Нудам работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од Marley, 25 јануари 2010.

  1. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    3.643
    Пол:
    Женски
    Ти и во Агенција за вработување, приватна или државна, треба да пратиш ЦВ за да те имаат во базата да ти помогнат да најдеш работа која ќе ти одговара.
    Како и да е очигледно сте измама на велико. Ни службен маил неможевте да обезбедите? :lol:
     
    На noteforself, SummerGirl, Spicy Senorita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    За што го користат форумов, човече...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.439
    Допаѓања:
    13.652
    Пред некој ден седам во сендвичарница, на радио одат огласи и за ниско платени работници позиции се вели „почетна плата од 35.000, од 40.000“. Немаше скоро ништо под 30.000 денари. Жените во сендвичарата кога ќе ги чуеја сумите само „ааууу, ауууу“, реагираа со чудење. Сигурно лажат на огласи.
     
    На Kiko9 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.426
    Допаѓања:
    13.908
    Пол:
    Женски
    И ти одма се истрча да ги понижиш и кејфот да ти се напраи зашто се чуделе и воодушевувале нископлатените работници без школо што се? Колку само убаво ти доаѓа вака коа ќе пишеш, кажи а?

    Може лажат може и не, не моеш 100% да тврдиш дали е така.

    Си чула ваљда за дефицитарни занимања, луѓето си бегаат на страна, нема работници и “обичната проста„ се освестува Тање, нема да им седи за минималец и да мизерува, па газдиве сакале нејќеле ќе си го одврзат ќесето. Ако не им одговара, нека си работат они самите или нека си стаат клуч на врата.

    Доста више бре само они да поставуваат услови и да се изживуваат.
     
    На ZAHRA, Bratot, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.439
    Допаѓања:
    13.652
    Ти си разговарала со некој од помали места? Знаеш дека 30.000 плата е реткост. И не се работи за дефицитарни занимања. Еве гледаш од погоре пример, на оглас стоело едно, на разговор 8.000 денари помала плата. Прво не ни има работа во малите места, нема никаква плата, не голема, мала. Се едни исти муабети, се освестил народот. Овдека нема пари, нема економија. Освестените одамна се во Германија.

    Жими една фабрика има толкаво Куманово што акумулира повеќе работници, платите сите кажуваат дека се 35.000, 40.000, а реално земале 25.000 денари, со прва, втора, трета смена. Бивша колешка им е шефица, ги контролира, ми кажа земала плата од 30.000 денари. Кај гледате вие толку многу можности во Македонија до степен работници да уценуваат газди не ми е јасно? Дури таа фабрика сега се наполни со малцински заедници, така што помалку работа за Македонците. Тие си биле сложни, се држеле, се бунеле, со тек на време не ме чуди нашите да остануваат без работа поради нив. Во другите фабрики за чевли, некои земаат и под минималец, па враќаат пари во фирма. Инаку кај работиш ти ако не е тајна и колку заработуваш?

    Па и тоа злобно и арогантно, нека затворат. Па нека затворат де, сите до еден, ако имаш баба, дедо, родители пензии ќе земаат од божја милост, бога да чува.

    Жените викаа „аууу“, затоа што не веруваат на сумите кои ги слушаат. Имаат одено и тие по интервјуа, работеле по разни фирми, и јасно им е колку се платите. Плус и живеат во населба каде се фирмите, па ако даваат 40.000, а преку улица им е, не се глупави да плаќаат превоз до центар секој ден. Се лаже на големо кај нас.
     
    Последна измена: 26 октомври 2023
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.955
    Допаѓања:
    13.674
    Повеќето лажат. Неколку искуства имам такви. Ќе те пријават на минималец, а другото како бонус. Може ќе ти дадат плус, може не.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.426
    Допаѓања:
    13.908
    Пол:
    Женски
    Не кажа ти за кај, за кое поточно место збориш.

    Ќе биде реткост да, ако им идат по газот работниците и не си се ценат.

    Па баш напротив бе, да се паметни од помалите места ќе диктираат они услови како сакаат, ако не, ќе им бегаат по поголемите градови каде што има подобри услови и нека затвараат слободно овие.

    Сами сме си криви да ти кажам вака што се понашаат газдите, што си играат курот, да ми извиниш.

    8000 денари помала плата од договореното и будала биди и прифати, некој да те дупи како сака.

    Е у право си дека освестените се у Германија ама не има и нас тука што сме уште и да не дозволиме да си играат со нас.
    Знам, секако дека се такви ама работата е да не им се дозволи да продужат вака и во иднина.
    Не е веќе крајно време они да се најдат малку во подредена положба?
    Да видиш после како ќе почнат да покачуваат коа нема кој да им работи за минималец.

    Газди ако се, не значи дека све им се може, и они не се вечни, може да се сврти тркалото.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.439
    Допаѓања:
    13.652
    8.000 не е малку. Секако дека не треба никој да им прифати на такви. На крај прашање е дали воопшто ќе дадат плата, штом така лажат? За помало место, приватен сектор, еве Куманово, почетна плата од 40.000 е научна фантастика. Мој познаник, физички работник му дадоа во приватен сектор плата од 46.000 денари, сега и над 50.000 зема, ама тој беше со долги години искуство, човек скоро 50 години возраст беше тогаш, сега над 50 е и плус во претходната фирма со стотици работници ( ова фирма од старите тие од екс ју што отидоа под стечај едно по едно), бил единствен што умеел од цела фирма да ракува одредена машина. Тоа е веќе реткост, квалитет и сакаат неќат мораат да го платат. Поточно, не дека сакаат, ама мораат. Такви како него можеби има 5-6 во цела општина. Секој нема толку искуство и знаење за добро да се пазари.

    Кај ќе диктираш работни услови во Берово, Пехчево, Свети Николе, Богданци? Ќорава фирма нема.

    Инаку, сакав да ве прашам, членките на фемина, читав скоро податок дека многу млади работат по две или дури и три работи за квалитетен живот? Ве има такви? Што работите како втора работа?
     
    Последна измена: 26 октомври 2023
    На Kiko9 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.426
    Допаѓања:
    13.908
    Пол:
    Женски
    Ок, не ме чуди дека лаже нашиов народ и си кажува дека поише зима одошто стварно зима.
    Епа еве, ради вакви размислувања од типот на “ќути има и бетер“ типичен македонски синдром на плашливост и пасивност, вака газдиве си се занесуваат, пошо нели газди се, им се може, кој сме ние раја обична да се буниме, да преговараме, да се пазариме, не сме Западњаците ние златни, културни, фини и вредни па затоа ќе си трпиме и ќутиме.
    Ете видиш, значи сепак можело да се буниш и да си бараш подобри услови и сеа кој е крив тука? :^)
    А ти откри јавно кај работиш и колку зимаш? Па сакаш другите да кажат. :drunk:
    Така ли? Значи само искуството е битно? Секако дека е битно, надвор од памет е да се очекува исто да зима и тој без и тој со искуство ама почетна плата да е мизерија над мизериите па дури и под минималец, тоа во ред ти е така, заслужиле толку и не треба да се бунат, нека си ја прифатат реалноста? :|

    Ама стварно размислуваш ко типичен газда, ја да ти кажам, викаш не си ама ептен го имаш оној профилот на македонски газда.
    Па таму кај шо нема никаква иднина не ни остануваат млади и работоспособни, затоа ни луѓе нема, какви фирми очекуваш?
    Си бегаат луѓето во потрага по подобар живот и таму кај што ќе се, треба да си се ценат и да си бараат солидни услови, и да се преценуваш не иде, не сум за тоа ама да те подјебава некој упорно и ти да идеш преку тоа, е исто како сам себе да се погазуваш.
     
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.743
    Допаѓања:
    22.545
    Јас бев претходно излажана дека воопшто постои работното место, вие за плати зборите.:drunk::D
    Long story, не би да откривам што и како ама памет за другпат ќе ми биде воопшто да не ни аплицирам за фирми што се демек нови, демек неразработени, демек еве не сме се пробиле. Или кај што образованието или струката на газдите благе везе нема со дејноста на фирмата па ќе брка рандом луѓе да му завршуваат обврски што сам треба да си ги заврши зашто он абер нема од тоа.
     
    Последна измена: 26 октомври 2023
    На noteforself, Tam4yy, Spicy Senorita и 3 други им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.455
    Допаѓања:
    37.631
    Пол:
    Женски
    А што со оние што нудат работа, а не ја плаќаат обуката? Дојди една недела на обука, па ќе видиме. Ма немој. Лажги со опашки.
     
    На izabela.nik, Kiko9, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.557
    Мене ми кажаа дојди 2 недели, по 6 саати на ден, пари њамааа:P
     
    На SummerGirl и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.439
    Допаѓања:
    13.652
    Си се бунат за себе, за својата заедница, им е гајле за другите, за Македонците. Пример, може да те испровоцира, ако си избувлив, ќе почнеш да се дереш, и оппп, има строги правила во фабриката, ќе се бранат, ќе кажат ти си почнал прв да се караш, тие се држат, твоите ќе ќутат, оти се себични, во најмала рака добиваш казна од 10% на плата, а во најлоша може и отказ.

    Не е јас што зборувам туку како е реалната ситуација. Ќе тераат така со ниски плати под минималец, ќе видат не бива, си одат, ама фирмите уште постојат, очигледно има „овци“ за стрижење. Не е до мене, до нив е. Што прифатиле? Јас не би прифатила. Јас кога прашав една жена како и се оди за под минималец ми вели „па види, имам преку 50 години, не знам друго ништо да работам, дома да седам ќе збеснам, епа ние си завидуваме за 1.000 денари, која ќе земе повеќе, а која помалку“. Значи нема избор.

    Подобро би било да има повеќе фирми, и тоа успешни, да знаат газдите дека имаат конкуренција која им диши во врат, и дека во секој момент можеш да им избегаш за подобри услови. Можеш да уцениш, да бараш повисока плата, ама ако фирмата е на шкрги, џабе ти е, нема да добиеш, а ако си премногу дрзок, ако е на зор, ќе ти даде, ама за 2-3 месеци ако прати цв некој солиден кандидат, газдата ќе те шутне од инат. И тоа е можно. Или варијанта ќе ти даде покачување ако си барал, ама ќе те затрупа со уште обврски, па пак ти е џабе. Тие пари на нос ќе ти излезат. Само поразвиена општа економија во државата му е мајката, ама тоа тешко.
     
    Последна измена: 26 октомври 2023
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.439
    Допаѓања:
    13.652
    Како? Такви фирми продаваат кули и градови и на крај ќе си одиш без денар. Не се остава сигурна плата и сигурна работа, за некои си пролетери од вчера.
     
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.743
    Допаѓања:
    22.545
    Што како?
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.439
    Допаѓања:
    13.652
    Мислев како тоа не постои работното место? Што се случи? Инаку на такви огласи бараат помлади, некои што ќе ги изманипулираат.
     
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.743
    Допаѓања:
    22.545
    Малце грешно се изразив.
    Локацијата за кај што бараа работник не се отвори официјално, иако првично рекоа дека е све отворено и уредено. Па за истиве работев друго додека бидне тоа и следеа куп лаги од нив, катастрофален однос, да не зборам неправилности у работа околу пријавување, плата и слични ствари.
    Не знам што се случи после, дали се отвори ама и други разбрав дека биле од истиве измамени.

    Јас дека без искуство, и беше аа не се секирај ќе те обучиме. Али тоа е, ме нашле и мене и другиве наивни.
     
    Последна измена: 26 октомври 2023
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Ама ова е типична приказна во Македонија.
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.455
    Допаѓања:
    37.631
    Пол:
    Женски
    Така прават за да не плаќаат. Ќе одиш ти да работиш една недела за без пари и ќе ти рече ај дојди пак уште една недела. Нормално дека нема да прифатиш и ќе си заминеш. Па ќе најде друга будала и така по ред.
     
    На izabela.nik и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Не плаќаат се дури да дојди некој изнервиран и да ги скрши од ќотек (заслужено). Па после оди жали ги оти некоја инспекција им затворила фирма, па леле, нема повеќе мали бизниси. Не знам еве, да не е карма можеби?
     
    На Tanjamm, Kiko9, Curious cat и 2 други им се допаѓа ова.