се мислев каде да ги сместам бидејки се приготвуваат и како супа и како шпагети па решив да ги ставам во посебна тема дали јадете нудлс? јас и моето семејство ги обожаваме,лесни се за подготовка,вкусни се,диетални и богати со енергетска вредност син ми и маж ми ги сакаат со вкус на ракови,а јас ги сакам комбинација на говедско со чили
нуделс serpentina ме праша дали има и други нуделс освен бугарските,има и грчки,јас ги купувам во рамстор и во принц супермаркет во т.поле(има со вкус на чили,зеленчук,говедско,пилешко,печурки и шкампи) поздрав,чао
нуделс Јас веќе некое време имам дома една кесичка со вкус на морски плодови -Ориентал Експрес (Кинески) и се чудам што да им правам. Прво ме разочара тоа што гледам во составот многу додатоци, сол, емулгатори. Не ми изгледаат баш за некоја здрава храна. Ако им дојде редот некогаш за готвење, ќе пишам за впечатокот.
Пробано, вкусено, дегустирано.Пред да ги пробам, да, ми беа малку чудни.Сe прашував: ''Добро, зарем фиде суво може да се јаде како макарони,чекај не се додаток за во супа !?'' Целата бев во прашалници, но откако ги пробав (моите беа со зачин морски ракчиња мислам) дефинитивно ми се допаднаа. Ги има мислам по маркетиве како ВЕРО, Тинекс, Карфур и слични,мене ми се допаѓаат.Исто и во sushi co.
Од тие спакуваните со зачини најмногу ги јадам тие со вкус на луто говедско. Кај нив не ни морам да додадам друг зачин, додека кај останатите зависно од вкусот додавам или кари или мешавина зачини нешто како чили во прав. Многу ми се убави да ги јадам со малку течност во нив и ептен убаво ми го разработуваат организмов наутро. Инаку ги сакам и промешани со соја сос и динстан зеленчук или некогаш ги јадам со пченка варена, зависи како сум расположена и колку време имам. Со месо не сум ги правела до сега, ама сум јадела и така ми се убави. За конзерванси не сум читала, но ако не сакате вакви има во маркетите каде што се продава здрава храна, оризови нудлс спаквувани баш како фиде. Е сеа малку поскапи се од останатите, околу 100 денари една кесичка, ама ако сакате и ако ви прават кеиф има алтернатива.
Јас ги јадам оризовите. Поскапи се, ама една кесичка мене ми доаѓа отприлика за 3-4 оброци, зависи колку ќе ставам. Исти се на вкус, направени се само од оризово брашно и вода. Јас моите ги јадам со доматен сос, печурки, кромид, маслинки, домати и понекогаш уште некој друг зеленчук, зависи што имам по дома. За 10 минути имам најубав ручек.
Одамна не сум ги јадела, дури се зачудив и дека имам мислење во темава Тие со луто говедско стварно се убави, ама избегнувам веќе работи што се полни со конзерванси и емулгатори. Баш ќе ги пробам овие обичните без додатоци.
Нудли јадам со години секој втор ден и сум махер за правење и вкусови за нудли Бугарскиве што ги има по маркетите низ Македонија се катастрога ем дебели ем тој прашокот е ужас Маggi се убави ама српските , и од Бугарија сум купила Маги ама не се толку колку српските а најубави според мене се овие совршенство тетка ми ми ги донесува од Шведска ама незнам кај би можела да ги најдам поблиску...
Ако може некоја да сподели рецепт за нудлс? До сега ги правев само со зачините што одат со нив, но сакам да експериментирам малце.
Ги обожавам. Сакам да ве прашам како правилно се готват нудлите од тие што се во паковка со сосови. Пред некој ден си правевме со другаркиве ама тие ги ставаат сите сосови во тенџерето додека се варат (и маслото, и вегетата и тоа лутото што е). Мене така по не ми беа вкусни а и некако ми беа многу суви. Тие ги јадеа со кечап ама јас не сакам кечап. Јас си ги правам на тој начин што во тенџерето го ставам само маслото и откако се сварат ги цедам и ги ставам во чинија и ги додавам вегетата и лутото. Мислам дека така е правилно да се готват а и така ми се највкусни.
Не знам дали е најправилно, но јас ги варам 3 мин, ги цедам и ги ставам во сад. Го ставам маслото што оди со нив, сипувам малку и маслиново, го додавам зачинот и мешам.
Обожаваам Често ги јадам 2-3 пати во неделата сигурно. Има 2 начини. Ако сосовите се стават у вода после тоа ќе се процедат помалце луто е. А ако сосовите се стават после варење поише луто е.