Или она добро познато... Платата се договара на самото интервју. Јас на таквите огласи не им верувам.
А таа плата што ја пишале по огласиве нема врска. Ми понудиле и помала плата, пример пишале 25 000 , а нудат 17 000 денари.
Очигледно нема. И за платата лажат. Пишува едно, а излегува помалку да земаш. Или фиксна плата минималец и плус процент. А за тој процент маста ќе ти ја извадат.
Има, има. Се пријавив на еден оглас, пишуваше плата од 25 000 до 30 000 денари. Типот на интервју ми кажа дека се почнува со минималец - 14 500 ( тогаш толку беше), потоа се зголемува ако му правиш добра продажба. Мајката, тоа се само лаги. Страшно.
Аууу такви еден куп. Тие ги знам. Или муабетот "почетна ти е 14000 , се накачува како ти што учиш да работиш" . Тоа е никад. Никад не си "научил" или не си се "уходал".
Ни тоа не сум го доживеала. Во фирма една ми ветуваа после 3 ипол години работа дека кога ќе завршам факс ќе ми ја зголемат платата (работев доста специфична работа со голема сума на пари) и кога завршив ми рекоа дека кога ќе бараат со високо образование прво мене ќе ми кажеле.
Чланарината е за партнерите (фирми со кој соработуваме и им бараме работници) Луѓето кој бараат работа не ги сметаме за членови. Ако бараш работа слободно контактирајне
Се бара жена за одржување на домаќинство, стан од 60 квадрати, работата е во Центар. Работата се состои од: -Готвење -Чистење на просториите и средување на истите (менување постелнина, празнење и полнење машина за садови и слично) -Диплење алишта и распоредување на истите (еднаш месечно можно е пеглање на неколку кошули, без перење) -Одржување на купатило -Исфрлање смет -Други работи по потреба Месечно: -Бришење прозори и надворешни површини -Бришење врати Работата е распределена од понеделник среда и петок, три дена во неделата по 5 часа во денот - по избор на жената најкасно да завршува во 5. Без празници. Плаќањето е дневно, по договор.
Зошто само еден број имате? Зошто немате маил? Каде треба луѓево да праќаат CV? Ако имаше само број и Whatsapp, нормално сите ќе мислат дека ќе е измама.
Не треба CV бидејки е агенција за вработување на млади без искуство. Младите немаат искуство и немаат CV.
Како бе немаат ЦВ? Треба да се претстави тој млад човек некако? Име, презиме, јазични вештини, завршено образование? ЦВ не е само за искуство.
Точно. И јас и сите млади без искуство сме праќале ЦВ, мора нешто да се има, каде завршил, што завршил, во тек е со образование, адреса, контакт број, емаил.
Агенцијата е за наоѓање работа ние не ве вработуваме кај нас само ве спојуваме со работодавачот или нудиме наши партнери кој бараат работници. Единственото нешто што треба да го направиш е да не контактираш ако имаш идеа што сакаш да работиш ќе пробаме да ја реализираме ако незнаеш ние ќе пробаме да најдеме нешто што мислиме дека ќе ти се свиѓа.