Доколку има некој готвач/кувар што бара работа во Скопје нека ми пише во порака. Главен готвач во кујна бараме.
Здраво девојки Потребна ми е девојка која ќе работи како хостеса од 29-31 Октомври. Настан: саем ЕнергоТехнома Локација: Скопје Возраст: 18-30 години. За повеќе детали ве молам пишете ми
Барам работа, итно најитно. Важно ми е да е прва смена, евентуално втора/измеѓу најдоцна до 19-20 да би можела да бидам дома. Напоменувам, бремена сум 4ти месец, со што до април би била во можност да работам. Имам 1 ипол година искуство дигитален маркетинг, 2 години дата ентри, 3 години директна продажба. Аплицирав секаде, па и Кам и Стокомак за на каса - одговор од никаде. На апворк на 100 огласи имам пуштено, одговор нема.
Итно ми треба native speaker на Албански односно да му е мајчин јазик, за кратки преводи на кратки комерцијални текстови или флаери ( параграфи/наслови/упатства ) за земјоделски производи ( pest control). Преведувањето би било потребно повремено, но можно е да биде на подолг рок.Најважно е да има добра комуникација и соработка, преводите да се коректни и граматички точни. Ако има некој заинтересиран нека ми пише за детали.
Се нуди работа во Куманово за фармацевтски техничар во аптека со и без работно искуство. Кој е заинтересиран за контакт пишите ми во порака.
нашата фирма има потреба од 1. software инжинер -со искуство особено во кодирање 2. ui/ux дизајнери 3.Доставувач со своја кола заинтересираните нека ми пуштат лп ќе им дадам меил каде да се пушти cv
Да, да од дома, повремено е, кога има потреба, битно е достапноста (на маил или слично) праќам дел за превод, договараме цена и останато. Најважна е точноста бидејќи ќе се препроверува, друго се е договор. Ако сакаш пиши ми порака ќе ти пратам пример текст чисто да видош дали би можела да се снајдеш. Да додадам, не е фул тајм работа туку баш хонорарно, некогаш секоја недела има нешто за превод , некогаш еднаш месечно зависи кога имаат презентации или семинари, не е ништо напорно или страшно.
Вака, за да не се разбереме погрешно , ова што го побарав е хонорарно, по потреба, на познаникот што ме замоли да побарам му е потребно за презентации или флаери, преводите се кратки и повеќе е како услуга за која што секако ќе се добие онолку според договор, јас му преведував на англиски, или српски, пример ќе ми прати два параграфи, да речеме тоа е навистина малку, и ќе се договориме да речеме околу 5 евра или да речеме една страница 500 денари зависи, му ја праќам за еден ден или како и да треба, ми дава пари веднаш, понекогаш не ми се исплаќало да чекам 200 или 300 денари да ми прати, па кога ќе се соберат околу 1000 ми ги пушта ( најчесто преку WU, на сметка или ми ги има оставано во Скопје) ништо посебно, не е некоја преголема или комплицирана работа за да се зафркне некој, туку неможе да најде особа која знае албански и е достапна било кога (на мејл или било што), понекогаш потребно е 2 збора да се преведат. Не е ниту фирма, ниту фул тајм работа па да се бркаме, потребно ми е некој сериозен за соработка и услуга, и добра комуникација.