Ве молам кажете искуства за нутрибулет. Сакам на малата сокови да и цедам. Се двоумам дали соковник или нутрибилет. Дали со него се прават сокови или само каши? Фала ви
Искрено @chocolade ако се двоумиш меѓу блендер и соковник,дефинитивно блендер и немора да е Нутрибулет има и други убави блендери поефтини ,а истата функција ја инаат.Искрено имам и соковник ,но за миење лелеее,страшноо за две чаши сок мноогу мака,еден куп делови а и многу останава од овошјето неискористено. А,блендерот ја мијам чашата само голема е 1,5 литри ,стаклена и готово. Ако сакаш како сок ќе стаеш малку вода и повеќе ќе блендираш и готово. Јас на грундинг имам блендер и мноогу сум задоолна,секој ден по три пати врти хаха,за синко за мене супер е ,меле и јатки ја си ставам и бадеми,лешници ,сончоглед ,и семиња ситни мели како лененено,чиа семе,просо,киноа буквално сее ,ти го препорачувам и со солидна цена 3200 мислам или 3000 од Техномаркет.
Другарка ми го има и си прават сок, густината на сокот ја регулира со вода. Значи ако сака погусто да биде помалку вода става ако сака поретко повеќе. Ќе ставе овошје по желба и вода колку сакаш. Јас го немам но од нејзино искуство таа се фали и вели дека е супер.
Се извинувам што прашањето го поставив во мајчински муабети, но немаше ваква тема. А плус дека за бебе сакам да го купам па мислев дека е најсоодветна @mama89 баш дека е тежок за миење се двоумам. Во бременост користев соковник но ради миењето мн ми беше мачно. Позајмен ми беше. А во право си, воопшто не ми текна на овие блендери. Го имам користено попрактичен е но правев шејкови во него. Не знам дека може и сокови Фала за споделеното искуство. @Angel.Heart ти благодарам и тебе. Штом е отворена нова тема, доколку се одлучиме за нутрибулет ке споделам искуства
Nie doma imame Nutribullet.Jas sakav sokovnik,no moite go odbraa od pricina sto site hranlivi sostojki ostanuvaat.Bidejki primer stavas cel morkov,jabolko,portokal,limon.Ne go stavas samo sokot od limonot ili portokalot.Gustinata ke ja reguliras so voda.Bidejki imas 2 vida secila,mozes i da melis bilo sto.Povekenamenski e.Mislam nema da zgresis ako go kupis.Pisi lp ako sakas povekje info.
Без двоумење нутри булет Јас од пред 6 години го имам булет експрес и сум прееезадоволна, а сега свекрва ми го зеде нутри и коментар - чиста десетка! Вреди за секој денар
Ако веќе се двоумиш меѓу соковник и нутрибулет, тогаш нутрибулетот.. Иако јас би одела на варијанта квалитетен блендер
Нема потреба за двоумење, нутри булент е без конкуренција најдобар. Кога би имала пари би го купила веднаш без размислување. Или кога би можело да се купи со компензација
И јас сакам да се пофалам од нутрибулетот. Постојано правам шејкови.Мешам се што не го јадеме сирово.Спанаќ,аронија,семки во комбинација со секое овошје што го имам во моментот. Многу е лесен и за одржување.Не е како соковниците со еден куп делови.Брзо и лесно се чисти. Криво ми е што порано не го купив.
И јас пекам за блендер ама никогаш не иде ред. Имам соковник и ко што кажа @mama89 ич не е практичен, делови за миење еден куп и не го цеди целото овошје..
Не можам да се редиктарам,заборавив уште нешто да напишам. Нели на Тв сега рекламираат Нутрибулет со додаток за правење на сладолед.Ние имаме обичен.И на ќерка ми сега и текна дека сакала и сладолед, здрав и овошен. Па така,си правиме шејк,го ставаме во пластична чашка со едно стапче во средината и во замрзнувач.Одкога ќе се замрзне,децава си јадат овошен сладолед.Не е битно што сладоледот е со спанаќ,никој не приметува.
Женска главо ќе умрам од смеа!!! Ама убаво ти текнало. Инаку јас имам соковник ич не ми е мака да го мијам.
Си купив квалитетен блендер со 3 дела.Еден е за сецкање,друг за блендирање и трет има перка за матење тесто.Се сакам да земам практично,па макар и поскапо да е. Инаку со делот за блендирање правам каши,пирето го хомогенизирам на крајот да дојде пенасто,сокови и смути.Тој дел најмногу го користам.Делот за сецкање поретко, сега во последно време правам болоњезе сос и овој дел ми врши многу работа.Делот за тесто е само еднаш- двапати искористен...не сум фан на правење комплицирани торти-или купам или тоа благо што го правам е со мешање на рака без јајца.Позитивна страна секој дел се пере во машина за садови-освен моторот Се на се за иста цена како нутрибулетот си земав блендер со 3 дела и имам три апарати во едно.Сега и бебето кога ќе порасне ќе правам кашички и сокчиња со него-тоа и ми беше првобитната намера зошто најмногу го купив Мој совет е за квалитетен блендер,ама секој си знае најубаво за себе
И јас, како и ти се думав меѓу соковник и блендер. Се одлучив за блендер и дефинитивно воопшто ама воопшто не зажалив за тоа. Буквално се што засега ми треба можам да го правам внатре, ми се чини речиси и нема ден кога не го користам за било шо, во најмала рака за смуди, а често и за нешто повеќе. Брат ми на почеток не го сакаше зошто е многу осетлив на дебелина на пијалокот и честички внатре, би бил посреќен со соковник, ама сега и тој дури го користи и е среќен.
Имам соковник, блендер, нутрибулет и рачен пасатор - манијак сум за кујнски гаџети. Најискористен ми е нутрибулет. Не склопувам ништо, лесно се мие, се правам во него. Смути, хумус, дресинг за салати, мајонез, мелам зачини, свашта. Да, скап е, го добив на подарок, не го платив јас- признавам би се помислила за таа цена да купам и друг апарат ама квалитетот на смути споредено со блендер е повеќе од одличен.
Јас го имам соковникот од ТОП Шоп и сум задоволна но не го користам често, но околу остатоците од овошјето и зеленчукот( од цедењето) можам слободно да кажам дека се буквално суви како на рекламата, што значи дека целосно го цеди овошјето. Но сега сакам да купам нутри булет и сум многу замислена излегоа неколку модели и незнам што е разликата темно сив, црвен или светло сивиот. Ми треба и за семки мелење, но стварно сум збунета, сакам поефтината варијанта да ја купам но ако различно блендира , ако има разлика во блендирањето би ја купила и поскапата варијанта -еднаш се купува. Ве молам кој знае подетално да објасни. -Инаку соковникот го имам повеке од 12 години и супер квалитет.
Јас го имам и соковникот и нутрибулетот ..од кога го земав нутрибулетот соковниот скоро и да не го користам .. инаку го земав сивиот нутрибулет 6990 ден тој оди во комплет со три чаши и капачиња ..и плус две сечила Инаку имаше и црвен нутрибулет само тој беше со по слаби вртежи и без додатни чаши и само со едно сечило а пак златниот нутрибулет беше најкскап со наголема брзина тој беше 8990ден исто со истиве додатоци како сивиот што го имам јас..Црвениот беше најефтин околу 5000ден мислам беше ама сега незнам дали го има сеуште во продажба..се надевам помогнав
И јас го имам нутрибулетот. Го земав за малата за каши правење. Имам и соковник phillips кој само што го купивме, после два дена го "открив" нутри булетот... И на тој душата му ја извадивме - го земав баш пред да останам бремена... Кога би ги споредила - нутри булетот е подобар за парите (скоро беа иста цена), затоа што е и мултинаменски. За малата правам секакви каши и смути шејкови, внатре мелам што не... Јатки, овошје, зеленчук, семиња, житарки... Многу е практичен и за миење има само два дела. Највеќе од сѐ го сакам затоа што во самата смеса останува целото овошје сосе сите растителни хранливи влакна... П.С. Во недостиг на миксер имам мешано и тесто за палачинки...
Ме убедивте денес и јас го зедав .Тој класичниот со две часи. Не сум ич по смуди пиење но можеби ке се навлечам кој знае