Здраво на сите, Барам дадилка која ќе ми помага при чување на две мали дечиња од една година и месец дена. Живееме во стар Аеродром, позади тобако 2. Ангажманот е за подолг временски период, од понеделник до петок од 9 до 17.30 часот. Доколку има заинтересирани или ако сте во можност да ми препорачате некој, ве молам пишете ми. Поздрав
Здраво. Дали би можеле да ни кажете колку е платата за овој ангажмани и кои обврски ги вклучува истиот? Ви благодарам
Здраво, Обврските би биле исклучиво околу децата, со тоа што јас ќе сум постојано присутна и заедно ќе ги чуваме. Тоа би значело успивање, преповивање, хранење, играње со поголемото, носење на прошетки (кога времето ќе дозволи), повремено спремање на оброк за детето, ако дозволи времето. Надоместокот би го договориле заеднички, да одговара и на двете страни. Од она што го имам како информација од агенции, групи на фб и форуми е дека цената се движи од 15.000мкд па нагоре, во зависност од искуството, препораките и способноста на дадилката. Поздрав
Кафе бар во Тафталиџе, Плато 2.0 поради зголемен обем на работа има потреба од келнер/шанкер. За повеќе информации и телефон за контакт слободно пишете во порака.
За реон на Струмица. Барам младо лице од 18 - 25 години , првично да има желба да научи за фотографија и видео , да сака да научи обработка на фотографии и обработка на Видео. Знам дека муабетот е колку плата (тоа е по договор, зависи колку брзо ќе учи, а стартна плата ќе има секако) Битно ми е да има желба да научи нешто повеќе во живото и да створи кариера. Сепак нашата дејност е прилично добро платена ( за тие со искуствои) Муабетот ми е дали релано може да се најде....
Здраво Доколку некој нуди работа за лиценциран доктор по општа медицина или лиценцирана медицинска сестра во Скопје контактирајте ме во лп.
Одлична ти е струката и во моментов доста барана, барај по огласите на веб страните со сигурност ќе најдеш многу кои бараат, исто пријави се и во завод за вработување
Тековно сѐ уште сум вработена. Струката ми е одлична, доста барана и воопшто неплатена. На 3 огласи до сега 18.000 денари плата ми понудија како општ доктор. Со искуство
Си размислила ли да си отвориш сопствена ординација, секако матичните имаат премногу пациенти а нив не им се дава нормална плата за да ги послужат сите.
Некој/а заинтересирана за теренска продажба на телекомуникациски услуги? 5дена во неделата но и надвор од Скопје би се патувало.