А сите ние дознавме за денов од курсевите што ги посетувавме и од америчките филмови. Каква нација се човече, све нешто тралалајки смислуваат, вклучувајќи го и Валентајн и Father's day. Мислам, кои празници се тоа?! Ништо не им вреди, освен палчинките, за кои исто така, имаат ден, некој си во Февруари. Апсолутно ништо неми значи денов, освен што го носи името на еден култен хорор.
Не го прославувам сестра ми што оди на курс по англиски ке се маскира Не е наш празник Самоо ..една другарка запна парти па парти што да се прави очеш- нечеш мораш ! Не го сваќајте како прославување на празникот :geek:
Јас прв пат минатата година го славев , бидејќи овде сите го слават и баш интересен празник е, има доста интересни маски, куќите обавезно ги ружаат ... Еве како слават тука, сакав да одам, ама можно е да ми пукни водата од страв http://haunt.dorneypark.com/ Spoiler За тој што сака да види , нека оди во attractions..
Не го славам ама би сакала некогаш да одам во Америка и да ги видам маскирани децата како земаат бонбони хаахах
Не ја сваќам финтата да се слави овој празник кај нас, уште помалку да се маскираш, па и да го уредуваш домот со тикви и други глупости. Преоптеретени сме со американските филмови и празници па и самите влегуваме во филм и се бламираме. Го славиме последниве години Валентајн, забораваме дека истиот ден имаме уште поубав православен празник. Туку лани имав пример на познаници кои си даруваа поклони за Божиќ, да да на 25ти декември, а после си слават православен божиќ. Боже сачувај што друго би рекла. Го чекам денот кога на 4ти јули ќе јадеме мисирки, ќе ја пееме американската химна и ќе се молиме додека се држиме за рачиња. Инаку ја видов на интернет најдобрата маска за овој Halloween. Секоја ти чест Хајди Клум. Ти се поклонувам Еве и ги и претходните костуми во спојлер ќе ги ставам секоја и чест на оригиналноста Spoiler
Никогаш не сум била на прославување на овој празник, ама она оригинално прославување според американската традиција. Оние бламирања организирани од страна на школите за курсеви по англиски не ги сметам. СЕпак, се работи за нечија традиција, а традицијата како традиција заслужува почит. Индивидуално е дали ќе прославиш или не. Кога би имала можност би учествувала на американска прослава. Дотогаш ми останува прославата во Американ Корнер ако успеам да најдам време и да отидам...
Што има да го славиме Halloween кога имаме наши празници, нели ние се маскираме на Василица. Исто како што го славиме св.Валентин а си имаме наш празник. Ама навика ни стана изгледа да ги прифаќаме американскиве празници Туку, се замислив нешто. Гледав на нет некој се инспирирал од Лејди Гага, па баш ме интересира во што таа се маскира? Ќе облече нормална облека? М?
Да во школо го прославивме во петокот.Имаше приредба, часовите беа скратени.Од сите одделенија имаше по неколку избрани деца да учествуваат(меѓу нив и јас ) , школото беше украсено, сите макирани.... Се на се супер.. ПС : Да утре е (31.10) но ние го прославивме во петок.
Ајде освестете се луѓе ,ова е пагански празник,затоа и Обама го слави а иретко кој да знае дека токму тој е АНТИХРИСТОТ,што за нас христијаните е многу вазно!Сатаната ќе направи се за да ги одалечи луѓето од БОГ!!!! Од дното на душата го мразам HALLOWEEN
Јас го обожавам денов и не зашто ги обожавам американците, а уште помалку сум глупа американка, едноставно ми се допаѓа целата таа језива атмосфера, тиквите, портокалева боја секаде,асоцира на есен,датумот му е во мојот омилен месец... А бидејќи не се слави овде, јас сама на себе си го донесов кај мене во соба и така ке го поминам утре, со хорори,едноставно ми е ќејф.. Кога сме кај тоа,веќе е 31ви.
Жити христијанката, секој втор пост ти е за хороскоп. Не ги потресувај за џабе децата. ИЗВИНИ АМА ТОА ШТО СИ КОМЕНТИРАМ ЗА ХОРОСКОП Е ДРУГО,НЕ ЗНАЧИ ДЕКА СЛЕПО ВЕРУВАМ ВО НЕГО ,А СОСЕМ ДРУГО Е ДА НЕ ГО САКАМ ХАЛОИН ЗАТОА ШТО СУМ ВЕРНИК.КАКО ПРВО ,КОЈА СИ ТИ ДА СУДИШ А КАКО ВТОРО НЕ САКАВ НИКОГО ДА ПОТРЕСАМ ,САМО КАЖАВ МОЕ МИСЛЕЊЕ,ОК?
Дај бе нетуку се филмај овде. Обама, антихрист курци палци! Као демек го славиме празникот и посен грав служиме дома, па идат сите роднини на слава! Бог да чува. Денот е убав и ми се свиѓа заради атмосферата, маскирањата, забавата, поради страшните легенди и приказни... Кои црни сатани И валентајн е католички празник, а не верувам дека некогаш не си подарила некому нешто или не си добила поклон.
Не се филмам и не ми е намерата да ве осудувам .LACRIMOSA,овај празник стварно си е паган,но како го сфаќате вие тоа не ми е работата да се мешам . И да,сум добивала поклони на Валентин и сум подарувала,но овде зборуваме за HALLOWEEN. Се надевам се разбравме како луѓе
Да,и? Антихрист,ова-она,звучиш ко јеховиниве сведоци. И: Halloween was brought to North America by immigrants from Europe who would celebrate the harvest around a bonfire, share ghost stories, sing, dance and tell fortunes. Ипак не е крив Обама антихристот. Не знам што гледаш толку лошо у денов..
Доста е од странскиве празници. Не го прославувам, дури ни незнаев кога е додека не ја видов темава Се маскирам за 1ви април и тој "празник" го почитувам.
Хороскопот го спомнав затоа што е исто паганска измишљотина како и празников кој толку многу го мразиш. Не можам да поднесам „христијани“ што ни самите не си ја знаат религијата, ама се први да рипнат со осудување и ширење лажен морал за тоа како не чини дечињата да се маскираат и да собираат слатки од комшиите.
На англиски во минатото школо го славевме, ептен беше убаво цело школо украсено, па разни игри игравме, на час правевме листови и хамери, и правевме како забава па не снимаа и ни ги даваа, па то ти је лудило. И лани баш кај тетка ми се погодив за празникот, се собравме деца и идевме со тиква и свеќи плашевме луѓе. Сега кај што идам на англиски ништо не правиме, денес редовен час си имавме. Инаку како празник интересен таков creepy :geek: , со тикви, вештерки, легенди, мистерии...