Ноќ на вештерките (Halloween)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Strumfeta93, 22 октомври 2011.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Ноќ на вештерките (или Halloween) е празник што се слави на 31 октомври. Потеклото на овој празник е келтскиот фестивал на „Самаин“ и христијанскиот ден на „Сите свети“. Ова е народен празник, но некои христијани и пагани се посебно врзани со него. Ирските имигранти во Северна Америка донесле со себе верзија на нивната традиција. Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот на тиквичката која свети. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги, посетување на „проколнатите“ места, палење на логорски оган, маскенбал, резбање на тиквички, читање на страшни приказни и гледање на хорор филмови.
    Го сакате ли овој празник?
    Се маскирате ли?
    Дали и како го прославувате?
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    62.882
    Не.
    Не сакам увозни празници. Уште ни Валентајн не можам да го сварам, сега уште и Халовин. Што е многу многу е.
     
    На Dark artist и M.a.r.i.l.y.n им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.770
    Допаѓања:
    107.290
    А јас ете без причина прееска сакав да се облечам како тиквичка! :wasntme:
     
    На M.a.r.i.l.y.n и belieber им се допаѓа ова.
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.537
    Нема никакво значење за нашето поднебје, нема потреба да го празнувам. Плус, доволен ми е први април да се маскирам во slutty верзија на нешто. :angel:
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
    Јас лично не му придавам никакво значење на овој празник.
    За први април си се маскирам секогаш, доста ми е толку. :)
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.188
    абе вие кажете ми мене дали некој добар хорор ќе излезе тој ден :D
    а празников нит го славам нит ништо :)

    Tоа им го препуштам на Aмериканциве :D :D
     
  7. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.422
    Никогаш не сум го славела, ни годинава, па ни наредните години, нема никакво значење за мене. Така да славење го препуштам на оние на кои им значи овој празник.
     
  8. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Кога бев помала од англиски не маскираа и приредби правевме за Halloween. Сега не го празнувам никако ама интересно би било таа вечер да испаднеш надвор и околу тебе сите во вампирчиња духчиња да бидат преправени :lol:
     
    На Queen^^ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.174
    Пол:
    Женски
    Не го сакам празников, не се маскирам, не го прославувам :geek: хорор филм, не е толку страшен, кога се знае дека нема врска со реалноста :D
     
  10. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Порано на курс по англиски обично се маскиравме и правевме забава. Ништо посебно, не е наш празник. Зошто би го славела или почитувала или било што.
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.737
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Не го сакам празников затоа што не е наш Православно-Христијански празник,не се маскирам,а и не го прославувам.Но до пред 2 години кога одев на курс по англиски па бев приморана да да го славам и да се маскирам.
     
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Не го славам од проста причина што не е наш празник.Си го имаме 1-ви април а ова ти е скоро исто,така да нема потреба од два 1-ви априли.
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.775
    Палам свеќа за душите на умрените во мојата фамилија и одам на гробишта, затоа што фактички по католички календар утредента е задушница.

    Инаку не се маскирам, ниту глупирам. Празников е чист американизам кој не ми е својствен.

    А крстена или не, палење свеќа за душата на некој кој ми бил секојдневие и дел од мојот живот ми е покажување почит и љубов, спомен и тивко сеќавање. Иако јас тоа го правам често а не само кога е денот наменет за тоа.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И јас никогаш не сум го славела празников ниту пак сум се маскирала. Едноставно не е наш празник. Наместо него, Први Април го имаме кај нас, па тогаш се маскирам.
     
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Halloween (Ноќта на вештерките)

    И што дека е Ноќ на вештерките? Ви значи вам овој ден? За мене е чиста глупост. Го слават само глупите Американци, ама нели ние многу ги обожаваме нив, па сакаме се ’ нивно да присвоеме. Толку фама не се дига за Божиќ, колку за овој ден.

    Едит: Јас до лани не ни знаев дека постои ваков ’празник‘.
     
  16. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.932
    Живи глупости, мислам ало!
     
  17. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Овој ден не ни можам да го наречам празник.
    Го сакам како најобичен ден.
    Во нашиот град уште одамна на овој ден му се придава значење од страна на гимназијалците.
    Уште од второ одделение одев на курс по англиски и ја имавме привилегијата да присуствуваме на забавите што беа организирани. Се глумеше, се добиваа награди за најдобрите драми. Се играа игри, се пееше и едноставно беше интересно. Година за година почна да се намалува еуфоријата околу овој ден, што мене искрено ми е мака.
    Сега ние сме организатори, смисливме драма, игри и планираме да го направиме интересно, необично, несекојдневно.
    Вчера основците си правеа забава, кога ги видовме како се изнашарале, алал да им е.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rejchel

    Rejchel Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    4
    Не знам зошто сте толку против тој ден...... ако се направи добра забава зошто да не се глупираш малку.....
    мене лично ми е интересно...
     
    На Beautiful_girl.., MarchelineAmaru, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.030
    Не е празник ова, ова е повеќе како маскенбал но во одреден шаблон (издупчени тикви во форма на глава со светилка внатре, вештерки, црно-зелени бои, метли итн.). Јас го гледам нешто како 1ви април, само што нели за 1ви април може кој во што сака да се маскира, а на ноќта на вештерките си има одредено. Пагански да, христијански не! Повеќе е како карневал, маскарада и кај нас уште не е прифатен глобално, зависи кој како повеќе е кај децата заради игри и претстави и кај тинејџерите заради лудило :D
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски