Интересен празник, но како странски. Ме нервира сета фама што се крева околу празников тука, ај за часовите по англиски е интересен начин за запознавање со туѓата култура, но нема потреба да го присвојуваме. И ние си имаме празник са духови, се сеќавам порано кога ја гледав таа епизодата на Наше Маало во халоуин стил, ама за празникот задушница, ептен ми беше интересна.. Мислам дека празников во мк е изговор за гледање хорори, испробување на вешти ни во украсување и причина за да се преправиш во нешто..
Ние секоја година го славиме во училиште, баш е онака кул а после и по градот излегуваме така маскирани и баш е забавно
Празник на некоја друга култура - не е наш!!! Но, за жал како што многу работи, било позитивни или негативни си ги “увезовме“ од западот така и овој празник се повеќе ги освојува нашите простори. Се започна на курсевите по англиски јазик каде што предавачите почнаа да го пропагираат меѓу децата, а ним бидејки им се виде интересен го прифатија - маскирањето е забавно, нели!?! Но, штом неправи зло на никого нека се празнува!!! Но, се плашам дека генерациите што се раѓаат и доаѓаат сега, ќе мислат дека е наш празник, а НЕ Е НАШ!!!
Интересен празник. Мислам дека скоро сите знаат дека не е наш, туку странски. Во превод ,,Ноќ на вештерките,, нешто не ми штима, ама друг збор за halloween, на македонски, тешко ќе се најде. Доколку кај нас се прославуваше овој празник онака повеќе, би се маскирала(нашминкала) вака некако:
Дефинитивно мојот омилен американски празник! Прекрасна ми е цената таа атмосвера каде куќите се украсени со сенишни мотиви, издлабени тикви насекаде, децата маскирани одат од куќа до куќа и извикуваат `Trick or treat`, раскажување на страшни приказни и маратонско гледање на хорор филмови. Кај нас мислам дека не му се обрнува големо внимание-лани со другарка се маскиравме и цела вечер дали сретнавме уште едвај 10 маскирани. Оваа година не ни е во план да се маскираме (студииии) ама сепак планираме да го одбележиме Халоувин на наш начин- со гледање на Анабел во кино
Еве го моево девојчуле целото е возбудено, цел ден се договара со другарките како ќе се облечат, па кука немала црна сукња(оти во црно требале да бидат облечени), на ветеров уште сукња и фали. Никако не можам да ја убедам дека тој не е наш празник, ама како што погоре спомна некоја феминка се започна од курсот по англиски. Сега веќе се рачуна возрасна(15 год) нели може на 2 викенда еднаш да излезе, па ќе се маскирала ќе се цртала нз како лелелеле.Оној Валентинон си го присвоивме (златен СВ. Трифун), ај сеа и денот на вештерките. Нареден ќе биде денот на благодарноста со Ќурќи на маса.
Убав е празникот, ама не е наш. За жал некои луѓе тоа не го разбираат. Се знае кога ние треба да се маскираме, на 1 Април, а не сега.
Ве читам, не бил наш празник, не било убаво, не знам што... некој не сака да слави сечии празници. Супер, почитувам. Јас искрено не сакам да тажам сечии тажачки (a и свои не сакам да имам ), а празници, bring it on, нема проблем. Маскирање не ми е омилена работа на светов, но ќе се “прослави“ со 2-3 хорорчиња, си ја иам тука Елиса за препорака, глава не ме боли и ондак то.
Уште една глупост присвоена од странство.Нашиве незнаат божик и велигден зошто и како да слават,се запнале за нок на вештерките.Алелуја и сатаната доби свој празник
Halloween т.е. Халоувиин настанал кога британските туристи пристигнале во Виена (Wien на герм. се чита Виин) и го поздравиле учтиво градот со: Халоу Виин.
Празникот како празник е убав ама не е наш! И ние имаме убави празници па никој не си ги присвојува.Што се однесува до настанокот на празникот наставничката ни кажа дека денот после Халоувиин е католичкиот празник ,,Празникот на сите светци,, и американциве еден ден пред тој празник го слават Халоувиин и се маскираат стражно за да ги избркаат духовите и навечер шетаат и од секоја куќа собираат бомбони и некое лепче што се правело специјално за празникот
Проблемот е што присвојуваме само американски ппразници. Оти на пример не го славиме денот на мртвите од кај шпанците, кога се е шарено и се приготвуваат шеќерни костури? Или можеби некој руски или кинески празник? Америка врши глобализација на светот со нивната култура и норми. Слушаме највеќе македонски, српски и англиски песни, од прво учиме англиски јазик, гледаме и Американски серии и филмови, користиме англиски зборови (тинејџер, викенд, кул, хејтери) и еве присвојуваме американски празници. Така само си ја губиме својата култура, тоа што не двои од другите народи. И да, знам дека е надвор од темата, ама морав да се надополнам
@Joi и ние го славиме денот на мртвите само што кај нас се вика МРТВА САБОТА,ДУОВДЕН(ДУХОВДЕН). И ние имаме ваков празник и тоа имаме повеќе мртвии саботи.Само ние баш не ги преовеличуваме како американциите.Инаку нез точно во кој град во МК,за Духовден цела вечер се одело на гробишта со јадење и пиење и живите јаделе и пиеле за душа на мртвите.Па дури и со гитари оделе,како да ги развеселат мртвите.Инаку Мртва Сабота беше,оваа сабота на 01,11,2014.Но ете некои не ни знаат за празников,не го слават,поштоваат.А облекуваат костуми за Halloween.Летургија се креваа..
I maskiranjeto za prvi april e prilichno nova pojava kaj nas. Edinstveno maskiranje koe mi e poznato so podolg stazh od nasheto podnebje e ona za Surva koga se maskiraat survoskari.
Δ Vasilichari se isto ime so survoskari. Nie gi vikame taka poradi pesnata koja ja peat na Vasilica koga odat maskirani od vrata na vrata. Otvorete shimshir porti, da vlezat survoskari, survoskari - gospodari, surva! Vevchanski karneval e na edno mesto. Vevchani. Vasilica e data na celo podrachje koga se maskirale. Dodeka aprilijada e nova rabota. Toa mi beshe muabetot.
Кај нас Василичарскиот празник го викаме „Сурва“ и пееме по вратите „Сурваа, сурваа“ Јас пред некоја година одев, веќе не одам. И не мешајте баби и жаби, карневали се едно, празници друго. Што се однесува до празникот, ми се допаѓа празник како празник, ама тука искрено и срам ми е да се маскирам, нема потреба да мачкаме очи. А да си бев во Америка, со задоволсво би шетала ноќта, би се шминкала страшно и би собирала бонбончиња Ептен ми се допаѓа таа еуфорија. Пу, што сум се родила тука.
Кај нас годинава дојдоа маскирани деца, го збунија татко ми Некој ѕвони на врата, татко ми излегува и децата: Трик ор трииит! И татко ми така малку збунет: Аааа, ова нешто како Коледе? Среќа имавме дома благи грицки, некои чоколатца и такви ми ти работи, па им даде. По другите куќи не знам како поминале, особено затоа што знам какви комшии имам