babylove овошни кашички

Нумерологија. Вашиот број и неговото значење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Vitorija, 6 ноември 2011.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    602
    Таткото на нумерологијата, познатиот грчки филозоф и математичар Питагора говорел дека целиот космос е изграден на броеви и дека судбината и карактерот на секој од нас зависат од нумеричките закони.

    Бројот на вашата животна патека или нумеролошкиот број се добива кога ќе се соберат цифрите од кои се состои датумот на раѓање, а потоа се собираат цифрите на добиениот број се додека не се добие едноцифрен број. Ова не важи само за броевите 11, 22 и 33 кои имаат посебно значење и се наречени master numbers. Ова се броеви со посебни квалитети, способности и карактери кои ги надминуваат првично поставените толкувања за "обичните" броеви.

    Значи ако сте родени на пример 25 август 1921 ги собирате сите броеви. од 25-2+5 од месецот 8 само осум останува а за месеците со двоцифрен број остануваат како што се и не се пресметуваат како денот на пример ако е 22 2+2=4. Месецот останува кој и да е. И годината сите 4 броја се собираат. Значи за оваа дата ке биде 2+5 +8+1+9+2+1 =28=2+8=10=1+0=1 се додека се дојде до еден конечен број. Ако излезе на крај 11, 22 и 33 остануваат така зашто се посебни броеви.
    Кој е Вашиот нумеролошки број и кое е неговото значење?
    Што мислите има ли вистина во ова и колку се поклопува ваквата "анализа" со вашиот карактер?

    Број 1
    Животниот стил на овие луѓе се вика индивидуалист.

    Бројот 1 е симболот на божественоста, сесветското средиште, светската мајка и сонце. Се смета за машки број од традицијата дека мажот настанал прв. Тие кои се под влијание на овој број се препознатливи по силната свест за планирање цели, намерна осаменост, самодоверба, силна способност за успеси, способност за концентрирање, снаодливост и сила. Овие особи претежно стануваат лидери и ја поздравуваат одговорноста. Добри се према послабите и внимаваат на околината, но никогаш нема да бидат среќни ако се на пониска позиција. Имаат исто и високи амбиции и имаат тенденција да ја потценат работата што ја вршат другите. Тврдоглави се, дрски и самоуверени. Тие презираат добри совети, се независно вообразени, имаат ограничени интереси, тесногледи се и нестрпливи. Но, под грубата површина сепак се крие личност со многу префинет дух.


    Број 2
    Кај луѓето кај кои животот е обележан со двојка преовладува
    соработката и посебен вид на смиреност, а понекогаш и пасивноста.

    Бројот 2 со своите две страни претставува спротивност или разлика, правда и еднаквост, баланс, хармонија и братство. Овој број е традиционално поврзан со жената. Тие кои се под влијание на овој број се препознатливи по вниманието (грижливоста) спрема околината, смиреноста, за правдата, против угнетувањето и сите форми на себичност. Ги избегаваат споровите или некоја друга форма на несогласувања. Лесно стекнуваат пријателства заради доброто разбирање и сочувство спрема околината. Нивната одвратност за раздори и препирки може да доведе да се повлечат од секаква одговорност. Нив им треба јачината (силата) од бројот ЕДЕН.


    Број 3
    Овој број многумина го сметаат за среќен и свет број.

    Бројот 3 во Античкото време се сметал за совршениот број. Машки број е и е поврзан со тројното единство. Бројот три се поврзува и за сфаќањата на минатото, сегашноста и иднината, а исто така и со висината, должината и ширината. Бројот три се претставува со триаголник. Тие кои се под влијание на овој број покажуваат цврстина, слобода, добра способност за организирање, иноваторство, убедлив шарм и надареност за бизнис. Овие особи се зборлести, весели и лесно се прилагодуваат на
    ситуации со луѓе. Тие чувствуваат животна радост и ентузијазам. Секогаш покажуваат оптимизам и проблемите кај нив немаат долгорочно влијание. Нивната самобендисаност повредува многу луѓе, а нивната нестрпливост и недостатокот на планирани цели може да биде и нивна пропаст. Имаат потреба за развивање на скромност, издржливост и способност за постигнување на успеси.


    Број 4
    Патот на овие луѓе обележан е со бавно, но сигурно напредување, а главни особини на нивниот карактер се доследност, упорност, конвенционалност и поштување на традицијата.

    Бројот 4 го претставува оганот, воздухот, земјата и водата, четирите светски страни и четирите годишни времиња. Се верувало дека зад овој број стои вистината. Питагора верувал во божественоста на бројот затоа што името на богот Зевс содржело четири букви. Бројот четири се симболизира со квадратот и претставува цврстина и реализам. Особите кои го карактеризираат овој број се бавност, лојалност стабилност, фокусираност, искреност, послушност и конзервативност. Имаат способност да извршуваат напорни и незгодни задачи, ја извршуваат својата должност, имаат силна волја и секогаш настојуваат да го најдат доброто кај сите. Тие ретко осудуваат и многу ретко се нестрпливи. Здравиот разум е посебна одлика кај нив. Имаат исто така тенденција да заглавувааат во стари навики, каде што недостатокот на мотивацијата и иницијативи ги спречува за да направат нешто што би било забележително. Потребна им е храброст, енергијата и способност за донесувањето на одлуки, особини кои ги поседува бројот ТРИ.


    Број 5
    Животната патека на петката е полна со богати, но понекогаш и неочекувани случувања.

    Бројот 5 во Античко време симболизирал здравје и плодност. Бројот бил општо поврзан за свадби и размножување. Пет свеќи се палеле на свадбената церемонија во Антички Рим. Оние кои се под влијание на овој број покажуваат цврстина, сестраност, храброст и физичка јачина. Препознатливи се по романтичната топлина, пријателството и способноста да најдат радост во многу работи. Имаат висок степен на свесност за чувствата на околината. Брзо ја откриваат специфичноста кај некоја особа или ситуација и брзо се прилагодуваат на истата. Сакаат да патуваат и да го испитуваат непознатото и подобри се пријатели одколку љубовници. Можат да бидат неодговорни, да покажат недостаток на концентрација и дејствуваат импулсивно. Потребно им е стабилното влијание од бројот два за да бидат поефикасни.


    Број 6
    На овие луѓе важна им е рамнотежата и често пати во животот се наоѓаат во ситуација да мораат да бираат помеѓу две или повеќе варијанти.

    Бројот 6 е претставен со една фигура со шест страни. Евреите верувале дека бројот шест е свет број затоа што според нив светот е создаден за шест дена. Овој број е еден од најсреќните зошто претставувал хармонија и целовитост. Тие кои се под влијание на овој број покажуваат идеализам, хармонија, строга искреност, љубезност и грижливост за болните луѓе.
    Стрпливи се и никогаш не мислат само на себе. Не ги ценат парите заради парите, туку заради користење на истите како средство за помагање на другите. Верни се, му пружаат голема љубов на својот партнер, добри се родители и се грижат и издржуваат семејството. Да се прави кариера тоа ништо за нив не значи. Тие би били задоволни ако го работат она што најмногу го сакаат.
    Имаат многу малку негативни страни и можат да бидат премногу добри и често не се борат за своите права.


    Број 7
    Седмицата е духовно богата, независна е и оригинална.

    Бројот 7 е најмистичниот и најинтересниот број во едноцифрените броеви. Питагора верувал дека е свет број поради што е најголемиот едноцифрен број кој е целосен во себе и не се дели со друг освен со бројот еден. Бројот седум ги претставува мудроста, балансот, целокупноста, развојот и издржливоста. Тие кои се под влијание на овој број покажуваат дисциплина, храброст
    и цврстина. Го обожаваат приватниот живот, имаат интуиција и голема ментална сила. Покрај се, најмногу ја ценат науката и не сакаат да се мешаат со други луѓе.
    Обичните задоволства не се за нив. Тие трошат многу време за да се снабдат со знаење без да знаат што ќе прават со знаењето. Треба да ги всадуваат своите контакти со луѓето и да научат што
    стварно значи пријателство, за да не би останале без пријатели покасно во животот. Мора исто така да планираат и да ги насочат своите студии во практична корист за да на тој начин достигнат материјална
    победа и успех во животот.


    Број 8
    Патеката на овие луѓе е обележана со јасно и силно дејствување
    .
    Бројот 8 бил многу ценет во Египет. Традицијата останала од тоа дека осум души биле спасени од бродот
    на Дедо Ное. Тие кои се под влијание на бројот осум се многу практични, имаат добра организациска способност и имаат чувство за бизниси. Лесно доаѓаат до брзи одлуки, авторитетни се и имаат голема
    стрпливост. Ги имаат истите придобивки како и бројот Четири, но Осмиците сепак имаат подобра способност за одлуки. Немаат време за мистика, но можат да бидат длабоко религиозни и сепак да стојат со двете нозе на земјата. Паметни се и можат да бидат аналитички и остроумни во нивното оценување на другите луѓе. Не се од типот кој одеднаш се вљубуваат, но можат да бидат верни и приврзани долго време во животот и тоа само по себе дава сигурност. Треба да се научат да имаат поголема доверба и да бидат помалку доминантни према своите блиски за да успеат во нивните релации (врски) со околината. Бројот Пет може да и помогне на Осмицата да ја раскини врската со околината и неговата неиздржливост. Осмицата може да помогне во сите бизнис прашања и во секакви
    административни и организациски способности што се бараат.


    Број 9
    Деветката е уште еден во низата на свети броеви и тој секогаш ветува.

    Бројот 9 се сметал во Антиката како симбол за совршенство, хармонија и бесконечност.
    Ова доаѓа од специјалните математички особини кои ги поседува бројот. Се вика хармоничен затоа што временскиот период од оплодувањето до раѓањето пресметано во месеци е Девет.
    Римјаните сметале дека овој број е специфичен. Имало пазари секој деветти ден и се молеле на девет богови. Тие кои се под влијание на овој број покажуваат совршенство, тактичност, разбирање, интерес за логика, филозофија и уметност. Тие знаат како да го користат своето знаење и се снабдени со
    извонреден интелект. Добри се и имаат волја да им помогнат на другите да успеат во животот.
    Лесно добиваат пријатели заради нивното разбирање за околината. Ова е број кој покажува генијалност исто како и бројот Еден. Сакаат да сонуваат и можеби навлегуваат во повеќе подрачја
    истовремено, кое може да доведе да не успеат во ниту едно подрачје. Мора да ја развијат дисциплината за работа и концентрацијата, а исто така треба да научат како да ги искористат нивните вродени таленти.
     
    На babyalexs, crazylady и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.175
    Пол:
    Женски
    Јас и порано неколку пати го имав ова пресметано, а и сега.Мене ми е бројот 6.Инаку доста интересна тема, се надевам ќе имам некој ден време за подетална анализа околу ова :) па погодено е се :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.965
    Пол:
    Женски
    Мене ми испадна бројот 8
     
  4. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    9.392
    Пол:
    Женски
    9 ми испадна. интересно :)
     
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.815
    Пол:
    Женски
    Мене ми се погоди бројот 4 ама не можам со се да се сложам, нешто ми погоди нешто не :) :) :)
     
  6. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Од секогаш сум верувала во вакви работи бидејки секогаш се ми било точно како и сега :)
     
  7. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    602
    Јас сум 7ка. Читам а другарка ми вика "Абе ти си ова, според тебе се анализите за седмиците" :lol: Има вистина, има :tmi:
     
  8. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    317
    бр 1.убаво :)
     
  9. Buba-Mara

    Buba-Mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    И мене 1 ми испадна. Па има вистина до негде :)
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Не можам да не се сложам со ова, а особено со болдираново. Верувам во овие работи, а и во хороскоп, скоро секогаш ми погодува.
     
  11. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.674
    Допаѓања:
    37.087
    3. и има нешто вистина во ова :)
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.991
    Бр 4 и тоа си го знам одамна, затоа што имам читано доста за овие нумеролошки анализи. Има голем дел вистина.
     
  13. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    1.080
    Пол:
    Женски
    Mене ми се падна

    Браво за темава, од секогаш ме интресирале вакви работи :up:
     
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Мене 33 ми испадна.
    За 33 нема ништо за читање, или треба да мислам дека сум посебна :wasntme: .
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    602
    Опа, редок, мноогу редок случај си :) Пребарував ама нема многу информации на наши инт. страни. Eве нешто за "специјалните" броеви, само е на англиски :wasntme:


    They are called Master numbers because they possess more potential than other numbers. They are highly charged, difficult to handle, and require time, maturity, and great effort to integrate into one's personality.

    The 11 is the most intuitive of all numbers. It represents illumination; a channel to the subconscious; insight without rational thought; and sensitivity, nervous energy, shyness, and impracticality. It is a dreamer. The 11 has all the aspects of the 2, enhanced and charged with charisma, leadership, and inspiration. It is a number with inborn duality, which creates dynamism, inner conflict, and other catalyses with its mere presence. It is a number that, when not focused on some goal beyond itself, can be turned inward to create fears and phobias. The 11 walks the edge between greatness and self-destruction. Its potential for growth, stability, and personal power lies in its acceptance of intuitive understanding, and of spiritual truths. For the 11, such peace is not found so much in logic, but in faith. It is the psychic's number.

    The 22 is the most powerful of all numbers. It is often called the Master Builder. The 22 can turn the most ambitious of dreams into reality. It is potentially the most successful of all numbers. It has many of the inspirational insights of the 11, combined with the practicality and methodical nature of the 4. It is unlimited, yet disciplined. It sees the archetype, and brings it down to earth in some material form. It has big ideas, great plans, idealism, leadership, and enormous self-confidence. If not practical, the 22s waste their potential. Like the 11, the 22 can easily shrink from its own ambition, causing difficult interior pressures. Both the 11 and the 22 experience the pressure-cooker effect very strongly, particularly at an early age. It must work toward the realization of goals that are larger than personal ambition. The 22 serves the world in a practical way.

    The 33 is the most influential of all numbers. It is the Master Teacher. The 33 combines the 11 and the 22 and brings their potential to another level. When expressed to the fullest, the 33 lacks all personal ambition, and instead focuses its considerable abilities toward the spiritual uplifting of mankind. What makes the 33 especially impressive, is the high level of sincere devotion. This is shown in its determination to seek understanding and wisdom before preaching to others. The 33 in full force is extremely rare.

    The number 33 only matters when found among the core numbers: The Life Path, Heart's Desire, Expression, Personality, Maturity number, or as an Essence cycle or Pinnacle cycle. In all other cases the 33 should be reduced to a 6.
    The fact that the 33 is extra-ordinary demanding and rare can be seen symbolically in the methods of calculation.
    For example, a 33 Life Path can happen only when each of the 3 units of the birth date (month/year/day) add to 11. Or when the year adds to 22 (in the 20th century there are only 7 years that add to 22: 1939, 48, 57, 66, 75, 84, and 93) and the month and day of birth combined total is 11. And finally, when the birth day is 22 and the month and year of birth total 11.

    The Master numbers 11, 22, and 33 represent a triangle. A triangle of Enlightenment.
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.778
    Ау! :D

    Шо знам. Има некои вистини но пред се си мислам, дека човек кога сака ќе се пронајде во се и сешто.
    За организациската способност и за верноста, можам да кажам дека е точно.
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    12.733
    И јас сум 33 :?:
    Ех, сеа ме заинтересира ќе барам повеќе за ова на нет :)

    А повеќе дефиницијата за 6 ми одговара :) :)
     
  18. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    671
    Број 2
    Кај луѓето кај кои животот е обележан со двојка преовладува
    соработката и посебен вид на смиреност, а понекогаш и пасивноста.
    Бројот 2 со своите две страни претставува спротивност или разлика, правда и еднаквост, баланс, хармонија и братство. Овој број е традиционално поврзан со жената. Тие кои се под влијание на овој број се препознатливи по вниманието (грижливоста) спрема околината, смиреноста, за правдата, против угнетувањето и сите форми на себичност. Ги избегаваат споровите или некоја друга форма на несогласувања. Лесно стекнуваат пријателства заради доброто разбирање и сочувство спрема околината. Нивната одвратност за раздори и препирки може да доведе да се повлечат од секаква одговорност. Нив им треба јачината (силата) од бројот ЕДЕН.


    -----------------------------------------------------------------------------------------------------

    Погодено особено болдираното, уффф многу мрзам себични луѓе кои само на себе мислат, алчни за пари и способни да одземат, особено ги мразам насилствата, и било каков облик на геноцид, а да на зборувам за семејни насилства кои од кожа ме вадат.

    Само не ми ја ставиле слободата која ја обожавам до максимум, мразам ограничувања а и искрената љубов ја заборавиле. ;)

    Ма хипик у душа сум, сакам мир во светот и мир помеѓу сите! ;)
     
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.619
    Патот на овие луѓе обележан е со бавно, но сигурно напредување, а главни особини на нивниот карактер се доследност, упорност, конвенционалност и поштување на традицијата. Бројот 4 го претставува оганот, воздухот, земјата и водата четирите светски страни и четирите годишни времиња. Се верувало дека зад овој број стои вистината. Питагора верувал во божественоста на бројот затоа што името на богот Зевс содржело четири букви. Бројот четири се симболизира со квадратот и претставува цврстина и реализам. Особите кои го карактеризираат овој број се бавност, лојалност стабилност, фокусираност, искреност послушност и конзервативност. Имаат способност да извршуваат напорни и незгодни задачи, ја извршуваат својата должност, имаат силна волја и секогаш настојуваат да го најдат доброто кај сите. Тие ретко осудуваат и многу ретко се нестрпливи. Здравиот разум е посебна одлика ка нив. Имаат исто така тенденција да заглавувааат во стари навики, каде што недостатокот на мотивацијата и иницијативи ги спречува за да направат нешто што би било забележително. Потребна им е храброст, енергијата и способност за донесувањето на одлуки, особини кои ги поседува бројот ТРИ. Број 5 Животната патека на петката е полна со богати, но
     
  20. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    623
    Кога и да наидам на нешто вакво упорно се убедувам дека нема врска и е безвезална глупост! Ретко кога читам вакви работи, хороскопи, нумерологии и сл. но :!: кога и да прочитам помислувам дека сепак можеби има нешто вистинско! Зборот ми беше дека се пронаоѓам во доста вакви измислотини (како што најчесто ги нарекувам)
    Па и во ова се пронајдов, особено во болдираното