Ги јадам често,убави ми се оние купечките само пилешки вкус,другите не.Сега откако сум трудна секој ден ми се доручек зошто леб не можам да јадам. Гледам сте пишувале суви,па зачините отпосле... Нудлите не се цедат ко макарони,се остава вода да има и постепено во јадење сама се упива.Затоа и нудл суп пишува.Не знам како не ви се лепат цели без течност кога ги вадите.
леле порано се давев во нив! посебно оние спремнине од веро, стаиш вода и готово, за на раб ми беа перфектни. ем ниско калорични, eм течна храна... е глутен фри не сум сретнала за жал
Ги јадам,најчесто вегетаријанските. Со пилешко немам пробано,има и други вкусови ама овие ми се најтоп особено ако сакаш брз ручек за на работа.
Шо сакаш ставај во нив како тие сосојте шо идат во пакувањето на крај вкусот останува со ист квалитет, никаков.
Тестенини, брашно цели, што да очекуваш повеќе. Сепак, може да се вкусни, тие зачините се океј но може и со многу други работи да се комбинираат.
Нудли пакетче ставам во веќе зовриена супа, заедно со многу зеленчук. Морков, брокула, карфиол, целер. Имаш супа за сите пари
Порано се давев во нудли, оние Индомие специјална пилетина ми беа омилени. Од водата оставав многу малку, колку да не се пресуви. Обично по две пакетчиња ги јадев, зошто едно на заб не ми се фаќаше. Сега најдов некои Таи нудли во Веро, во чашка и пакетче, може да ги земам некој ден, ама 100 денари пакетче. Ги има некој пробано бар дали се убави?
Ги купувам тие на Подравка, ок се. Брзо и вкусно. Знам дека нудлите имаат доста емулгатори и штетни состојки, па гледам да ги јадам поретко.