Број 5 Животната патека на петката е полна со богати, но понекогаш и неочекувани случувања. Бројот 5 во Античко време симболизирал здравје и плодност. Бројот бил општо поврзан за свадби и размножување. Пет свеќи се палеле на свадбената церемонија во Антички Рим. Оние кои се под влијание на овој број покажуваат цврстина, сестраност, храброст и физичка јачина. Препознатливи се по романтичната топлина, пријателството и способноста да најдат радост во многу работи. Имаат висок степен на свесност за чувствата на околината. Брзо ја откриваат специфичноста кај некоја особа или ситуација и брзо се прилагодуваат на истата. Сакаат да патуваат и да го испитуваат непознатото и подобри се пријатели одколку љубовници. Можат да бидат неодговорни, да покажат недостаток на концентрација и дејствуваат импулсивно. Потребно им е стабилното влијание од бројот два за да бидат поефикасни.

Никој за момент да се посомнева или да истражи. Се ви е забава Повелете книга која се занимава со скриеното и тајно значење на броевите и буквите со кои може да правите талисмани и магиски оружја! Ќе мора малку да станете позапознаени со наука, философијата... да знаете што од каде доаѓа! И не само една книга и еден автор! Numbers, Their Occult Power and Mystic Virtues Учете...
Број 8 Патеката на овие луѓе е обележана со јасно и силно дејствување. Бројот 8 бил многу ценет во Египет. Традицијата останала од тоа дека осум души биле спасени од бродот на Дедо Ное. Тие кои се под влијание на бројот осум се многу практични, имаат добра организациска способност и имаат чувство за бизниси. Лесно доаѓаат до брзи одлуки, авторитетни се и имаат голема стрпливост. Ги имаат истите придобивки како и бројот Четири, но Осмиците сепак имаат подобра способност за одлуки. Немаат време за мистика, но можат да бидат длабоко религиозни и сепак да стојат со двете нозе на земјата. Паметни се и можат да бидат аналитички и остроумни во нивното оценување на другите луѓе. Не се од типот кој одеднаш се вљубуваат, но можат да бидат верни и приврзани долго време во животот и тоа само по себе дава сигурност. Треба да се научат да имаат поголема доверба и да бидат помалку доминантни према своите блиски за да успеат во нивните релации (врски) со околината. Бројот Пет може да и помогне на Осмицата да ја раскини врската со околината и неговата неиздржливост. Осмицата може да помогне во сите бизнис прашања и во секакви административни и организациски способности што се бараат.
Број 9 Деветката е уште еден во низата на свети броеви и тој секогаш ветува. Бројот 9 се сметал во Антиката како симбол за совршенство, хармонија и бесконечност. Ова доаѓа од специјалните математички особини кои ги поседува бројот. Се вика хармоничен затоа што временскиот период од оплодувањето до раѓањето пресметано во месеци е Девет. Римјаните сметале дека овој број е специфичен. Имало пазари секој деветти ден и се молеле на девет богови. Тие кои се под влијание на овој број покажуваат совршенство, тактичност, разбирање, интерес за логика, филозофија и уметност. Тие знаат како да го користат своето знаење и се снабдени со извонреден интелект. Добри се и имаат волја да им помогнат на другите да успеат во животот. Лесно добиваат пријатели заради нивното разбирање за околината. Ова е број кој покажува генијалност исто како и бројот Еден. Сакаат да сонуваат и можеби навлегуваат во повеќе подрачја истовремено, кое може да доведе да не успеат во ниту едно подрачје. Мора да ја развијат дисциплината за работа и концентрацијата, а исто така треба да научат како да ги искористат нивните вродени таленти. Многу вистинито особено последните реченици!