Ми се скршија запците од пластичните чашки во кои мелев во блендерот. Прашањето ми е од каде може да купам исти такви чашки за мелење? Блендерот е од ST и рекоа дека не испорачуваат посебни чашки.
Мислам дека од никаде. Има многу што продаваат со исто име ама сите се копии. Еве како да препознаеш. Лево е оригиналот.
Јас мојот го зедов од Топ Шоп пред 7 години и душата му ја вадам од користење. Посебно за цвекло и моркови, бадеми, лешници без проблем ги прави. Едно време кога го бев купила се бев изначитала многу негативни работи, на некои дома им пукнал, во раце и експлодирал Сега зедов од фб Рецепти и производи од Корал Фагор, затоа што во Топ Шоп одамна веќе го немале. Од овде имам земено пред 4 години апарат за крофни и ептен ми се погоди, не ги лепи, супер ги прави. Инаку германски производи се, со 2 години гаранција. Јас на попуст го земав Нутри булетот за 3 260 ден. Се надевам ќе биде барем приближно добар како овој другиот што го имам. Е сега не е оригинал ама можеби ќе се погоди. Пиши им, жената се ќе ти објасни. Инаку и во Нептун имаш неколку само се поскапи.
Феминки, Каде може да најдам чаша за нутрибулет, ми се скршија запците и не можам да го користам нутрибулетот. Има во продажба некои онлајн, но не одговараат на оригиналниот нутрибулет
Тешко да најдеш. Мене истото ми се случи и ден денешен не најдов калапче замена. Прашав во продавниците за техника и рекоа немаат залихи на чашки, само комплети со нутрибулет.
Ми треба сечило за нутрибулет од делимано да не има некој неискористено или да знај каде може да се најди?
Дали некој ја има новата верзија на Nutru bullet? Nutrilife се вика сега. Ме интересира искуство, на доста добра цена е снижен па се мислам