Број 8 Патеката на овие луѓе е обележана со јасно и силно дејствување. Бројот 8 бил многу ценет во Египет. Традицијата останала од тоа дека осум души биле спасени од бродот на Дедо Ное. Тие кои се под влијание на бројот осум се многу практични, имаат добра организациска способност и имаат чувство за бизниси. Лесно доаѓаат до брзи одлуки, авторитетни се и имаат голема стрпливост. Ги имаат истите придобивки како и бројот Четири, но Осмиците сепак имаат подобра способност за одлуки. Немаат време за мистика, но можат да бидат длабоко религиозни и сепак да стојат со двете нозе на земјата. Паметни се и можат да бидат аналитички и остроумни во нивното оценување на другите луѓе. Не се од типот кој одеднаш се вљубуваат, но можат да бидат верни и приврзани долго време во животот и тоа само по себе дава сигурност. Треба да се научат да имаат поголема доверба и да бидат помалку доминантни према своите блиски за да успеат во нивните релации (врски) со околината. Бројот Пет може да и помогне на Осмицата да ја раскини врската со околината и неговата неиздржливост. Осмицата може да помогне во сите бизнис прашања и во секакви административни и организациски способности што се бараат. Можам да кажам дека скоро се е точно!
Број 4 Патот на овие луѓе обележан е со бавно, но сигурно напредување, а главни особини на нивниот карактер се доследност, упорност, конвенционалност и поштување на традицијата. Бројот 4 го претставува оганот, воздухот, земјата и водата, четирите светски страни и четирите годишни времиња. Се верувало дека зад овој број стои вистината. Питагора верувал во божественоста на бројот затоа што името на богот Зевс содржело четири букви. Бројот четири се симболизира со квадратот и претставува цврстина и реализам. Особите кои го карактеризираат овој број се бавност, лојалност стабилност, фокусираност, искреност, послушност и конзервативност. Имаат способност да извршуваат напорни и незгодни задачи, ја извршуваат својата должност, имаат силна волја и секогаш настојуваат да го најдат доброто кај сите. Тие ретко осудуваат и многу ретко се нестрпливи. Здравиот разум е посебна одлика кај нив. Имаат исто така тенденција да заглавувааат во стари навики, каде што недостатокот на мотивацијата и иницијативи ги спречува за да направат нешто што би било забележително. Потребна им е храброст, енергијата и способност за донесувањето на одлуки, особини кои ги поседува бројот ТРИ. Благодарам MaCa-j
Женски може ли некоја подобро да ми објасни како да го пресметам мојот број, затоа што стварно не можам да сватам како се пресметува а пола саат веке читам :/
Број 7 Седмицата е духовно богата, независна е и оригинална. Бројот 7 е најмистичниот и најинтересниот број во едноцифрените броеви. Питагора верувал дека е свет број поради што е најголемиот едноцифрен број кој е целосен во себе и не се дели со друг освен со бројот еден. Бројот седум ги претставува мудроста, балансот, целокупноста, развојот и издржливоста. Тие кои се под влијание на овој број покажуваат дисциплина, храброст и цврстина. Го обожаваат приватниот живот, имаат интуиција и голема ментална сила. Покрај се, најмногу ја ценат науката и не сакаат да се мешаат со други луѓе. Обичните задоволства не се за нив. Тие трошат многу време за да се снабдат со знаење без да знаат што ќе прават со знаењето. Треба да ги всадуваат своите контакти со луѓето и да научат што стварно значи пријателство, за да не би останале без пријатели покасно во животот. Мора исто така да планираат и да ги насочат своите студии во практична корист за да на тој начин достигнат материјална победа и успех во животот. Чекај, овие мене ме опишувале? Ептен погодено, од збор до збор.
Број 1 Животниот стил на овие луѓе се вика индивидуалист. Бројот 1 е симболот на божественоста, сесветското средиште, светската мајка и сонце. Се смета за машки број од традицијата дека мажот настанал прв. Тие кои се под влијание на овој број се препознатливи по силната свест за планирање цели, намерна осаменост, самодоверба, силна способност за успеси, способност за концентрирање, снаодливост и сила. Овие особи претежно стануваат лидери и ја поздравуваат одговорноста. Добри се према послабите и внимаваат на околината, но никогаш нема да бидат среќни ако се на пониска позиција. Имаат исто и високи амбиции и имаат тенденција да ја потценат работата што ја вршат другите. Тврдоглави се, дрски и самоуверени. Тие презираат добри совети, се независно вообразени, имаат ограничени интереси, тесногледи се и нестрпливи. Но, под грубата површина сепак се крие личност со многу префинет дух. МНОГУ ТОЧНО! Посебно делот кај што вели дека под грубата површина се крие личност со префинет дух
Мојот број е 7 и навистина е така,јас ја обожувам нумерологијата и хороскопот,но многу е важен и самиот ти датум на раѓање на пример 22-значи сите што се родени на овој датум имаат големи премрежја во својот живот и никогаш несмеат својте желби да ѓи споделуваат со друѓи или да планираат нешто,бидејки тие секогаш се жртвуваат за друѓите.Ако сакаат да успеат треба веднаш на дадената шанса да ја прифатат иначе од замисленото ништо.
Број 4 Патот на овие луѓе обележан е со бавно, но сигурно напредување, а главни особини на нивниот карактер се доследност, упорност, конвенционалност и поштување на традицијата. Бројот 4 го претставува оганот, воздухот, земјата и водата, четирите светски страни и четирите годишни времиња. Се верувало дека зад овој број стои вистината. Питагора верувал во божественоста на бројот затоа што името на богот Зевс содржело четири букви. Бројот четири се симболизира со квадратот и претставува цврстина и реализам. Особите кои го карактеризираат овој број се бавност, лојалност стабилност, фокусираност, искреност, послушност и конзервативност. Имаат способност да извршуваат напорни и незгодни задачи, ја извршуваат својата должност, имаат силна волја и секогаш настојуваат да го најдат доброто кај сите. Тие ретко осудуваат и многу ретко се нестрпливи. Здравиот разум е посебна одлика кај нив. Имаат исто така тенденција да заглавувааат во стари навики, каде што недостатокот на мотивацијата и иницијативи ги спречува за да направат нешто што би било забележително. Потребна им е храброст, енергијата и способност за донесувањето на одлуки, особини кои ги поседува бројот ТРИ. Донекаде ми погодиле
Некако се пронаоѓам во ова. Имам тврд карактер, ама дека не сакам добри совети не е баш точно. Според мене 95% од напишаното е точно