Да кажеме СТОП на еден празник кој го празнува западното општество, а сакаат да ни го наметнат под терминот " забава за деца", па се користи најчесто како проект на часовите по англиски јазик и во градинките како повод децата да дојдат маскирани исклучиво во страшни ликови согласно празникот. Halloween-ската поворка, а и самите костуми претставуваат враќање на предхристијанскиот пагански празник на Келтите Samhain, кој го добил своето име по нивниот пагански бог, ден кога мртвите души се враќале меѓу живите. Издлабената тиква во облик на мртовечка глава со запалена свеќа е најпрепознатлив симбол на Halloween, кој симболизира “душа која скита”, “Jack o’lantern”Џек со фенерот, кој според легендата своето место не го нашол ниту во рајот ниту во пеколот, па е осуден на вечно талкање по земјата по некој кој ќе го завземе неговото место. На овој ден сатанистите прават ритуали поврзани со окултизот кои вклучуваат жртвување и други перверзии. Ова верување нема никаква врска со нашата вера и не е дел од нашата култура, затоа не треба да се прифати ни како забава. Ние треба да ги научиме нашите деца да го слават Животот! Родители и учители, да внимаваме на нашите деца!
Епа ќе ти биде бебе страв кога родителите те испуштиле од раце и ја предале твојата душа во ни помалку ни повеќе во раце на Сатаната Претпоставувам затоа се плашиш,ама ако не го славиш Halloween душата ти е кај Исус нема потреба од страв
Ама и смртта е дел од животот. Не може да се замижуваат очите на децата пред тоа. Вака на еден порелаксиран начин им се предочува дека животот е вреден да се живее убаво и корисно за да '' не ни талка душата во задгробниот живот''. Што и да значи задгробен живот.
Гледам сите се испомаскирале денес нешто по кафичи оделе журки демек. Јас за први април веќе не се маскирам не па за Halloween. Што не се маскираат Американците за Струмички или Вевчански карневал а ?
То е шо е, објавата на МПЦ = пропаганда. Жими се, не прајме ритуали и не жртвуваме деца, сеуште. И, о, кој грев, што децата имаат повод бар уште еднаш годишно да се маскираат и да скокаат на музика со деца на своја возраст, кое инаку се вика забава. Мене уште никој не ми кажал за Станата, изгледа тој дел од теоријата на заговор не стигнала до мене зошто "никој" не кажувал што е зад денов, како да има некој висок левел на заговор. Ама ветувам штом ми тропни на врата да ми побара жртва, ќе ви кажам условите. Halloween филмовите се тоа, филмови. Хорори постојат и ќе постојат уште долго, и тоа во сите делови од годината. Не дај Боже да пуштат некој на кино хорор, и тоа на верски празник, шу прајме тогаш? Или не е исто? И за крај, мене гајле ми е кој оди на забава, кој слави во вистинска смисла на збор, или кој само се маскира. Ни пак ми е гајле дали некој не слави. Ама иритантни се особи кои се први да фрлат камен за било што, па така и за ова, ама нема потреба, ве научивме кои сте. П.С. Ми остана мозок и црева од вчера, повелете.
Јас големо дете сум па пак се маскирам. Исто како и други празници кои немаат врска со нивното значење и како се славеле во минатото, така и овој. Доволно има сивило низ улициве, секако дека ме радува кога ќе видам насмеани маскирани деца, па и возрасни. Јас се маскирав, смешно беше моето, не беше страшно, сите ме бендисаа, за малце награда ќе земев Олабавете, не се навлекуваат децата на сатанизам од Халовин. Знан дека не е наш празник, ама не е нешто страшно тоа толку во несвест да се паѓа.
Многу "сатански" празник, деца па и возрасни овлечени во различни некои страшни некои слатки па и смешни костими одат и збираат чоколатца и бонбони, ептен сатанистичко страв да те фати Еве неколку сатански слики од вчерашниот ден што ги сликнав додека ги шетав дечките по бонбони. Нас и на илјадници други ни беше супер забавно, и не никаде не видовме никој да принесува жртви,да прави перверзни работи или било какви сатанистички ритуали Последните 2 се од пред неколку години.
Ама си преувеличил... Јас сум сигурен дека 99% од овие шо се маскираат, т.е. го “празнуваат празникот” во МК, немаат никаква паганска или сатанистичка намера, повод! Секој си има право, а и добар разум да процени дали нешто е добро за неговото дете, за него или не е... не знам до кога со вакви досадни, конзервативни и застарени пропаганди, де со Halloween, де со мартинки, де со огнови за Бадник. Остајте ги луѓето нека олабават малце, ама буквално на никој не му штети!
Многу ми е интересен овој празник, гледам дека темава не е активна долго време, па може да ја активираме. Ајде некој што знае повеќе околу овој празник. Дали би го празнувале и дали го празнувате?
Годинава Халовин, најпознатите секти во државата ќе го одбележат со постизборни прослави, за првпат во Мк ќе има вистинска Ноќ на вештерките на соодветен датум Сега ќе напишам мое видување за празникот. Халовин е преку филмовите, нашминкана и популаризирана традиција во предвечерјето на католичкиот празник посветен на сите светци. Ако е Халовин пагански и сатанистички празник, пагански и сатанистички се и обичаите при Задушница, Коледе, карневалите за Прочка и Василица, одбележувањето на 1. Април и ред други датуми. Плукање по Халовин е производ на чиста ксенофобија и национализам. Инаку, не го славам бидејќи немам таква навика, немам никакви спомени од денот.
Годинава сум многу уморна, како се да ме достигнува амае напрам барем една тура колачиња- цревца и нешто така. Ама има време, иако уште не сум почната. Само лани не праевме забава ради корона али годинава во најмала рака ќе пратам на сите колачиња, ко шо праевме за Божиќ со secret santa. Тематски колачиња, спаковани, пратени кај сите.