Трговско-издавачка куќа има потреба од проширување на својот продажен тим со амбициозни, одговорни и проактивни девојки за реализација на промотивна продажба во РЕГИОН СКОПЈЕ. Доколку имате над 18 години и живеете во Скопје, има одлични комуникациски вештини, одговорни сте, сакате да ги унапредите своите продажни способности а истовремено да заработите тогаш оваа можност е одлична за вас. Нашиот тим ве очекува. Потребни вештини: - Комуникативност - Љубезност - Желба за напредување - Мотивација - Работа во тим Искуство во теренска продажба се смета за предност. РЕГИОН - СКОПЈЕ Сите заинтересирани кандидати да испратат CV со слика на vrabotuvanje@aol.com или да не контактираат на 078413239 Кандидатите кои што ке ги исполнат условите за работа ке бидат контактирани.
Здраво на сите. Во Ресорт Маврово се бара Рецепционер (за сезонска работа или за подолго). Огласот можете да го видите тука: https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/424207/Recepcioner/ Доколку сакате подетални информации, слободно контактирајте ме во порака. Поздрав
Кафич во приградска населба во Скопје има потреба од: - Келнери/ки - Шанкери/ки Одлична можност за средношколци / студенти кои сакаат екстра приход! Се бара од вас: - Да сте редовни и педантни во работата - Да имате добар однос со гостите - Работно искуство е добредојдено но не е задолжително! Се нуди: - Дневница која се зема редовно секој ден (не сте пријавени никаде) - Бонуси за редовност, педантност и добро работење - Пријатна работна атмосфера која не е напорна бидејќи кафичот не е премноу прометен и нема премногу да ве измори во тек на работниот ден што е одлична можност за ученици и студенти. - Работа во смени, прва од 8 до 16 часот и втора од 16 до 00 часот - Најважно од се , можност за флексибилно работно време односно смените си ги оранизирате како сакате , кои денови сакате и колку сакате во една недела (пример сакате да работите само 3 дена неделно , само прва смена) во договор со менаџерот на кафичот и за тие три дена си земате дневница). Напомена: кафичот работи само со кафиња , сокови и др топли пијалоци (топло чоколадо , чаеви и салеп). Не се служи храна и алкохол. Заинтересирани за подетални информации може да ми пишете порака.
Здраво, фирма која скоро ќе се отвори има потреба од офицери за заштита при работа и заштита на лични податоци. Фирмата ќе биде со седиште во Скопје, Центар. Кој е заинтересиран слободно пишете ми во ДМ
Зарем во 2022 година со вакви огласи уште? Како може непријавени да работат? Кој ќе си губи време? Може подобро да напишевте и дека волонтери барате, без пари да работат! Срамота!!
Напоменато е дека е маалски кафиќ и скоро ниеден маалски кафиќ (во приградски населби) не пријавува. Работата си е на дневница а газдите нити се мешаат во дневници и исплати туку просто си земаш дневница од прометот секој ден. Работата е пред се за млади и за студенти на кои не им одговара да се пријавени од X причини (стипендии итн). Никој не работи за без пари или пак да волонтира. Има студенти на кои би им годело да земаат стипендија, оброк и плус некој денар нели? Доколку се пријавени тоа е невозможно Единствено нешто што можеби не го дефинирав па настанало забуна е дека огласов е за млади на кои им треба екстра приход и планираат да работат краткорочно , неколку месеци или година дена а не вработени на долг временски период.
Здр. Ми треба менаџер ( а и можеби не е правиот збор менаџер )за работа за од јануари 2023 год. Не ми е битен градот од каде е, а и не ми е битно образованието дали е факултет или не. Важно е како ќе се покаже плата на процент.
За ваквите само пломба да им се, стави и парична казна. Како што знам постои договор на дело. Зато сите бегаат, максимално користење на работникот. Да, знаеме, студент не смее да биде во работен однос. На газдата му одговара да не плаќа придонеси и да, си ги стави парите у џеб, на студентот секоја пара му е плус. НЕПРИЈАВЕНИ, еј, кој млад не сака да биде непријавен? Стаж треба да течи, пензија треба да се зема.
Здраво! Нова интернационална компанија се проширува во Македонија и има потреба од соработници на целосно или флексибилно работно време! Погледнете ја оваа инсаграм страна или пишете ми во порака за дополнителни информации, се работи за финансиски услуги. Работни позиции кои се бараат се Референти за продажба и Менаџер на продажба. https://www.instagram.com/finansiski.uslugi/
Може детали? ...кој тип на менџаер,што треба да менаџира ,која индустрија ? За менаџер се смета и менаџер на фолк пејачка?
Барам жена со искуство за чистење стан од 55м2 во населба Аеродром два пати месечно Пишете ми во порака понуда со цена.
Baram sorabotnici. Jas sum preveduvac (angliski na makedonski jazik i obratno). Baram lica koi bi mi naogjale klienti. Poveke info vo lp
Приватна детска градинка во Скопје има потреба од: *1 Воспитувачка со важечка лиценца *1 Негувателка со важечка лиценца Работно искуство ќе се смета за предност. Сите заинтересирани кандидати може да не контактираат на 077812034/077998810
Се бара жена за одржување на домаќинство, стан од 60 квадрати, работата е во Центар, во домот ќе биде присутна мајката со бебе - мајката го чува бебето. Работата се состои од: Секојдневно -Готвење -Чистење на просториите и средување на истите (менување постелнина, празнење и полнење машина за садови и слично) -Диплење алишта и распоредување на истите (еднаш месечно можно е пеглање на неколку кошули, без перење) -Одржување на купатило -Исфрлање смет -Други работи по потреба -Доколку мајката има потреба од инцидентно излегување (1 до 2 часа)- запазување на бебето - притоа без обврска за менување пелени или дигање - туку само да се обрати внимание да не падне и слично, за тоа време не треба да се работи ништо друго Месечно: -Бришење прозори и надворешни површини -Бришење врати Работата е распределена од понеделник до петок, по 5 часа во денот од 12 до 5, без празници (верски и државни) и викенди. Плата по договор на месечно ниво, не се кратат празници.