Женски да ми кажете дали е на акција сивиот. Јас имав еден скап блендер ама ми го расипа мајка ми, само што го донесов мк. Кога му влезе, мелење кила ореви лешници во текот на денот, секој ден правеше по нешто за себе и по два месеци ми го расипа. И сега ми треба нов за мк, ама овдека не ми се исплаќа да се изгорам, зашто знам дека мајка ми нема ни да се тргне од него.
пред 2 дена земав нутрибулет црвен, но од невнимание не сум го затворила убаво капакот и ми претече сок во моторот, денес го однесов на сервис. Дали на вас ви се има случено истото? Дали ќе има последици потоа во користењето? Многу сум загрижена
Ми се случило, ама само пребришувам со влажна крпа и си работи нормално, не сум имала потреба да го однесам на сервис. Веќе 2 години го имам.
Јас пред некој ден добив на подарок од мајка ми црвен Nutribullet. Многу сум задоволна од него. Секој ден правам сок. Мешам се и сешто и засега е супер.
Како сама го отвараше кај моторот? Јас незнаев да го размонтирам. Иначе сега немаш некои последици во работењето? Јас сум многу загрижена
Не сум отварала ништо. Базата кај што се става чашата се наполни со сок, ја избришав само и толку, мислам дека тоа си е убаво затворено, не може да протече внатре во апаратот. И тоа 2-3 пати ми се десило од неубаво затворање на чашата.
Мене! Ја преполнив чашата погоре од тоа max, и ми истече се, среќа брзо реагирав и ништо не му бидна, супер е
А и ти ли имаш исто од црвениот нутрибулет? Јас се загрижив зошто видов дека од дупчињата внатре во моторот ми претече и уште вчера во 9 сабајле го однесов на сервис и уште ми се немаат јавено А иначе кај тебе сега се убаво си работи како пред тоа? Колку време го користиш?
Многу ли ти претече?Исто ли имаш од црвениот нутрибулет? Дали ти претече од кај дупчињата до моторот? И дали после тоа убаво ли си работеше? Колку време го користиш?
Две години го имам, одамна ова се случи. Јас не сум приметила и да истекло внатре, ама не сум имала никаков проблем. Последниве 6 месеца го користам повеќе пати на ден, си работи нормално.