Baram kukna pomosnicka za polno rabotno vreme od ponedelnik do petok vo Skopje. Zainteresiranite moze da mi pisat privatna poraka pri sto ke dobijat podetalni informacii.
А бе и јас мислев кога бев помала дека во бутик е многу лесно епа не е, додека студирав имам работено по бутици и воопшто не е лесно како што мислат, можеби во локални бутици зошто ги гледам дека седат, пијат кафе, не даваат фискални, цена и состав немаат пишано на ниту еден производ, а во моливите не е така и нон стоп има попусти па нова роба па таа претходната пак на попуст и нон стоп цени мора да се менуваат, а во локален бутик усно ти кажуваат толку е ама ќе ти го дадам за волку, повеќето тие се газдариците што работат, имаат по едно девојче на смена и толку. Па кога работев во Фиори во Рамстор кога ќе дојдеше нова роба останувавме до 3 сабајле и оди утре работи, и викенди и празници работевме, на 1 ви Јануари попис правевме, исто и за други денови кога имаше попусти останувавме покасно. Потоа работев во Мега Фешн кај Мида Моторс, тој менаџерот сите постари вработени мислам што работеа подолго таму не за години ги распореди која во мега фешн карши Рамстор, која во ГТЦ отворија нов бутик и го затворија многу брзо, а ние што бевме 6 девојки на интервју сите наеднаш ама во канцеларија една по една и не вработи сите нови без тие поискусните па снаоѓај се, врска немавме кое кај стои што има. И правевме кафе на менаџерот и гостите, и канцелариите му ги чистевме и папагалот, да папагалот, кафезот го чистевме. Доле ништо немаше ни донесоа роба од дедо Ное и цело време одвај ја средувавме, ни кажа за доле друг дел е ќе вработел други а ние горе, ништо од тоа по 3 на смена бевме, 1 на каса двеве што попрво, скоро секој ден ни носеа застарена роба, магационерите до врата ни ја оставаат ние дигавме тешко, менаџерот не ни дозволуваше да ги влечеме пакетите со роба плочките ќе се изгребале, толку барања за мизерни 11.500 пред 8-9 години. Многу е лесно во бутик ептен.
Ова што го опишуваш баш за локални/помали бутици важи зашто еден човек работи се' , за плата исто може да има каснење, да не се следи се' законски и сл, па кога ќе се спореди со продавници во молови реално излегува потешко и понеизвесно, што и не е толку едноставно ко си седат кафиња си пијат и баш им е лабаво.
Да ама денес во ваикики ќе здиплиш преку 1000 блузи како што сме стока невидена и расфрламе насекаде.. Стојат цел ден, едвај една пауза добиваат.. А во маалски бутик дали 50 души ќе ти влезат денес и остатокот од времето седат, не стојат, кафиња пијат, цигари пушат.. За млади девојчиња полни со енергија подобро е во некој мол, ама за нас над 30 што кичмите ни откажуваат...
Здраво, барам медицинска сестра за работа во Скопје со положен стручен испит. За подетални информации контактирајте ме во лп.
Приватна предшколска градинка објавува оглас за вработување на воспитувач во предшколска установа во Белград, Србија. • Потребни квалификации: - Завршено високо образование дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст или со завршено соодветно вишо образование за воспитувачи -Може и без искуство - Можност пријава за полагање за лиценца - Обавезно познавање српски јазик - Почетна плата 800€ - Работно време: 8ч. - Платен превоз на територијата на Белград • Вештини и способности : - Професионален, амбициозен и одговорен однос. Лице за контакт : Вања +381 644366075 од 15ч до 20ч Mail: bambiskolica@gmail.com
Здраво на сите, дали знаете некои страни, или имате видено некои огласи, каде што се бараат хонорарци за content writer или некоја слична работа било што поврзано околу тоа?
Плата од 30 000 почетна, доколку личноста е со искуство, сериозна и одговорна платата ќе биде поголема, со можност за дополнителни часови на работа и платени празници според закон за работни односи. Пријавени од прв ден. К15, Одмор/ слободни денови исто така според закон. Објектот е лоцирам во Ѓорче кај К мол. Доколку некој има потреба од работа може да ми пише во лп, би договориле интевју за да може да го видат местото лично и да поразговараме.
Обично луѓето пишуваат позиција.. Може да е продавач, може да изиграва магаре или мики маус Може да е наплатувач на паркинг а може да е и месар..