Јас не верувам но сум љубопитна да видам што ќе испадне, досега ништо такво не сум правела, сега прв пат за Водици го пробав тоа со огледалото но не се сеќавам кој го сонував, знам само дека сонував некого но се сеќавам како на матен нејасен лик. Најверојатно уште го немам запознаено. За Тодорова сабота можеби пак ќе проверам. Чисто од љубопитство.
Jas pak prvo nekako slusnav nekoj datum,6 ti dekemvri,potoa pesnata sudbo moja mi se vrtese vo pozadnina. Potoa sonuvav poplava i nekoja kutija plovela demek covek bila kutijata i velel deka glumi,deka se preprava,licnost ne sonuvav izgleda stara moma ke sum
јаа минатиот пат ништо не сонував ,спиев како ТОП! Ај да видам годинава даљ че го сонва либето шчо че ме земит
Јас имам слушнато дека на Тодорова сабота ако се искапиш,на млади години ќе останиш вдовица,се чека барем да прекрши денот (така имам слушнато,по што и некои го викаат празникот Тодорица вдовица)
јас сонвев еден тип , не ставив ни огледало ни ништо , е сега можеби ова не е точно ,но сепак колку за забава ...
Свеки си го сонувала свекорот Неколку пати го видела пред тоа онака само и на василица тој со другарите отишол во нејзиното село и така почнале да се дружат, па врска и си се земале на крајот Јас пред две години го сонував симпатијата
Јас не стаив огледало, тоа за Водици мислам само требаше, не знам, ама не го ни соџвакав залакот, само го стаив во уста, па го извадив и така 3 пати, така мајка ми ми има кажано. И знам бев во студентскиот, ми ѕвонеше бившиот со другарка некоја, не ја познавам, па дојде таа негова другарка кај мене, јас не ја познавав, но она мене да... Може таа ќе е неговата жена, си мислам Па требаше да се омажам со друг бивши, но не знам како, наидов на колега од факултет, па се сретнав со еден друг бивши ама се разбудив, па пак заспав и пак сонував, почна да се снима филм и натака не се сеќавам, само знам дека сонував некоја убава љубов, интересна, ама и многу тажна сум била, но со тој сум останала... Е сеа не знам дали беше бившиот со кој се сретнав или некој друг, тоа што ме подразбуди сонцето од прозор малце ми измеша
Не си играјте играчки со лукови и огледала под перница, ќе се испосечете и цела постелнина ќе ја замирисате. Кој ќе ви го пере тоа после?
Luk? Za ogledalo znam za luk prv pat slusham....inch ima vistina ne e sueverie....sami koj treba da ni peri ko drugi denoj taka i ovaj
Navistina? Bravos....mn smeshno Negledam prichina za ismevanje i bespotrebno komentiranje kolku da se najdite vo muabet...nikoj neve prasha za mislenje, sekoj si verva vo sho saka i za to negledam prichini za vakva ironija i ismevanje....