Не прославувам затоа што прво не го гледам како празник(поради искомерцијализираноста), второ немам причина да прославувам ниту од духовни цели бидејќи не сум католик.Всушност, никој не го ни прославува реално, туку луѓето си се занимаваат со украси и журки. Ама ми се допаѓа цела естетика на денов, креативни украсувања, тикви, ова она, маскирање, забави.Визуелно го сакам некако.
Хм, се' шо е креативно сакам, исто и секоја прилика да дадам поклонче. Спремив оваа година колачиња и по нешто ситно. Штета немам убави слики, а и додадов мали украсни тиквиња. Еве: Spoiler
Не е ни католички, ако негде се слави во католичка Европа, увезен е од Америка и главно е маскенбал со страшни маски за мали деца. А во Полска, како една од најкатоличките земји, прочитав забранет бил И лани го нејќев, и годинава го нејќам.
Кога ќе рече некој се слави, чиниш прасиња колат и гости на софра викаат за да се одбележи "празникот"
Ако се земе во предвид дека утредента е ден на сите Свети кај католиците и денови посветени на починатите , како исмевање и непочитување испаѓа ова маскирање во вештерки и костури....без оглед што декорацијата може симпатична да биде...
Не гледам никакво исмевање, тоа се само костуми. Патем, и во Mексико имаат празник каде се маскираат во костури за да покажат чест и почит кон починатите.
Се емитува моментално на TV1000, случајно го начекав. За сите кои немаат во план што да гледаат денес а сакаат мала spooky атмосфера.
Мене ми се допаѓа. Маскирањето, декорацијата со страшни елементи баш е забавно. Нема потреба од хејт на тие што не им се допаѓа. Темава е за да дознаеме повеќе за празникот, ритуали, што зошто се прави, тоа ме интересира.
Цела година чекав да дојде денот и да искочам маскирана негде со друштво на забава, и на крај останав дома. Ваква бев дур гледав сториња на инста вчера: Ај за 1ви април ќе надокнадам
Годинава празникот го прославив скромно, во кругот на семејството, колку да се одбележи денов. @John Snow ти чувам од прасето да знаеш Halloween за мене е ден кога имам прилика да ја покажам мојата креативност, а и вистинското лице Шега на страна, ми се допаѓа целата еуфорија околу него. Се собираш со друштво и се забавуваш. Исто како и секој викенд, само што сега имаме themed забава. @Ugly Duckling ти ја крадам идејата за тиквичките следната година
Ние само што се вративме од Trick a treating, ветувам дека ни жртва принесовме ни душата на сатаната ја дадовме Еве и некое сликче
Да е до мене би те зела без проблем Иначе на оваа улица до пред неколку години скоро сите куќи беа украсени за Халовин, од 5 поручек до полноќ е затворена за коли и во тоа одредено време се оди на " Trick a treating ". Годинава имаше многу помалку украсени куќи и се надевам причина е коронава, ама пак имаше доста гужва и беше интересно.
Каде во Скопје прават мафини за Halloween, парче до 50 денари? Оти навистина претеруваат со цените за еден мафин.
Знае некој годинава дали ќе има некои интересни настани за халовин во Скопје? Не нешто журка напнато туку нешто полабаво?