Барав нешто да видам да не има негде организирано на плоштад или на друго место нешто за Халовин, ама не можам да најдам, да не знаеш ти каде има?
Има во Хилтон хотелот, во Биртија мислам и на некои други места. Јас многу сакав да одам ама немам со кој хахахаха
Хахахаха тоа е македонски превод, не значењето на празникот Малку потрудете се да прочитате нешто пред да пишувате.
супер слави го ти мислеше сакам сатанистиве да ги преобратам? баш ме заболе за сатанистите у светов само смешно ми е од памет кога се негира нешто точно.
Јас ја знам историјата од А до Ш, но човек треба да сфати дека не секој е религиски настроен до тој ваш степен. Пострашно ми е напаѓањето на обично поставено прашање, одколку некој ако се облече како карактер од цртан филм. Кажува многу за карактерот..
Секој што сака нека слави. Според христијаните е сатанистички празник и според сатанистите е сатанистички празник, за други религии не знам.
Објасни ми како е празников сатански? Стар празник е и се славел затоа што се верувало дека на тој ден односно ноќта духовите на починатите се блиску до нашиот свет. Се потсетувале на душите на умрените и верувале дека демони и зли сили можеле да им наштетат. Подоцна, почнала традицијата на носење страшни костими за да се исплашат и избркаат тие лоши духови. Ниту пак според христијаните е сатанистички празник пошто христијаните си го преземале и почнале да го слават, легитимен празник е кај Католиците. Кај нас е сличен со Духовден.
Тоа што некои таканаречени христијани превзеле пагански обичаи не го прави христијански празник, во Библијата има јасно одреден став во однос на таканаречените духови.
Добро извини заборавив, само твоето верување е правилно, сите други деноминации, традиции, локални верувања и пагански стари верувања се сатански, ѓаволски, страшно.
Ако си слушнала тогаш знаеш дека е окултен чин само не верувам дека си слушнала пошто да си го направила тоа нема такви прашања да поставуваш. Ок е христијанството да не е твоја определба, само нема потреба христијаните да ги убедуваш дека не е сатански празник.