,инаку можеби и има некое влијание,но сепак спаѓа во народни обичаи и верувања коишто немаат апсолутно никаква врска со нашата православна вера.
     
    На -Juliette му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Девојката

    Девојката Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Да гадно ми беше признавам ама го завиткав во салфетка хахахаха
    ама од тие двајца ни еден не сакам хахахах
     
    На -Juliette му/ѝ се допаѓа ова.
  17. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    А,веруваш ли во тоа иако ниту еден од тие двајца не сакаш?
     
    На -Juliette му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Девојката

    Девојката Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Не верувам искрено .. Една другарка ми рече ај да направиме и таа сонувала и јас истоо , ај по еден али сега двајца хаахха
     
    На -Juliette му/ѝ се допаѓа ова.
  19. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    ОК.Може повеќе среќа ќе имаш догодина,па нема да имаш ваква дилема,а и некој убав ќе сонуваш!:!::hug::l:
     
    На -Juliette и Девојката им се допаѓа ова.
  20. Девојката

    Девојката Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Да се надеваме , си мислев да го сонувам тој што го сакам али очигледно сум немала среќа хахахаха догодина :l::D:D
     
    На -Juliette му/ѝ се допаѓа ова.