И пак ќе кажам, жал ми е што не сте ме сватиле уште еднаш, а "презентацијата" која ти ја нарекуваш, ние не продаваме ниту молиме луѓе, само ги советуваме и им даваме препораки за здрава храна, никој никого не моли тоа да ви биде јасно сакаш- нејќеш твое си е, исто така жал ми е што не си го сватила значењето на шејкот зошто ти е потребен и не е обичен милкшејк како што мислисш, си била присутна само физички, ама не и психички најверојатно, а за дека цената е скапа, не знам тоа израчунај си ти колку даваш за шминки излегување, и за храна па после кажи ми дали ти одговара цената, од кое се работи за вашето здравје. И уште нешто ќе кажам, нема што да филозофирам само најди човек кој ги користи производите т.е. здраво се храни и какви резултати има. Кој пробал знае. Кој се решил на таков чекор направил голема промена, а кој не наоѓа само изговори. И за крај, на овој оглас имаше најмногу цитати значи ви останува во паметење, за разлика од другите, чим сте потрошиле збор-два за огласот значи нешто вреди, и да не ја расипуваме темата ова е само за огласи Поздрав
Однапред се извинувам, но морам да одам офф, за да му реплицирам на горенаведениов Трајче. Еве и јас бев на една ваква ваша презентација. Цитати има најмногу затоа што сакаме само да им го пренесеме нашето искуство на другите феминки за да и самите без да одат и губат време во вашите простории дека не сте ама баш ништо поразлични од други компании каде соработниците работат на процент. Прво за да станеш соработник, треба да добиеш интернационална лиценца која бај д веј сам си ја купуваш за сума нешто малку повеќе од 100евра. Од старт инвестираш без да знаеш дали воопшто ќе имаш сигурна добивка и воопшто дали ќе успееш да си ги вратиш парите. Второ- треба да навлечеш клиенти со тоа што твојот така наречен ментор ќе си го добие залугите и поените и ќе си рипне погоре. Трето-ти фактички одреден период работиш за него, за тој да напредува и добиваш шанса и ти да напредуваш, значи добиваш шанса, што не значи и дека ќе успееш. Однапред осигурај си клиенти ако сакаш успех. А да напоменам, како што ќе си ја платиш лиценцата ќе си добиеш и 4 производи за кои веднаш ти кажуваат дека привилегирано ги добиваш и истите тие заедно според реалната цена би чинеле некаде околу 10.000 ден. Е сега оди ти убеди ги комшиите, родните и другарките-студентки да си купат милкшејк или пар чизми кои им се неопходни....ај погоди што попрво би одбрале ако имаат лимитиран буџет. Со оглед на тоа дека презентацијата ја вршеа во една просторија каде прво еден зборува па си оди, па друг доаѓа, па се враќа првиот, всушност не ни знаеја дека се повторуваат....значи сите имаа еден увежбан говор без трошка импровизација и имагинација....мизерно беше, не ми се допадна. И ако подобро размислам....имам малолетно дете, дали да се напијам милкшејк за доручек или пак за тие пари да го наполнам фрижидерот па и детево нешто да касне ....ај јас за второво ќе се одлучам, а ти пиј си шејкчиња. Толку од мене. Едит-молите бате, молите да ви се приклучат, еден од вашите ментори едвај го откачив дека не сум заинтересирана, ми го истероризира инбоксот.
Секоја чест за тебе, ако имаш добра работа доволно заработуваш и си добло платена за тоа и можеш да му дозволиш се на твоето дете, а и семејството, ако имате добар и квалитетен животен стил и си задоволна од него јас ти честитам ретки се такви луѓе во државата. Ако стош добро со здравјето истот ака се радувам и цело твое семејство ако е здраво и право. Мило ми е за тебе, а и за сите такви личности. Се надевам ќе ве запознам некој ден. Поздрав уште еднаш.
Морам да се согласам со Лолита. И јас бев на една ваша презентација. отидов само затоа што очајно ми требаше мала прошетка после цел ден учење (наредниот ден полагав), а дечко ми беше договорен да иде натаму (да убие досада, дека нели јас учев). Многу ми беше смешно како се вртеа сите како касета. Еден излезе-друг влезе, а само се повторуваа истите зборови, ми се приспа само. На сите можни огласници 80% од огласите се од вас. Не сте интересни, ама лесни сме ние луѓето за лажење, па поминувате некако. И малку офф-топик, за потписот твој. Знаеш ли како да јадеш чоколадо и да намалиш тежина? Со правилна исхрана, 3 добро распределени оброци дневно, знам од искуство. Само за жал динамичното темпо на живот не ни дозволува да обраќаме доволно внимание на исхраната...
Здраво на сите феминки! Би сакала да Ве прашам дали има некој што би се нафатил да чува стара жена, доста е подвижна, само и е потребно некој да може да и зготви ручек и да и помага во текот на денот (од понеделник до петок) од 08ч.наутро до 16ч.на пладне! Има само еден мал да неречам проблем што жената живее во Петровец, па пожелно е тој што би се нафатил да ја чува да биде негде во блиската околина! Доколку има некој заинтерсиран нека се јави на 075/420-221 или пак пишете кај мене на маил на inana.007@gmail.com
Здраво феминки Нудам членства во нова козметичка компанија Green Master.Компанијата е Бугарска и нова е во Македонија.Се работи мрежно и има одлична заработувачка.Има секаков вид на производи и тоа Сваровски накит,декоративна козметика,природни лекови,витамини,парфеми,препарати за домакинство....итн.Ако има заинтересирани пишете ми ке ви објаснам подетално.
Барам 3D Артист Почитувани дами, Имам потреба од 3D Артист/ка. Станува збор за моделирање на облека (кошула, сако, панталони, маица) од веќе готови парчиња. Треба да се направат 2 статични позиции на камерата (напред и позади) на моделот. Работи кои би се менувале во моделите се текстурите и некои од елементите на самата облека (јака, рабови, ракави, џебови итн). Текстурите како patterns ќе се достават готови. Со други зборови ми траба нешто како во примеров: http://www.itailor.com/designshirts.php e-mail за контакт: martin@n8create.com Поздрав.
Здраво вака се бара девојче за работа како продавчка во бутик за долна облека во центар за повеќе информации на ЛП за да не дојде до забуна не барам јас продаваќка туку барам во име на мајка ми
NUDAM RABOTA FITOFARM- farmacevtska i kozmeticka industrija bara devojka/zena za promocija i prodazba na kozmetickiot program namenet za kozmeticki saloni. Kvalifikacii: komunikativna, pretstavitelna, uporna i pedantna licnost. Pozelno e poznavanje na kozmetickite saloni i Skopje. Vozacka dozvola: DA.
Секој нуди работа, која има некои предуслови.. јас би понудила работа што може секој да заработува, од дома... немора дипломи, знаење на јазици и.т.н незнам дали имате слушнато за Avon Cosmetiks пред се секоја девојка, секоја жена сака козметика, тука се и мажите.. еве начин да купувате козметика за минимална сума, да добивате подарочиња и да зароботувате. Едноставно е, кој е заинтересиран нека ми пише во инбокс, ке му ги објаснам сите детали.. и правила, ке соработуваме и се надевам на добро дружење. Инаку да ви се претставам јас сум координатор во авон веке 4-5 години, баш успешно и одлучна заработка. позЗз до сите.. Кој е заинтересиран, нека ми пише лична порака.. ке размениме контакти и ке направиме обука во врска со авон. И за вработените и невработените ова е одлична понуда, повеке пари на никој не се многу
Доколку некој сака може да се зачлени за работа од дома преку следниот линк: http://signup.wazzub.info/?lrRef=b0bb3ade се зачленувате и многу едноставно го промовирате линкот а за парите се разбира дека се сигурнии бидејќки сепак се работи за WAZZUB.За подетални информации пишете ми...позз
Grad na vrabotuvanje.........Скопје Raboten odnos.................(неодредено) Rabotno mesto.................(Шанкер,бармен,садомијач,бутик,маркет,продавница,обработка на текст) Struchna sprema...............Гимназиско образование Stranski jazici...................Англиски,Хрватски,Албански во изучување Poznavanje na kompjuteri...Microsoft office 2007,2004 перфектно познавање на програми за едитирање текст Vozchka dozvola .............Не (после април) Drugi specifiki...................Диплома од ЕДРМ европско друштво на РМ за учество во надпревар „ Запознај ја европска унија“,Издаден прв новинарски текст во весник Нова Македонија, petkovski.teodor@gmail.com