Нудам работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од Marley, 25 јануари 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.438
    Допаѓања:
    13.634
    Инаку, доста луѓе прифаќаат да работат за мали плати од повеќе причини. Прво, иако не откриваат јавно, многу народ кај нас си има здравствени проблеми. Ако почнат тие со уцени кон газдите ќе следат контрауцени. Јас не сум знаела дека една операција на циста може да ти ја намали способноста за работа. Еве моја блиска после операцијата не можеше да крева и ден денес не може да крева нешто потешко, макар нека се 5 килограми, не може да стои 8 часа на нозе, и тука во старт сама си селектира што ќе прифати, а што не. Луѓето над 50 години прифаќаат дај што даш. Млади и неискусни, ако се во зор за пари исто. Самохрани мајки, луѓе со кредити исто. Ако имаш деца, може имаш способности да си најдеш поасална работа во Скопје, арно ама месечната е 5.000, а сега ќе биде и поскапа, а тебе деца те чекаат после школо за домашна и тие деца некој треба да ги испрати до школо, да ги пречека, може губеле час, некој треба порано да ги земе. Во 80% од Македонија владее тешко економско сивило. Пиши пропало на градови со една, две фабрики каде бројат кој колку пати одел во веце или бараш дозвола за вода да пиеш, па ќе превртуваат очи. Не се глупави луѓето, немаат избор, никаков. Друга работа, сум разговарала и со странци и со нашинци што отишле во развиените земји, ние сериозно заостануваме во сите сектори, тоест поим немаме. Не можеш да знаеш да работиш со машини какви со очи немаш видено и не се ни користат во Македонија оти се скапи, а газдите не инвестираат.
     
    На lovely91, izabela.nik, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.955
    Допаѓања:
    13.673
    Во една фирма работев месец и пол без пари, будала бев знам. Сега да ми е овој памет би ги пријавила, безобразни.
     
    На Kiko9, sino.o.oka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.426
    Допаѓања:
    13.907
    Пол:
    Женски
    Е ова, овци да не бидеме е поентата.

    Знам дека коа луѓе се со фамилија и деца, све би прифатиле и би работеле за само да се има за да се протурка месецот и најчесто они се тие кои прифаќаат вакви понижувачки услови, коа ете немаат избор.

    А млади луѓе да се погазат самите и да ги заебаваат газди, не иде, колку и да се без искуство, трудот треба да се поштува и цени, тоа ти го зборам цело време.

    Затоа не треба да прифаќаат вакви работни места, се помалку да ги има тие што би прифатиле па нека стаат прст на чело работодавците, нека се подзамислат дали сакаат да прогресираат или да пропаднат, изборот е нивен.

    За ова последново што го пиша во право си, посебно дека луѓето со здравствени проблеми немаат голем избор и се ограничени.
    Не дека ни тие не можат да си најдат соодветно работно место кое е еквивалентно и на нивните компетенции, способности и здравствена состојба ама да, потешко е.

    Но не треба пак, да се откажува човек и да прифаќа нехумани, потценувачки и експлоатирачки услови по секоја цена, само зашто е спречен поради нешто, треба да се стремиме кон што е можно подобро.
     
    На Bratot и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.452
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали инспекција ги контролира таквите газди?
     
    На GirlLove и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  5. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.599
    Пол:
    Женски
    Не, затоа што инспекторот е прв братучед на газдата... Сите се поврзани како свински црева. Се штитат. Ако не тоа, газдава ќе плати ручек, вечера, скапо вино и решена работа. Јавна тајна е тоа.
     
    На Malesia, GirlLove, izabela.nik и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.955
    Допаѓања:
    13.673
    Не, туку и народот трпи. Работа тешко се наоѓа, па си велиме ќе одиме на обуки неплатени.
     
    На Kiko9 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.452
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    И јас бев будала кај што работев во маркетот. Ништо не плаќаа. Ни празници, ни прекувремени саати. Ни К15 не исплатија. Се зафркнав што не го пријавив газдата.
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.793
    Допаѓања:
    173.162
    Пол:
    Женски
    Во Берово и Пехчево во фабриките од дрвна индустрија ниеден не е под 27000 ден
    Во пиланите земаат 33000-40000
    Во Алпин ком земаат 30.000-36.000 па и повеќе

    Само во Бетекс шивачките се на минималец и во агро макс сушарата.. Таму и само жени примаат на пример..

    Во еден ресторан тука правев муабет со менаџерот бидејќи ми нудеше втора смена да им држам позиција за сомелиер ми понуди 33000 без чинии да мкнам.. Келнерот рече пријавен е на минималец а зема 28000 плус бакшиш..
    Стокомак тука 28500 земаат
    Голем дел од тука одат во Амфенол исто за 28000+
     
    На Kiko9 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.438
    Допаѓања:
    13.634
    Па добро штом е така, се жалат многу луѓе од таму. Останат е само стар народ, се гледа тоа. Инаку имам видено женички од Берово дека патуваат до Виница за во текстил. Кое малтретирање е тоа и за која плата.
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.452
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Факт е дека има луѓе на кои не им се работи. Имам роднина која работи во една фабрика во внатрешноста. Вработените се добро платени, ама треба да се испотиш. Таму нема седење. Колку повеќе работиш, толку подобро за тебе. Поголема плата ќе земеш. Ама некои се научени да лежат. И затоа напуштаат.
     
    На Dust и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.438
    Допаѓања:
    13.634
    Имам колега од Берово замина во странство и не планира да се враќа. Само се жалеше дека ништо нема. Знам двајца пехчевци работат во Скопје за многу мали пари, кога ќе платат кирија дали воопшто нешто им останува. Значи нема живот таму. Да им давале по 500-600 евра таму нема логика да седат во Скопје, да плаќаат скапи кирии, да преживуваат. Хартија се трпи, оглс се трпи, муабет се трпи, кога ќе дојде први, важно е колку имаш на сметка. И не е само од денес за утре. Си требаат стабилни приходи со години. Еднаш во Берово ми текна, дај ќе си ја скратам косата, жената цел ден две муштерики, мене и друга жена. По 150 денари, тоа се 300 денари. Нема живот таму.
     
    На eliesaab, Spicy Senorita и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Живеам во град во кој има фабрики, ама условите се вакви какви што ги опиша. Дури и кога ќе ги гледам кога се враќаат со автобуси, повеќето се над 40-50 години. Млади, одвај и да има, освен тие со врски кои влегле во канцеларии, ама тие се малку. Младите од мојот град или одат на црно неколку месеци во Германија, или во Хрватска. Не знам колку прават во текот на сезоната, ама таа е вистината и таа е реалноста. Други опстојуваат преку некој мал бизнис на родители или работат од дома. Сега и за одење во Германија е потешко и тешко се наоѓа кирија, па некои се во Чешка и Словачка. Некои успеваат да се снајдат, други имаат неколку промашени обиди. Воглавно, оваа земја е економски искасапена.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.438
    Допаѓања:
    13.634
    Не е дека некој нема да се снајде во Берово, Пехчево, некому и таму ќе му е убаво, ако му се погодило, но генерално е многу лошо. Џабе ќе дискутираме за плати на келнери во мали градови, кога кафичите се полупразни. Во Пехчево има два кафичи, јас во едниот бев сместена, двајца келнери имаше, не работат по 8 часа, цел ден окапаа таму, тоест 3 дена седев, двајца келнери, постојано на работа. Во Берово млади деца работат, студенти ли се, средношколци ли се. И таму зависи кој период ќе одиш, ама често е повеќе празно отколку полно. Физерка што денеска ќе потстриже две муштерики е на раб на опстанок и како ќе исплати кирија, даноци, плата итн? Крушево иста песна. Луѓе со два факултети невработени. Минатиот пат кога бев во Берово, жената каде се сместувам се вработила. Кога ми кажа дека нашла работа, помислив на партиски врски, но не, семејна фирма, тоест се вработила кај мајка си. А што ќе прават другите што немаат родители бизнисмени? Во Дојран во маркет сретнав бивша колешка, од Скопје се омажила таму, работа нема и работеше во маркет, сезонски само, потоа без работа. Една голема катастрофа.
     
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.793
    Допаѓања:
    173.162
    Пол:
    Женски
    Нормално дека не планира.. Кока будала би планирала ако се снашол...?!
    Ако ти рекла дека цел ден само 2 муштерики има, не значи дека е стварно така..
    Тука е многу распространет тој тренд да сите се жалат, кукаат а сите имаат..
    Мојата фризерка закажува 6-7 дена однапред.. За викенд е резервирана одамна..
    Наплаќа 500 денари за шишање, до лани 400 беше..
    Двајцата машки фризери се преполни, само не закажуваат.. Чекаш по саат време пред дуќан или во кафич на кафе и те викне кога стигнеш на ред.. 200 денари за 15мин шишање

    Водоводџија не можеш да викнеш, закажани се до јануари.. На комшивка и пукна цевка и за лепење на два краја на пола метарска пластична цевка и наплати 2500 затоа што оставил други работи за да дојде..
    Викав скоро електричар во една куќа да смени стари осигурачи со нови, закажано месец дена унапред - цехот 10.000 ден..
    Плочкарите од сега за крај на јануари се резервирани..



    Патуваат 40 мин во правец, знаеш дека на запад патуваат по 2 саати па не е малтретирање нели..?
    Јас кога живеев во Њујорк, колешка моја до нејзиниот стан во Бруклин патуваше секој ден по саат ипол.. И кај нив тоа не е толку ненормално..
    Братучетка ми во Минхен патува најмалку 40 минути, универзитетски истражувач.. Па не и е понижувачко и малтретирачко..
    Платата во Виница е повисока од таа на Бетекс во Берово.. Ако ти е за утеха.


    Од друга страна, точно е дека Пехчево има 2 кафичи и 4 ресторани и скоро речи е умрено.. Ама има фабрики и се работи на црно до немај каде.. И никој не е невработен а е научен да кука мислиш умира за леб.. Младите се иселија, точно е..

    Во Берово е подруга слика..
    Тука се живее од туризам на велико..
    Мажите камионџии, барем 80 фамилии има што јас ги знам..
    Жените или безделничарат дома оти им се може и кукаат како е се скапо, а таа седнала нокти да и прават или пак работи дали за минималец, дали за многу повеќе од минималец..

    Кражбата на дрва цвета, има 5-6 пилани и една фабрика за пелети.. Мафијата е поврзана се до највисокиот врв во органите, од Скопје се јавуваат за да ги пуштат кога ќе заглават со шумска полиција..

    Статистички во Берово има околу 10% невработеност и тоа најголем дел се оние што ги мрзи да работат и се жалат 24/7 и оние што работат на црно.. А верувај дека такви има премногу.
    Од тие 10%, 5% се во селата и тие најчесто се занимаваат со земјоделие, ама не се пријавени за да не плаќаат земјоделски придонеси..
    Во градот пак сите што издаваат вили, цело време им се полни ама освен 2-3 вили, никој друг не е пријавен како вработен, а нон стоп чистат, чекаат гости, испраќаат гости.. Живеат од гости.


    Во Берово НЕМА луѓе за жалење.
    Живеам скоро веќе 7 години во Берово и може да ме обесат на јарболот сред центар ако најдат работоспособен човек што е за жалење во Берово.

    За жалење се пензионерите, кои што најчесто се со минимални пензии поради скапаната транзиција каде што им ги усраа животите, па и тие што работеле по 30 год, едвај собраа на крај 15год стаж бидејќи некој си правел што му е убаво на долниот..


    А тоа дека живее Берово од туризам го покажуваат и цените последниве 2 години..
    Во ресторанот на Ловен дом направиле 350 денари порција пилешко во кари сос и 370 денари суфлаки порција чиниш у скапаното Скопје си со цените.. А полно е особено за викенд.
    И ќе ми кажеш сироти тие.. Ептен се сироти, еве рикнав да плачам:drunk:
    Во Мрс маса не можам да резервирам од денес за утре..

    Многу подруга перспектива ќе имаш за Берово, ако дојдеш да живееш малку тука..
    И претходно влеговме со тебе во дискусија за берово, но само затоа што си го посетила неколку пати, не значи дека знаеш како секојдневно живеат луѓето тука..



    Може напишав книга несакајќи ама мака ми е кога некој ми кажува дека белото е црно и обратно а јас живеам и работам секој ден во тоа окружување
     
    На *Amethyst*, emiliana, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.438
    Допаѓања:
    13.634
    Јас мислам дека пензионерите баш тоа ги вади, што децата им праќаат пари од странство и така компензираат. Tреба повеќе странски туристи да доаѓаат, да се испромовира. Да ти дојдат гости што имаат пари. Не се лути веднаш, ништо лично, ти знам дека фино си живееш, сфатив од постовите, ама генерално луѓето се жалат.

    Да не ме исмеша ти со таа што се жалеше за скарата што мирисала на чад? Не бев јас тоа. Во Мрс воопшто не сум била.
     
    Последна измена: 28 октомври 2023
  16. 94kickey

    94kickey Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Дечки, има отворена позиција за позиција асистент за продажба во East Gate - Sansiro perfume, почетна плата 23.000 + бонус од секој продаден парфем. Потребни се две лица.
    Може да испратете CV на amelijaparfemi@yahoo.com или да не контактирате на телефон 078/868-382.
     
  17. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.175
    Допаѓања:
    16.397
    За во мол, почетна треба да им е 33.000,на таа мака таму.
     
    На Anyshka, Just.do.it и lovely91 им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.452
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Ако даваат бонус за секој продаден парфем, тоа значи дека треба да им се лепиш на муштериите. :x
     
    На Anyshka и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.557
    Крвта треба да им ја цицаш, ја за 23.000 никад не би се фатила у мол.
     
    На Anyshka и Just.do.it им се допаѓа ова.
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.955
    Допаѓања:
    13.673
    Секаде треба да е толкава платата, а не да нудат минималец. Плус се научиле со неплатени обуки, тестирања и слични глупости.
     
    На *Amethyst*, Just.do.it, lovely91 и 3 други им се допаѓа ова.