Нема потреба ни нас да не убедуваш дека е сатански празник. Твоето верување не е подобро од ниту едно друго на светов, а ги има милиони
ајде ок нека биде по твое, ја не знам како со игнорантност да се справувам, просто невозможно е комуникација да воспостави кога едната страна не е информирана.
Можеби треба прво да се едуцираш поими како окултно и спиритизам што значат па да ги употребуваш. ако значат тоа што инсинуираш тогаш мпц е најголемото сатанско дувло
Халовин е креиран за да ги испочитува мртвите, исто како и сличниот празник во Мексико. Ако тоа е сатанско, нека биде. Нема поголем хипокрит од екстра религиозен човек.
Што е игнорантно во моето мислење? Тоа што ти велам дека не си во право што тврдиш нешто во име на милиони верници на планетава?
Мислам дека те имам прочитано во категоријата Религија и имаш пишано дека се радуваш што МПЦ ја признаваат... По вероисповед си православна христијанка? Ако си, информирај се што вели Библијата за овој празник. Тие што се атеисти и сатанисти барем не мора да се информираат за ова ако не сакаат.
Како си измислувате глупости како ќе ви текне, чудесии сте. Халовин почнал да се слави векови откако е напишана Библијата, и буквално е комерцијализирана верзија на Духовден. Тоа што и поповите почнаа да контраат за сѐ и сешто што ќе чујат а вие како слепи ги мантрате нивните затуцани ставови, кажува многу околу тоа каква религија практикувате, сигурно не христијанска.
Не Судам јас лично сум гледала хорор филмови на тој празник но значењето го знам и не ми е привлечно да си имам работа со темни сили
Од тие многу религиозни христијани најмногу се плашам и бегам подалеку. Да бевте толку религиозни колку што глумите светов ќе цветаше од љубов и добрина, а не со најблиските очите си ги вадите.
Детево ми вели: мамо, тиџер рече да се маскираме за халовин. Викам: нема шанси, слободно кажи и на професорката по англиски Иш, сатано!
За мене Halloween исклучиво се донесува на истоимениот филмски серијал. Празнувањето на истиот мислам дека треба би требало да остане исклучиво како дел од училишните центри за англиски јазик и култура и секако во самите САД и Канада. Секако, секој ќе си слави како сака, само велам како го доживувам.
Се испотепаа за глупости ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Најмалку 120 загинати во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките Најмалку 120 луѓе ги загубија животите и над 100 се повредени денеска во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба. Службата соопшти дека 140 амбулантни возила биле распоредени за да им помогнат на луѓето на местото на настанот. Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ги повика болниците да бидат подготвени да примат пациенти. Spoiler: Вознемирувачко видео
За жал над 150 жртви имаше, сите околу 20 години. Првпат после Ковид рестрикциите имале на отворено настани за некој фестивал, журка за Халовин и се тоа во една популарна област во Сеул. Се појавил некој поп пејач како изненадување и стампедо тргнало во тој правец. Лоша организација за град како Сеул, многу жално.
Инаку Модернизам е јак, убо вика ајде скурца таму со овај Halloween https://www.instagram.com/p/CkWHtZSM8OT/
Сите биле предупредени уште пред 40 години во завршната сцена од Halloween 3: Season of the Witch (1982)
Што вели Библијата за Халоувин, те молам, сакам цитат? Православието е против многу работи кои ги правиме, гатачи, бајачи, курбани, гозби по гробови, палење оган на Коледе, мартинки за први март итн, па не гледам дека сатанисти ги правите тие што практикуваат. Комерцијала е, ден кај што луѓето се маскираат и прават кејф… децата се маскирале и се забавувале, леле мајко, сатанисти, спали ги!!!