Јас и другарките веќе две години на Халовин се шминкаме онака вештерски море бетер сме од тоа абре ставаме какви ли не шминки,бои размачкуваме и сите во црно во населба ии плашиме луѓе и по уличкине праиме бељи кршиме ќерамиди,чукаме по врати,го расфрламе ѓубрето....
Јас Halloween не го славам.Го имам 1-ви април за тоа и тогаш си се маскирам.За да гледам хорор филм или пак да раскажувам страшни приказни не ми треба празник,тоа можам секој ден да си го правам.И мислам дека доволен ни е први април,не ни треба Halloween,и онака имаме доволно празници.
Spoiler Гледам празников пополека и кај нас се пробива! Ние не славиме наши празници, а камоли па Хелувин... Што е следно Сент Петрик?? Ни јас не го празнувам, го имам 1-април и доста ми е! Инаку интересно е сето тоа, ама им го препуштам на американците! Ние ништо немаме со овој празник Spoiler
Хаха, мене тогаш ми е роденден, пазете се еј! Планирам некој роденден да го направам онака Халоуин забава, понатака можеби.
Ова ми е трета година и прејако е...идеме кај една другарка се шминка се правиме и после низ маало плашиме луѓе и сл
Коледе + 1ви Април = Halloween Искрено мене ми е многу интересен овој празник и како луѓето се подготвуваат за него. Одете во некоја Католичка или Протестантска земја и ќе се заљубите во празников. Колку се само сите посветени, тоа чудо. Сите купуваат декорации, украсуваат, купуваат храна, раздаваат. Браво. Но, не е наш и не го славам.
Ноќта на Вештерките е на 31 октомври и секогаш некој мои другарки одат, а јас сеуште немам појдено на таква забава.
Глобализацијата и интернет времето во кое живееме допринесоа за ширење на празници кои не се автохтони за регионот во кој живееме. Јас кога бев тинејџерка не се славеше ниту Валентин, а сега гледам забави по дискотеките на овој ден. Колку е исправно славењето на празници кои немаат подлога во нашата традиција, оставам на секој индивидуално да одлучи. Ама овие два празника се шират и во земјите на Далечниот Исток, така да ние не сме некој изолиран случај. Доколку за Валентин во православната традиција има пандан - Вера, Надеж и Љубов на 30 септември, за Halloween нема. Имено, Halloween нема врска со 1 април, ниту со василичарите. Единствена сличност помеѓу трите се маските. Најблизок празник на овој кај нас би била Задушница. 1 април настанал како неофицијален празник со кој се одбележува Новата Година според Грегоријанскиот календар. Василица се паѓа во периодот на т.н. Некрстени денови, период што трае од Божиќ до Водици, кога според легендата Исус не бил крстен и ѓаволите се мачеле да го излажат да не се крсти и да не се исполни волјата Божја. Се верува дека овие денови за човекот се опасни бидејќи тогаш мртвите се во движење, разни вампири, караконџули, вештерки, самовили и други нечисти сили се активни и на сите начини сакаат да му напакостат. Целта на василичарите е да ги отстранат лошите демони и да обезбедат среќа и напредок на поединецот како и на пошироката заедница. Затоа и самите маски се страшни, со цел да ги исплашат демоните. Halloween, од друга страна значи "hallowed evening" т.е. света вечер и е ден кога се сеќава на мртвите, вклучувајќи ги и светителите, мачениците. Овој празник има паганско потекло и е поврзан со келтските фестивали на жетвата. Го означува крајот на жетвата и почетокот на зимата. Келтите верувале дека вечерта на Halloween велот помеѓу светот на живите и мртвите е најтенок и живите можеле да ги видат и да разговараат со мртвите. Паганската традиција била толку силна што подоцна била инкорпорирана во христијанските обичаи и празници. Имено, ден после Halloween се слави Сви Свети, а на 2 ноември е Душни Дан - пандан на православната Задушница,ден кога се сеќаваме на блиските починати, се дава милостина на сиромашните во име на покојните и се моли за покој на нивните души. И да не бидам офф топик, Halloween славам само кога сум во Америка. Сметам дека овде не е дел од нашата традиција и не гледам потреба од славење. А и тиквите ни се ептен тешки за резбање
Mене ми е баш интересен...иако не е наш убаво е тоа шо има забави на тој ден а посевно филмовите за халовин и сега гледав неколку по шо ги обожавам
When witches go riding, and black cats are seen, the moon laughs and whispers, ‘tis near Halloween. Интересен празник,да. http://forever-halloween.tumblr.com/
Јас најискрено имам некое поделено мислење за празнувањето на овој празник. Од една страна е интересен и забавен, можност секој да си ја покаже својата креативна страна, особено ми се свиѓаат тие приватни забави па домашни правени украсени колачи, сето тоа некако ја прави по празнична атмосферата а католиците поточно американците се махери за тоа, мислам повеќето од нив. Од друга страна па си викам шо сега ние да славиме туѓи празници, си имаме доволно наши, православни само што не се развиени на толку забавно ниво.
Во Америка се прославува на големо овој празник. Кај нас сите сакаат да живеат на амерички начин. Е сум видела кај нас некои се преправаат во вештерки. Интересно е, бар за нас младите. Зошто да не. Т.е. Супер ден за правење глупости. Хахахах