Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ноќ на вештерките (Halloween)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Strumfeta93, 22 октомври 2011.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Зошто да поченеме да го славиме? Ова како демек совет за подобра иднина, или? Ај речи им таму во Канада нека слават Илинден, па ние после ќе славиме тука Ноќ на вештерките. Као демек... почнете да го славите, незнаете што пропуштате... или нешто поназадни сме ние тука што не го славиме тој празник?
    Секоја држава, нација итн, треба да си има свои празници... тоа го прави светот разнолик и интересен тоа ја прави една култура интересна и специфична. А ние треба да ги почитуваме и да се воодушевуваме на туѓата традиција, истовремено да си ја негуваме нашата за да бидеме свои, нели.
    Ама што ме чуди... македонска работа, комплекси.... за да бидеме прифатени и кул требаат туѓи градби како панорамски тркала, триумфални порти.... туѓи празници како halloween, кинеска нова година итн. Нашето нели не е интересно.
     
    На agios, Orthophill и pravnicka2 им се допаѓа ова.
  2. LadyKaneswaran

    LadyKaneswaran Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2015
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Не го сметам за празник, ниту се маскирам/славам.
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Што е со популаризирањево на празников? :^)
    Не, сериозно. Христијани, муслимани, католици, и припадници на останатите религии, знаете ли што воопшто славите?

    Вчера отварам фејсбук и има што да видам. Она па што најмногу ми привлече внимание беа маскираните деца рокери металци и готици насмеани од шестка до шестка, притоа декларирајки се како атеисти во приватен живот. Such irony. :drunk:
     
    Последна измена: 2 ноември 2015
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.090
    Пол:
    Женски
    Добро, ги разбирам и тие што слават и тие што не слават. Ваше право, славете си што сакате. Ама едните да им викаат на другите НЕ СЛАВИ или СЛАВИ, немаат право. Вас не ви се свиѓа празникот - не го славете.
    Еве ни јас не го славам, додуша роденден ми тогаш, можеби и затоа не го славам посебно.
    Можеби и ќе го славам некогаш, не знам, не ми се покалажа можност.

    Само не знам како навистина некои мислат дека било сатанистичко, нехристијанско, кога некој одел на Халоуин како да одел кај ѓаволот. :rofl: Та Бог ќе се налутел, триста чуда, леле се изнасмеав. :D
     
    На Nausicaa, Someonespecial и Ketchup им се допаѓа ова.
  5. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Тешка глупост!
    Покрај преплавениот Фб со слики на маскирани од тинејџери гледам дури и во градинка децата ги маскираат и ги учат за празникот кој кај нас не се празнува(се разбира со некои исклучоци,кои сами по себе си го земаат како празник ) Наместо да ги учат за она што треба да го знаат,тие се залагаат околку вакви "светски глупости"...
    Ете на пример на 4ти ноември е денот на ослободувањето на градот Битола,а колку што сум информирана децата во градинката нема да имаат никакво запознавање за тоа.
     
    На jacqueline.s и Valerin им се допаѓа ова.
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Батали религија, проблемот е во тоа што не знаат што слават и зошто.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.090
    Пол:
    Женски
    Е да, многу од нив си го земале поводов како за карневалската вечер во Струмица што е. Ај ќе излегуваме испошминкани по кафичите. И секако едно селфи за фб прво. Тоа и мене ме нервира. |( Битно да не се исклучени од актуелните настани, а што слават и зошто, не е важно. :nod:
     
  8. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Американската машинерија и економија е најмоќна во светот. Затоа сите слушаат американска музика, гледаат нивни филмови и ја воздигнуваат нивната поп култура на пиедестал. Така функционира светот, јак јебе збуњенога, јбг:)
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.554
    Допаѓања:
    42.946
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам малку настрана од темава, значи цело време се хејта Америка нели за се, не дека јас ја сакам како политика, свесна сум дека е една од најзлобдните сили во светот, ама во врска со музиката, филмовите и другото срање што некои го велат ќе кажам дека не сте во право.Јас лично ги гледам оти има стварно добри серии и филмови, не дека европската кинематографија е лоша гледам и од неа, но да испуштам стварно добри филмови, серии и добра музика затоа што од Америка, е нема.

    Конкретно за празников, јас не разбирам зошто се слави и кај нас, ама немам ништо против, како прво ние не го славиме зошто знаеме каква е нивната традиција на славење на Halloween, со сите адети и сл. ние само даваме повод за забава и малку поразлична ноќ.Зошто да е тоа толку страшно, се маскираш, се забавуваш и чао.Ама кај нас по дифолт се хејта се.Инаку и јас би отишла на прослава ако некој ме покани на некој нивен празник, ако имаш пријател муслиман што слави Бајрам и те покани на слава, нема да одиш и да го испочитуваш?Тоа нели е славење, го славиш за него.Значи не глупост.
    Луѓето треба да се отворени кон нови култури и да се интересираат да ги запознаат.Кој сака нека слави туѓ празник, ете може му е ќеф да слави среќа на негов познајник и што сега, да го убиеме оти не слави ослободување на Битола, а слави некој друг празник.
    А и јас сум најнепатриотски настроена личност.Зошто државава ни е толку мизерна и скапана што не ни имам желба да славам ниту еден патриотски празник, не пронаоѓам среќа во тоа да ја издигнувам и славам.
     
    На Joi и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Slavi sto ti e drago.
    Si slavam se ili pocituvam se. Kaj me viknale segde sum otisla, ic ne mi e gajle sto praznik e. Vazno e ima ima luge za zabava.
    Nie sme pravele Ilinden i sme kanele od rabota kolegi, od cel svet. Doagale bez problem i se fakale za oro iako neznaat da igraat, jale svinsko i baklava.
    Nikogas ni eden ne me odbil so izreka neslavam Ilinden, sto e toa?
    Site bile otvoreni. Ok , kaj e proslavata da dojdeme.
    Naleto vo park ima denovi na necija kultura. Igraat nivni tancovi, prodavaat nivna hrana....Odat luge od cel svet, bez razlika na vera, nacionalnost, tradicii......
     
    На Joi, Papillon.Papi и Nausicaa им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Ти кажуваш сосема нешто друго од она што јас го кажав. Значи јас сум отишла кај муслимани на Бајрам на баклава, ама дома не правам и не славам Бајрам. Така и тие твоите сограѓани... идат ако ги поканите, им се интересни македонските традиции, ама не земаат секоја година дома да си ги слават, сфаќаш? Значи едно е да почитувам туѓа култура и празници, па дури и во друштво со тие луѓе да прославам заедно.... ама друго е јас да славам туѓи празници. Јас не викам твоите пријатели дали идат на Илинден кај вас.... туку ај сега колективно сите канаѓани од наредна година ќе слават Илинден, оти така во Македонија се славело (зедовме пример за Илинден, може да е било кој празник).
    Оти кај нас децата не шетаат на Коледе веќе, т.е. се помалку и помалку ги има? Оти не е кул како што е Halloween? Или made in Macedonia, одма не е интересно тоа? Па и таму збираат децата по врати и тука... само овде ете поздраво малку, не се бомбони, костенчиња и мандарини се. Зошто тие што сакаат Halloween, и сета таа језива тематика (духови, мртви, вампири итн) не одат на Духовден цела ноќ на гробишта да преседат, на пример? Оти не е комерцијално и е етикетирано како глупост... можеби е глупост, ама да беше традиција во развиениве земји одма ќе се тепаа и тука да биде.
    И не ми мешајте поими - почит на туѓи празници и култура, и прославување заедно со нив кога сме поканети, со јас дома од сега СИТЕ празници на светов ќе ги славам оти така покажувам почит :^)
     
    На agios, Orthophill и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  12. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Не мешајте баби и жаби. Појавување на некој празник, слава или било што поради почит спрема друга личност е сосема различно од празнување нечија туѓа традиција и празник по сопствена иницијатива.

    Прашање е дали Американци или whatever сами ќе се организираат да прослават Илинден, да ги научат песните за Гоце или Јане, да организираат пагански карневали, да одат на Коледе итн, како што ние ја учиме и апсорбираме нивната култура и традиција?

    Тоа е реалноста. Американците имаат пари и моќ нивната култура да ја наметнат ширум светот.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hajdi lejdi

    hajdi lejdi Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    28
    sekoj treba da ima svoe JAS i da si go znae svoeto
     
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    23.487
    Пол:
    Женски
    Мене овој празник ми е многу интересен и ми е криво што го нема како традиција кај нас, но ние се маскиравме со другарките, гледавме хорор и си минавме убаво.
    Не ми е јасно што е големиот проблем во тоа што почнува и кај нас да се слави овој празник, забава е и е интересно а вие што сте толку строги спрема себе си и си ограничувате демек глупав бил, во ред, ваш избор.
    Исто така имам некои многу битни случки што ми се случиле на Halloween така да тоа ми го прави целиот празник уште поубав.

    Ние пред некоја година, организирано од нашата професорка по англиски јазик имаше хелоувин забава во училиштето и применувавме разни игри и слично и беше многу забавно.

    Убав празник и ке го славам, гајле ме ако не е наш.
     
  15. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Кој сака што сака нека си слави и како сака нека се идентификува туку криво ми е што на деца од 6 години им се наметнува да се запознаат со празник што не се слави тука, а денот на независноста пр никаде го нема. Зборам за учебнициве по англиски, епа тоа е кембриџ јбг па дури и маски да правеле на час, текстови во врска со халовин и итн. 8) Не е америка таа што ни наметнува култура, ние самите си го правиме тоа, сироти,сметајќи го Халовин како нешто вауу креативност на ниво бла бла епа зошто пр на 1Април не се маскирате туку за халовин први сте.
     
    На hajdi lejdi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Часовите по англиски се друго. Кога изучуваш еден јазик, ја изучуваш и нивната култура. Тоа е тематски час, и покрај што се учи за празниците во културата чиј јазик го учиш, ќе се научи и некој нов збор, пр. pumpkin, ghost итн. На германски ќе се учи за германски празници и традиции, на француски - за француските, и да не набројувам. Тоа не значи дека треба по дома сите да слават. Денот на независноста на РМ ќе си го учат на друг предмет, нема што на час по англиски... како и да е, тоа што си се предава за Halloween на англиски е, уште еднаш ќе напоменам - ЗАПОЗНАВАЊЕ со културата. Ама тоа не значи дека треба да се американизираме и дома да почнеме Божиќ и Halloween по американски да ги славиме.
    А на 1ви април не би се маскирале или не би славеле други македонски празници, оти како што кажав погоре... не е толку кул како ова, нели го нема по филмови, хахаха. Треба да го прават американците за да биде интересно.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Luge mnogu tupite, a so toa sami si stetite na sebe.
    Slavi sto ti se slavi i ne kritikuvaj oti od taa kritika nema na arno nisto da izleze.
     
  18. Mary the Nun

    Mary the Nun Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    ЗДРАВО, ЗНАЕ ЛИ НЕКОЈ КАДЕ МОЖАМ НИЗ МАКЕДОНИЈА ДА НАЈДАМ КОСТИМИ ЗА КАЛУЃЕРКА ЗА НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ?
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.png
      Untitled.png
      Големина на фајлот:
      89,9 KB
      Прегледи:
      9
  19. Helejna

    Helejna Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Па ова и не е некој празник, повеќе го разбирам како ден кога се потсетуваме на душите на починатите.
    Како помали кога дружевме на улица ни спремаа тиква со свеќичка и јадевме печена тиква и кога ќе ни свикаа за дома се прибиравме.
    Никој од нас кога бевме деца немаше никави трауми од овој ден дури и не зближуваше повеќе денов низ дружба и раскажување на по некоја страшна приказна.
    Понекогаш повикувавме духови и секогаш некој правеше шеги преку предизвикување страв или ќе затрепереше свеќата и одма се муабетеше дека нечиј дух поминува и ја гаси свеќата:D
    Не се маскиравме никогаш и мислам дека маскирањето во страшни ликови и сета потрошувачка еуфорија е комерцијален потег кој нема никаква врска со оригиналното значење на Halloween.
    Сепак мене ми паѓа во очи односот на МПЦ кон Halloween.
    Со нивниот настап на извртувањето на значењето на овој празник дури му прават и поголема реклама.
    Еве што споделиле.
    45033151_1062239960615254_3907704568959467520_n.jpg
    Славењето на Halloween не е така наивно како што сакаат да ни го прикажат...

    Оваа антикултурна и аморална појава ја уништува психата на детето, кое доколку ја поддржува, неминовно ќе ги вкуси горките плодови на ноќните кошмари, немотивираната и неконтролирана агресија и „чувај Боже“ – самоубиствата.

    Како врв на празнувањето на овој ден е прикажувањето на филмот „Ноќта на вештерките“, во кој едно момче, во пресрет на празникот ја убива својата шест годишна сестра и како резултат на тоа станува крвав манијакален убиец. И голема е веројатноста во иднина, многу млади луѓе, привлечени од демонската психологија на ваквиот тип филмови, да направат некој сличен потег
    Што мислите со оваа пропаганда на МПЦ постигнуваат ли тие нешто или уште повеќе го бркаат народот од вербата во оваа црква со споделување лажни информации и со кои само сакаат да сејат страв помеѓу родителите?
     
  20. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    strav mi e :(
     
    На Helejna му/ѝ се допаѓа ова.