Пријателка бара жена за чистење по дома, еднаш во неделата. Ако има заинтересирани нека ми пишат лп за да препратам.
Здраво, Имам потреба од дадилка за подолг период (најмалку една година). Станува збор за полно работно време од понеделник до петок од 8.30 до 4.30 часот (без викенди и државни и верски празници), со годишен одмор. Надоместок по договор. Жената ќе треба да се грижи за 6 месечно бебенце, без никакви дополнителни обврски за домот. Живееме во Аеродром, позади тобако 2. Сите заинтересирани слободно нека ми пишат. Поздрав
Доколу има некоја девојка или дечко да знае германски одлично ниво Ц1, евентуално и Б2, зашто пред вработување фирмата секако му праи тест, нека ми пише во инбокс. Фирмата, е сериозна платата добра, а бидејќи е корона постои опција и за работа од дома. Платен стаж, право на одмор нормално се по закони. Само давам препорака и можам да помогнам при апликација, не сум ниту директор ниту менаџер, само ете огласуваам кој сака. Може и студенти ама да, се спремни да си одседат цела смена од 8 часа нели.
Се бара виљушкарист за ново отворен царински склад во населба.Аеродром Скопје.Ао имате некој брат,чичко или пријател ве молам пишете број да го исконтактираме.
Адвокатска канцеларија од Прилеп има потреба од еден приправник/чка. Што бараме? - Магистер по правни науки или студент во последна година на магистерски студии по правни науки заради стручно оспособување заради стекнување на услови за полагање на правосуден испит. - Комуникативна, ведра и исполнителна личност. - Одлично познавање на Македонски Јазик.( Познавање на Албански Јазик ќе се смета за предност). - Одлично познавање на Англиски Јазик ( втор странски јазик ќе се смета за предност). - Напредно познавање на работа со компјутер и интернет. - Целосно вакцинирани кандидати имаат предност. Што нудиме ние? - Мотивирачка средна во која ќе имате можност да ги истакнете своите знаења и вештини. - 5 Работни дена од Понеделник до Петок од 09:00 до 17:00. - Можност за проширување на знаењата од областа на облигационото право, должничко доверителски односи и надомест на штета. - Работа со ментор во насока на професионален развој. За дополнителни ИНФО тука или ПП.
Имаш во чаршијата доста шивачки, има и една во новиот пазар на долниот спрат. Зошто не одиш до кај нив лично, бидејќи на фемина тешко ќе ги најдиш, некои работаат и по цел ден....
Бараме девојка,студент,вработен, пензионер ,неважно за хонорарна работа што знае математика,на подолг период за цела година за подучување на дете од 7 оделение.Може и online,од кој и град да сте.Контакт во порака пишете ми.
Може некому ќе притреба, пријатели неодамна се преселија во нов салон, имаат потреба од продавачи, се работи за екслузивни плочки. Во прилог дел од нивната објава на фејсбук: Отворенa работнa позициja за агент за продажба во продажен салон во Скопје. Што нудиме: - Застапување на високо квалитетни материјали - Релаксирана работна атмосфера - Слобода во допринесување и учество во надградување на брендот ➡️ Од агентот за продажба се очекува: - Предност ќе имаат кандидатите што имаат искуство во продажба - Познавање или активно работење со Word и Excel ❗ Дополнителни информации: - 40 работни часа од Понеделник до Сабота Доколку има заинтересирани, нека ми пишат лп за дополнителни информации.
Барам маркетер, кој има барем 2 години искуство во изработка на маркетинг кампања на фејсбук. Плаќањето ќе биде на хонорар. Заинтересираните нека ми пишат во лп
Ги огласуваме следните работни позиции за сезоната 2022 за нашиот клиент River Advice, кој е еден од водечките компании во хотелскиот менаџмент на луксузни бродови кои пловат низ реки во Европа: КЕЛНЕРИ (ресторан/бар, потребно е познавање на германски јазик) СОБАРКИ (потребно е познавање на германски јазик) ГОТВАЧИ (потребно е познавање на англиски јазик) ГЛАВНИ ГОТВАЧИ (потребно е познавање на англиски јазик и предност е познавање на германски јазик) РЕЦЕПЦИОНЕРИ (потребно е познавање на германски јазик) ШЕФОВИ НА РЕСТОРАНИ И БАРОВИ, ГЛАВНИ СОБАРИ (потребно е познавање германски) КУЈНСКИ УПРАВИТЕЛИ, МИЈАЧ НА САДОВИ - (потребен е само европски пасош) ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: - професионално искуство на истата позиција - потребно е познавање на англиски јазик и предност е познавање на германснки јазик - предност е поседување ЕУ пасош Доколку сметате дека го имате потребното искуство и квалификации, добредојдени сте да аплицирате со своето CV и препораки на monika.dukovska@daycare.com.mk *** Доколку поседувате ЕУ пасош и го имате потребното искуство, тогаш сите позиции за работа на брод се отворени и само испратете ни CV на monika.dukovska@daycare.com.mk
Добар ден, го прочитав постот за работа како професор по математика и сум заинтересирана. Последна година ми е на факултет и ми останаа уште 5 предмети, исто така и работам во основно училиште Толи Зордумис во Куманово. Ако сеуште имате потреба од професор контактирајте ме
Се бара слаткар со или без искуство. Дури и ако немате соодветно образование, а имате талент и желба да учите слободно контактирајте ме.
Фирма која се занимава со трговија има потреба од Продажни Асистенти. Барате работа со флексибилно работно време, работа полна со предизвици и организирано водење на работата и работа со многу клиенти. Потребни се кандидати со желба за активно учење и унапредување, посветеност, иницијативност и подготвеност на тимска работа. Доколку сте заинтересирани за повеќе информации АПЛИЦИРАЈТЕ. (talevvska019@gmail.com)