Јас имам комшика што работи во Сити Мол. Нема да пишам во кој дуќан. Слободна е од понеделник до петок. За викенд е слободна ако е на свадба. Останува прекувремено ако има роба за редење. Тоа и е платено. Ама џабе, затоа што скоро цел ден е на работа. Наместо до 16, она останува до 19 часот. Јас работев во трговија и знам како е. Бел ден не гледав.
Букет Среќа ДООЕЛ Скопје има потреба од помошник фуд-флорист. Работното време е од 10-18 часот, може да се работи и со пола работно време, во тој случај само втора смена од 14 до 18ч. Работата се состои во подготовка на материјал за работа, примање нарачки, издавање нарачки. Барам ведра и позитивна личност, одговорна и некој што искрено ќе расте со фирмата и ќе ме испрати во пензија за едно 30 години од сега Нудиме релаксирана работна атмосфера, можност за напредување.
Ова работново време од 4 - 6 саати да не е некоја нова фора за залажување луѓе? Мислам дека и на врапците на гранка им е јасно дека никогаш не се останува никаде 4 или 6 саати и маста се вади. Па на тоа и муабетот ќе најдеш втора работа, да така иде тоа молат кој не сака.
Здраво, дали некој знае да зборува германски јазик течно и да пишува 100% точно без никакви граматички грешки? Ако вие, или некој што го познавате знае германски, пишете ми во ЛП, итно е.
Друштво со управување со финансиски пазар Смарт Дебт Колектион Агенци Дооел Скопје има потреба за 3 Оператори во Call centar. Заинтересираните кандидати да пратат CV на емаил: office@smart-dca.com.
Дечки ми требаат луѓе за да го проширам тимот. Се работи за продажба на животно осигурување, внатрешна мрежа. Кој е заинтересиран нека ми пише во лична порака за подетални информации
Девојки доколку некој е заинтересиран за пола или цело работно време во ,,Coffee and friends” нека ми пише за повеќе информации
Кај мене никогаш не се останува прекувремено освен за празници од типот 8ми март, кога се добива бонус за тоа. Меѓу другото, затоа што се работи само со нарачки, ако нема потреба не се останува ни до крај на работно време. Ама кога се работи, барам да се работи, не да слушам изговори како до сега. Трошоците се сведени на минимум, има кафе, сокови, храна, благо, колку сакаш. Пишува дека може на полно или пола работно време за тоа како ќе му одговара на кандидатот. Барам човек што ќе остане и ќе расте заедно со фирмава. До вчера и јас бев нечиј вработен, знам зошто изгледа дека е фора, ама во мојов случај - не е Да
Gledam deka e star oglasov no bi sakala da ve prasam dali ste nasle ili dali znaete nekoj sto bara oti jas baram da cistam stanovi i kuki
МОДЕРАТОР: Поради лажниот оглас на @Valeri@GIRL неколку мислења избришав, членката ќе биде банирана. Јас исто ја исконтактирав во лп, но не добив повратен одговор. Нормално, како да ми врати кога сум модератор и веднаш ќе добие бан. Секогаш пријавувајте вакви лажни огласи и непристојни понуди.
Може да препорача работа со instaforex review компанија. Тоа е сигурен, обезбедувајќи одлично искуство за секого без разлика дали сте експерт или не.
https://dksk.mk/fileadmin/user_upload/2020/Povik_za_nab__uduvachi.pdf Дечки, ѕирнете го повиков, се исплаќа и надомест за ангажманот