во денешно време кога навистина е многу тешко да се најде работа, ова и те како е добредојдено. А и да најдеш работа ретко каде си осигурана на цело работно време и ти тече стаж, пензиско и слично, или си работиш на црно, таа ние реалноста за жал Така да за мене оние 20000-30000 ден кои ги земам на 3 недели и за кои многу се трудам ми се основен извор на сретства а не додатен. А за сигурноста и на друго работно место да си во некоја фирма, кој ти гарантира дека таму ке останеш засекогаш а???
А кој денес може да направи мрежа со Авон или орифлејм не сваќам секој 2 буквално е зачленет и кога ќе им дадеш каталог на некој како од оган бегат или го порачват најефтиното ретки се тие кој можат да си дозволат нешто повеќе зажал ова е реалноста...
Не верувам, ниту мрежа ниту пак 20 000-30 000 денари на 3 недели Знам дека се трудите да си ја проширите мрежата, ама не ширете дезинформации. Некој може да се зачлени и да заглави со долгови, а вие му нудите сигурна заработка.
Скараџика во кафана/скара на кило во близина на железничка.Искусна да има работено да знае убаво да ја испече скарата..За подетални информации слободно прашајте..
значи јас не ширам дезинформации и до оваа сума јас не дојдов за еден месец, туку постапно за некаде година дена, а и нема шо да се правдам тука, јас само си ја кажав мојата приказна. и пак ке речам дали ке напредуваш или заглавиш во долгови зависи од самиот...А за ширење на мрежата има доста простор, па има различни генерации и секогаш има некој што сака да се зачлени
Ок, јас имам веќе изграден став по ова прашање и нема да продолжам со дискусијава. Едноставно сметам дека претставник, координатор или лидер на група во Авон или Орифлејм или било која друга компанија која работи на тој начин не е работа во вистинска смисла на зборот и не може и да се нарече работа. Работа ќе биде само кога таа компанија ќе објави оглас за вработување на некој менаџер, раководител на сектор, сметководител или не знам што, АМА тоа ќе биде регуларно работно место со сите потребни процедури и плаќања од страна на работодавецот. Поздрав и секое добро.
се согласуавм со тебе миме87, тоа не е работа, не само што неможеш мрежа да изградиш, туку тие што се зачленети од поодамна ги даваат производите по набавна цена, така да заработката пада во вода, единствено некое сјајче или нешто ако ти дадат поклон, само тоа е +, друго нема ништо.
Токму така, освен тоа сите веќе знаеме и сами да си ја израчунаме набавната цена, па зошто да давам пари плус на некој, кога можам да порачам од некој друг по набавна
Бараме Кројачка/Моделарка/Шивачка. Условите кои ги нудиме се далеку подобри од вообичаените услови во фабриките кај нас...да не звучи клише, ама стварно сме млад и динамичен тим и ни треба некој со желба за работа. Не се лимитираме во поглед години/пол/брачен статус. Единствено инсистираме на тоа човекот/жената што ќе го/ја вработиме да е перфекционист од аспект на изработка - т.е. да го сака и да го знае тоа што го работи. Во Скопје сме. Ако има некој/a заинтересиран/а, пишете лп. Или ако знаете некој што одговара за позицијава, please spread the word... Фала
Grad na vrabotuvanje........Цела Македонија Rabotno mesto.................Агент за продажба Struchna sprema...............Желба за работа во продажба Stranski jazici................... Не е важно Poznavanje na kompjuteri... Основно познавање Vozchka dozvola .............Не е важно Сите заинтересирани и за повеќе информации можете да пишете во лична порака.
Grad na vrabotuvanje........._____Скопје________ Raboten odnos.................(neopredeleno/) Rabotno mesto................(немам) Struchna sprema...............Компјутери Stranski jazici..................._Англиски Poznavanje na kompjuteri..., Office, Linux,windows и се друго во врска со копјутер Vozchka dozvola ............._______За В категорија______
Се бара продавач/ка за во оптика со завршено стручно образование (оптичар), со или без работно искуство. И продавач/ка за продажба на наочари на тезга, со или без работно искуство. За повеќе инфо лп
Маркетинг агенција од Скопје бара хонорарен (од дома) преведувач од Англиски на Македонски за упатсва за користење на аудио-видео уреди и апарати за домакинство. Покрај доброто познавање на Англискиот јазик, потребно е и ОДЛИЧНО познавање на Македонскиот јазик. Предност, но не и услов - минимално познавање на Корел, за едитирање на преведениот текст со слики. Степенот на образование исто така не е услов. Цена по договор. Ако се покажат добри резултати и трудољубивост, можно е вработување за постојано. Контакт и за повеќе информации преку ЛП
Се бара продавничка само за продавање на киоск, се отвори нова продавница во Рамстор и се бара само продавачка.. накнадно за плата такви работи не знам но доколку има некој заинтересиран нека ме контактира
Козметичко студио во Скопје (во близина на Центар) бара девојка за работа. Пожелно е да има искуство во некои од следниве области: козлетички третмани, депилација, маникир, педикир, анти-целулитни масажи, итн. Важно е да сака да работи, да сака да учи и се разбира, да има професионален однос со клиентите. Ако некоја има голема желба да научи, а нема искуство, исто така може да биде земена во предвид. Ако има заинтересирани, пишете ми лп со кратка информација за вас - искуство, возраст и слично.