Индиго децата као не голтале букви, запазувале правопис и т.н -.- Немам ништо против празников, празник како и сите останати, денес тоа е забава пред се, а и стара традиција им е, па нека си ја испоштуваат, не туку примешувајте црква, вера не знам што.. Ама сега малку глуп ми е трендот и во Македонија да се празнува. Што знам, постојат први Април, па василичарски карневали, па карневал околу прочка исто има. И причините поради кои се обележуваат тие денови се исти, поврзани се со старите верувања и сл. Кога веќе постојат овдешните (а ги има повеќе), не е потребен уште еден кај нас. Мислам, овде стално нешто се прославува.. Го слават веќе и Патрик овде, ништо ново..
Празикот на св. Патрик (на ирски јазик Lá Fhéile Pádraig) нема врска со ноќ на вештерките, тоа е црковен празник на кој особено внимание се посветува во Ирска бидјеќи Св. Патрик се смета за заштитник на Ирска. Патрик го донел црковното христијанство во Ирска (некаде околу 5 век) и ја користел детелината со 3 листа за да на ирците им го објасни светото тројство. Ирската дијаспора низ САД, Канада и други земји исто го слави на големо овој празник кој се паѓа на 17 март.
Halloween Со другарките сакаме да направиме забава за Halloween ама никако не можеме да најдеме украси и бонбони,ај за украси ќе си направиме сами од хартија или од тиква ама за бомбони ? Дали некој знае каде каде можеме да ги најдеме и колку од прилика коштаат? Spoiler Ако темава е дупла или не е за оваа категорија канта
Halloween После Валентајн, нова тура помодарство, а? Побарајте во Европа, имаат на рефус све и свашта, а имам гледано и поголеми пакетчиња бомбони и во Тинекс/ Веро. Од кој тип бомбони ви требаат?
Halloween Spoiler http://www.google.mk/imgres?q=Halloween+candy&num=10&hl=mk&biw=1280&bih=669&tbm=isch&tbnid=lQxzxHjqC2GUQM:&imgrefurl=http://www.saratoga.com/news/smile-guy.cfm&docid=J6joDMuVnkubeM&imgurl=http://www.saratoga.com/images/halloween-candy.jpg&w=360&h=240&ei=Jd2KUJjVFYmI4gSqgIHoCQ&zoom=1&iact=hc&vpx=629&vpy=409&dur=581&hovh=183&hovw=275&tx=83&ty=107&sig=104622273991024086115&page=1&tbnh=135&tbnw=219&start=0&ndsp=15&ved=1t:429,r:12,s:0,i:100 Некој вакви одприлика специјални за Halloween
Штета што не се слави кај нас а славиме секакви други глупости,барем ова е нешто интересно декориранје украсуванје со тикви разни костими за маскиранје...
Јас сум успеала во живо да видам како се слави бидејќи имам роднини во странство и многу ми се допадна куќата на роднините кај што ние престојувавме беше целата украсена надвор во дворот имаше гробови скелети издлабени тикви а и внатре беше исто така украсена вечерта беше морбидно гледаш околу тебе се шетаат вампири духови вештерки зомби јас тогаш бев вампирка и со сестра ми одевме од куќа на куќа и некои од возрасните беа облечени така потоа заедно со братучетките (тие што живеат таму) отидовме во некоја опседната куќа многу беше страшно внатре кога влеговме ни беше страв да се вратиме некои маски многу страшни беа и потоа гледавме хорор се на се празникот на мене многу ми се допаѓа
Додека беше овде aмериканкава од Мировниот корпус, славевме.. и тоа сите маскирани... кој беше во можност носеше и тиквички, нели од оние за halloween.. и одевме од куќа до куќа со извик на позната реченица: Trick or treat. Во секоја куќа ни даваа бомбончиња, и сега оваа година пак ќе се организираме, ептен интересно е
Оваа година ноќта на вештерките ќе ја прославувам за ПРВ пат во една невладина организација каде има волонтери ова она.Инаку во мојот град на многу места се прославува во училиштето,кафичите и сл.Знам дека во училиштето ќе се одбира најдобра маска а во оваа невладина организација ќе имало и некои игри.
Ептен ми е вештачки празников а и не е наш немам ни желба ни потреба да го славам...гледам често се маскираат на денов ама па ептен ми е тоа глупаво ! Да не го слават во Америка Св. Трифун случајно ? Кааааако да не ... стварно сме лоши ! не ги славиме нашите како што треба туѓи земаме