Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Н​​е​​ш​​т​​ата ​кои не сте ги знаеле за мене...

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 31 јануари 2012.

  1. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    * Понекогаш кога сум сама си зборувам на глас
    * Емпатична личност сум
    * Имам висок морал
    * Многу често кога сум во поголемо друштво се чувствувам осамено
    * Се издвојувам од толпата со моето мислење
    * Мислам дека во претходниот живот сум била член на некое кралско семејство
    * Тешко ги пуштам луѓето во мојот свет
    * Сакам тажна музика. без разлика дали е поп, рок или др. имам наклоност према меланхолична атмосвера
    * Го обожавам Тим Бартон
    *... и Џони Деп :inlove:
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    * Прво и основно- многу голем инает сум
    * Манијак за штикли, фустанчиња, фармерки ...
    * Тренирав ракомет до пред 3 години
    * Спортски тип иако кога излегувам или одам на некоја свеченост сакам да си облечам некое секси фустанче и штикли..
    * Се откажав од цигари пред 1 месец, многу лесно
    * Слушам секаква музика
    * Зависник сум од телефон 24/7
    * Секогаш сум сакала да имам сини очи
    * Многу голема мрза
    * Лесно можам да се изнервирам и да плачам од нервоза
    * Обожавам долги и средени нокти, многу често и го правам тоа со моите
    * Сакам да се напијам понекогаш

    Толку за сега ... ако има уште нешто ќе пишам :D
     
  3. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    3.145
    - Пцујам доста често и баш ме боли за тоа.
    - Ме нервираат оние што не си ги сакаат баба и дедо, без разлика какви се, јас со моето бабче повеќе се разбирам отколку со мама.
    - Ме нервираат оние што многу сакаат да солат памет и да се прават нешто повеќе од другите.
    - Наставникот по ликовно во шесто или седмо ми кажа дека сум имала многу убави очи, па оттогаш тоа си го земам ко факт, оти нели од уметник е дојдено. :D
    - Имам само дупче на десниот образ кога се смеам.
    - Кога си лежам или одмарам, имам навика да го мрдам палецот од десното стапало. Постојано!
    - Пукам прсти, врат, малите ковчиња на прстите, стапалата, лактовите.
    - Ретко имав нешто подоле од 5 во основно и средно, и одев до 8мо секоја година на натпревари по математика и физика.
    - Имам помал брат, што за чудо, повеќе мене ме слуша од моите. :D
    - Економиста сум во вистинска смисла на зборот, не трошам за нешто што стварно немам потреба и парите знам добро да си ги распределам.
    - Некои од прв впечаток мислат дека сум кучка, али јас уствари не сум заинтересирана многу за луѓето што првпат ги среќавам, а по 5 минути знам дали ми се допаѓа таа личност карактерно или не. Ако да, многу ми оди муабетот со скоро секој. :D
    - Чувствителна сум прилично, повеќе од нормалното.
    - Срамежливоста ја имав до пред некое време, али гледам дека ја губам со тек на време и тоа ме радува.
    - Носам леќи, али некад и по цел ден не ги ставам, оти ме мрзи.
    - Мрза сум, али не голема.
    - Никогаш не се закачам прва, али ако некој проба, дупло си го добива. Мирна сум додека не ме чепнеш мене или некој мој близок.
    - Јадам многу нездрава храна.
    - Често сум болна, слаб имунитет и железо. :worried:
    - Имам куче, мразам мачки.

    .........
     
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    -не знам да правам лице некому,или некого сакам да е во моја близина и да комуницирам со него или воопшто не постои во мојот живот

    -не поденсувам кога некој на пример седи до мене,јаде некоја манџа и тоа што го има во лажицата го развлекува и тоа го прави гласно |( (незнам колку ме разбравте за ова) :D

    -како мала плачев на секој повишен тон од моите,изгледа поради тоа никогаш не ме тепале

    -голем емотивец сум,си ја мразам оваа особина и тоа многу,ама многу малку луѓе го знаат тоа за мене

    -можеби ми е некоја глупа особина,ама кога се запознавам во некого прво гледам какво лице има дали му е совршено или не,можеби поради фактот што цел живот копнеам за лице без мозолче

    -можам да се трудам многу за некоја работа што ја сакам,а потоа преку ноќ да изгубам интерес за истата

    -емотивно сум приврзана за мајка ми,и се плашам од моментот кога на свадбата ќе ми ја пеат "Цреша се од корен корнеше"

    -имам многу лошо пијанство

    -кога спијам и кога се покривам со нешто,не смеат нозете да ми останат откриени

    -имам страв од височина

    -како мала имам настапувано на детски фестивали :tmi:

    -до 10-11год.мислев дека сум посвоена бидејќи никој од моето семејство нема боја на очите како моите

    -не пушам цигари,ве лажам цело време
    шалим се наравно,дај боже да беше така
     
    На PeaceLoveBasketball и MissDior им се допаѓа ова.
  5. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    - На сите им вракам, и тоа дупло. Можеби ке помине месец, година ама јас не заборавам и им вракам + добро провоцирам
    - Мора секогаш да ми е чисто дома
    - Страв ми е од темнина
    - Мразам кога некој ми ја фака косата или ми диши во неа
    - Имам брат близнак
    - Во лето спијам со дупло кебе и зимски пижами
    - Зависна сум од Синалко и чоколадо
    - Мразам долги и лакирани нокти, моите секогаш се сечени и без лак :wasntme:
     
  6. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Можно ли е да го имаш копирано ова од моите мисли? :D
    Потполно исто...од а до ш. :)

    ќе додадам
    * многу емотивна личност сум
    *никогаш не плачам пред други..ниту солза не пуштам..секогаш сама
    *мразам (не гледам) хорори
    *честопати си поминувам подобро со 1-2 личности, отколку цела толпа друштво
    итн..толку ми текна сега :)
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Си пронајдов некои мои карактеристики во претходните постови :lol:
    Што да кажам...
    -голем оптимист сум
    -бааги емотивна, на се плачам :D
    -големо злопамтило сум, ако некој ми згреши нека се пази
    -учам на глас
    -не пушам, мразам цигари :puke:
    -обожавам романтични комедии и женски собиранки (без дечковци :lol: )
    -носам леќи
    -многу сакам свадби :D едвај чекам и јас да бидам невеста, уште сега си правам филмови што и како ќе биде :lol:
    -ноктите мора да ми бидат цаком паком средени
    -штикли :x поголем љубител од мене не верувам дека има
    -ептен ми се одбивни болниците и лекарите :worried:
    -имав само само една четворка во свидетелство во основно и средно, сите други ми беа 5ки, браво за мене :bow: :D
    Епа тоа сега за сега...
     
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Кога сум изнервирана викам
    кур,кур
    и тоа посебно ако нема кој да ме слушне се дерам...еднаш се издрав на сред тротоар,ми се завртеа 2-3 фацки :|
    леле колку смешно ми паѓа додека го пишувам,ама еден ден како ќе се избрукам поради овоа... :x
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    не пушам цигари и не ги поднесувам воопшто - многу ми сметаат
    никогаш не сум гледала хорор филм - страв ми е :$
    многу голем инает сум
    секогаш му враќам на сите...не е битно дали по 1ден или по 1 година
    можам да учам само кога сум сама и кога е тишина
    обожавам свадби...за да се изнаиграм :$
    имам страв од тесен и затворен простор :/
    многу сум срамежлива...го мразам тоа ://
    лесно се нервирам
    имам секогаш долги и средени нокти :$
     
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Еве уште нешто за мене -

    1. Моментално јадам чоколадо. :D
    2. Се трудам во она секојдневното и простото да пронајдам совршенство, или нешто што ќе ме натера да го засакам.
    3. На форумов не сум автор на ниту една тема.
    4. На пример ако ми е срам да се однесувам некако пред луѓе во јавност, срам ми е и кога сум сама пред , себе не се однесувам така.
    5. Имам многу остро шесто сетило.
    6. Скоро секој ден си зборам сама со себе (само кога сум сама)
    7. Мразам да правам нешто во што не можам да вметнам креативност, мразам и огреничени луѓе.
    8. Кога сум цврсто убедена за нешто, не ме интересира туѓото мислење воопшто, и баш сакам кога некој ми се спротиставува а јас иронично одговарам дека не ме засега.
     
    На simpaticnaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Snow.Queen

    Snow.Queen Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Н​​е​​ш​​т​​ата ​кои не сте ги знаеле за мене...
    - многу сум чуствителна,
    - никогаш ништо не заборавам,
    - секогаш сакам да сум средена,
    - многу сум тврдоглава и заради тоа сум исгубила личности што многу ми значеле,
    - сакам да учам,
    - сакам да правам проекти,
    - пишувам дневник и пишувам песни,
    - мразам луѓе што сакаат да наметнуваат свое мислење (на пр. мајка ми и татко ми за верата),
    - мразам лигавње,
    - кога знам дека сум во право и дека е така ке направам се да докажам дека стварно е така....... :)
     
  12. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    Емотивна
    Обожавам хорор филмови и секакви паранормални емисии од кои ми се крева косата иако после тоа неможам да спијам од страв.
    Ако вратата од спалната ми е отворена неможам да заспијам.
    Зависник од штикли.
    Кога бев мала ги тепав сите од школо,мали , големи, машки, женски ма се живо :) од сето тоа испадна пријателство кое трае до денес и личноста ми е како сестра.
    Најдобрата другарка воедно е и моја двојничка , сите мислат дека сме близначки:)
    Многу сум приврзана за мајка ми , досега немало ниту една тајна помеѓу нас .
    Многу сум наивна и попустлива.
    Кога ќе го запознаам човек прво што заприметувам се веѓите и забите.


    Доста е за сега .
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Епаа.... Let's Get It Started. :geek:
    Ko ќе го види човек текстов, да си помисли дека сум опишувала во 133 чекори, како сум убила човек. И да, не ми замеравајте ако имам грешка при бројкиве. :D


    1. Многу често, се внесувам во приказните, кога зборувам. Заборавам каде сум. Или, кога кажувам некоја моја глупост. Ќе почнам да се дерам, да претам со рацете. Со цел нели, да го внесам соговорникот во приказната. И понекогаш многу гласно зборувам. Како појачало да имам во устата.
    2. Во живо, можете да ме сретнете во две варијанти. Првата е: Наведната глава, свиткана како кифла, затворена уста и падната од Марс, како за грев. А може и воопшто да не ме приметите. Втората варијанта е: Насмеана од шестка до шестка, и стандард во центар пажња. Тоа се зависи од тоа, како се снаоѓам во друштвото, и како ми прија истото. Или пак ако сум во првата варијанта, можеби не сум сеуште убаво уклопена.
    3. Чорапите секогаш мора да ми одговараат со маичката. Или во краен случај, со панталоните.
    4. Географијата и историјата ми се слаба страна. Не можам бре историја толку бројки да памтам, што ќе ми се? И ориентацијата во простор исто така, ми е слаба страна. Тапа Џонсон. Можам во сопствено маало да се изгубам.
    5. Мрзам цигари, и турско кафе.
    6. Многу мрзам, кога некој не ми се јавува на мобилен. А што е најтрагично, кога мене некој ме бара, ретко може да ме добие. Затоа што никогаш незнам каде го оставам мобилниот.
    7. До сега, ликовно е единствениот предмет, по кој немам добиено пониска оцена од 5.
    8. Сите роднини, ме знаат како срамежлива и повлечена. И ми викаат дека незнам да правам муабет по телефон.
    9. Ако нешто мрзам, тогаш тоа е да си го местам креветот.
    10. Никогаш немам изедено цело чоколадо. И да купам крем бананче, сите дома ќе ги прашам дали сакаат, па ако не сакаат, дури тогаш ќе почнам да го јадам. Или ако не е дома некој, му оставам пола.
    11. Во живо, никогаш не сум доволно искрена. И не можам да го кажам секогаш тоа што го мислам, затоа што се плашам дека ќе повредам некого. Таман работа, некој се подновил, и јас да му го скршам меракот. Но, во случај на кавга, сум невозможна. Знам сè да плеснам, сè што тлеело во мене. И после да се каам.
    12. Никогаш не ѕвонам на врата. Ако треба ќе окапам од тропање, ама не ѕвонам.
    13. Секогаш кога се симнувам, или качувам по скали, навика ми е да ги бројам.
    14. Ме исполнува кога на некого му правам услуга. Секако, постојат исклучоци. На некои личности избегнувам да им правам услуги. Ама затоа, многу ретко барам да ми прават некои услуги. Глупаво ми е.
    15. Многу се плашам од тие што просат на врата. И воопшто ако некој тропа на врата. Цела се тресам, ако слушнам дека некој ѕвони на врата. А кога сум сама дома? Тоа ми е хорор. Полека за да ме не приметат дека сум дома, се искрадувам во вратата, и ќе ѕирнам дали го познавам човекот што ѕвони.
    16. Уште од мала, се дружев со помали деца од мене. Некогаш разликата достигнуваше до 6 години. Незнам. Можеби и „големите“ за мене беа повеќе дигнати, па затоа си се шљапкав во калта со помалите.
    17. Многу сум хистерична. Еден куп прашања, и мислења ми поминуваат низ глава. Но, пробувам тоа да го прикријам.
    18. Мислам на сè. Никогаш во ништо не сум сигурна. Кога ќе излезам од дома, 20 пати ќе се прашам, дали сум ја заклучила вратата, па дали сум го исклучила компјутерот, па дали сум ја затворила убаво чешмата...
    19. Еднаш се обидов да „избегам“ од дома. На салфетка, им напишав на моите дека не можам да ја трпам сестра ми, и дека си одам. И после 10 минути, се вратив дома.
    20. Јас ништо не приметувам пред себе. Еднаш другарка ми се зачуди, што сум приметила дека е шишана. Единствено ако стојам, па ако се загледам во нешто, несвесно. Многу ми е глупаво, кога ќе ми речат: „Се правиш не ме познаваш?“. Секогаш се наоѓам во незгодна ситуација, кога сме во автобус, а другарките ќе почнат да зборуваат, кој како се облекол, или ќе почнат да се смеат за тоа. Тоа страшно ме нервира, и ми лази по нерви.
    21. Има случаеви, кога ќе видам некои комшии или пријатели на моите, се правам наудрена. Демек не сум ги видела. Не сакам да кажувам едноставно Добар ден, и готово, исто како што кажав еднаш: - Ретко кога викам Добар ден. Демек ако кажам Добар ден, стварно ќе им се подобри денот. Знам дека е од чиста култура, моите многу пати ми рекле, и ме искарале. Ама ете, таква сум. Еднаш дури, една жена ја сретнала мајка ми, по улица, и ја прашала, нешто да не сме им љути. - Не бе зашто? - Па ќерка ти, не ми рече пред некој ден „Добар ден“. - Која ќерка? - Помалата. - А остај ја таа. Дури на тие врата до врата, не им викам. Ама ме знаат што сурат сум. Си имам јас определено, на оној да, на оној не. Или некоја другарка, ќе ми рече: Ти мори, не викаш Добар ден? Комшии ти се? Е таман работа, се враќам од школо. - Добар ден. - Добар ден, арни сте? - Арни. - Што прават твоите? - Еми ко ќе идам дома, ќе ти кажам што прават, од кај да знам.
    22. Многу се двоумам. Ова, или она? Ај оноа. Не бе не, подобро другото. Леле, требаше другото да го земам.
    23. Обожавам кога сум во право. Тоа чувство не се опишува...
    24. Сакам да се напијам алкохол. Едноставно мерак ми е. Ама гледам тоа да не го приметат другите.
    25. Ова е првиот македонски форум, на кој што сум активна.
    26. Пола сум егеец.
    27. Не сакам да се фалам. Сакам да ме фалат.
    28. Не се шминкам. Не сакам да се кинџурам, се чувствувам како некоја теткица. Сукња и фустан, последен пат, носев пред да одам во забавиште.
    29. Имам двајца роднини, што се пеачи. Ама јас баш и не сум музикална...
    30. Ако сум ненаспиена, ќе почнам да се смеам, непрекидно. Ќе халуцинирам. Мислиш сум се начукала со алкохол. Како ненормална сум, се смеам за глупости, и трескам глупости.
    31. Не ги поднесувам Некст Тајм.
    32. Имам уплав, од буквално секаков вид на инсекти. Дури ми е страв да ги утепам. Некогаш и на сред ноќе, ги будам моите, за да утепаат некој пајак или нешто... Пу, пу, пу. Ќе скренам.
    33. Имам некоја опсесија, песните во мобилниот секогаш да ги преименувам. Секогаш прво да стои името на песната, а после тоа пеачот.
    34. Незнам дали ми е маана, тоа што секогаш подранувам. И секогаш мора јас да бидам таа, што чека некого. Грр.
    35. Ракописот ми е навистина ситен. Ретко кој може да го разбере. Порано намерно така правев, да не препишуваат домашни од мене.
    36. Инает сум, и те каков. Ако се заинаетам за нешто, не попуштам, и крај. Ако јас речам дека жутата боја е плава, има така да биде, и крај.
    37. Многу сакам да наредувам. Можеби тука и хороскопскиот знак игра некоја улога. Ама кога работам во групи, сакам јас да бидам главна, и јас да се прашувам за сè. Имам некои лидерски способности, сакам сè да биде под моја контрола.
    38. Роден баксуз, и малер сум. Ама понекогаш си се чудам колкава среќа имам.
    39. За состави, есеи, песни, и други бакрачи... Не ме бивало, не ме бива, и нема никогаш да ме бива. Незнам едноставно да пишувам, и готово.
    40. Имам многу бе(м/н)ки на мене. И тоа повеќето се покрупни. На левата рака, имам 3 во форма на срце.
    41. Не сакам многу да одам на прослави. Mногу сум срамежлива, и досадно ми е.
    42. На никого му немам кажано Те сакам. Не зборам само за спротивниот пол. Туку општо, не искажувам чувства.
    43. Не сум зимурлива личност, баш напротив. Се потам, и во лето и во зимо.
    44. Не сакам многу запознавања со нови лица. Исто така како што напоменав неколку пати веќе, срамежлива сум. Луѓето можат да заклучат дека сум намќор, и слично. Ќе треба многу време, за да ме прочитаат каква всушност сум јас.
    45. Не сакам да ме прашуваат каква музика слушам. Затоа што слушам скоро сè. Да, слушам и турбофолк. Слушам и англиска музика. Сакам да слушам српско, па дури и српски рап. Од македонско, сè слушам. Понекогаш знам да си го пуштам и Бетовен и Моцарт.
    46. Како мала бев многу по педантна и организирана. Сега не сум ни пола од тоа.
    47. Како мала, за малце ќе си ја дупнев главата од прозор. И малце ми требало, со ќошот од масата, да си го извадам окото. Среќа, во веѓата сум се погодила, па имам еден многу мал белег, кога се смеам, на тоа место.
    48. Ич не сакам да пишувам пораки. И избегнувам да го правам тоа.
    49. Обожавам да се возам во двокатни автобуси. И секогаш се качувам горе. Многу убаво се чувствувам, сакам да набљудувам од горе. И да гледам странски таблички.
    50. Кога јадам, сакам да јадам или пред телевизор или пред компјутер. Иначе ми е досадно само да јадам. И кога јадам, не сакам никој да ме гледа. Затоа обично со десната рака јадам, а со левата рака си ја покривам устата.
    51. Странските јазици, баш и не ми се некоја јака страна.
    52. Сакам да се кладам во кладилница, ама фудбалот ми е дефинитивно најдосаден спорт.
    53. Не сум љубител на пазарување, а ни за шопинг. Не сакам многу да шетам по продавници. Сакам во една продавница, сè да најдам.
    54. Што и да пијам, дали нескафе, дали сок, дали алкохол, дали вода, дали цедевита... Што и да е, секогаш пијам на екс. Кај мене нема на „тенане“.
    55. Нема човек, што повеќе седи во пижами од мене, верувајте.
    56. Се запишав во средното училиште, каде што отидоа и другарките. Поим немав каде ќе се запишувам. Сакав во Моша, Кочо Рацин, Георги Димитров, Орце Николов. И на крај бидна Карев.
    57. Паничарка сум. Голема. Имам уплав од лифтови. Ни под разно, нема да се качам сама, во тоа чудо.
    58. Многу често, при разговор, знам да се дисконектирам. Дури ни јас не сум свесна, дека уствари не ве слушам.
    59. Не сум гушкало, ниту бацувало.
    60. Во продавница, ако не ми дадат кусур, јас не им барам. Еднаш во фризерница, оставив 500 денари, требаше да ми вратат 200, ама ништо не ми вратија. Ништо не им реков. Еднаш во продавница, дадов 100 денари, купив вода. И наместо да ми вратат 75 денари, они ми вратија 25. Наопачки, и пак ништо не им кажав. Таква сум, јебига. Нашле овца, па ќе ја стрижат.
    61. Многу пцуев, претерано. Не дека сега не пцујам, ама намалено е тоа, фала Богу. Сега многу често викам: Маме ти швапско, педерско твое.
    62. Се давам во полнети пиперки, тестенини, сладолед, и корнфлекс.
    63. Многу сакам да купувам поклони.
    64. Многу сакам да си ги грицкам кожичките од ноктите. Штом видам некое најмалечко, не прекинувам да го чепкам, додека не го раскрвавам. Зависна сум од гризење на таквите.
    65. Сакам да сум се родила во времето на Тито. И ги сакам сите југословенски држави.
    66. Многу мразам луѓе, што не го враќаат позајменото. А јас сум таква, ако некој ми побара нешто, незнам да кажам „не“.
    67. Многу брзо може да ми се смени расположение. Можам цело време да се смеам, и наеднаш да почнам да плачам. Или наопачки.
    68. Сакам да трескам врати. Така се испразнувам.
    69. Имам голем страв од височина.
    70. Не сакам да плачам пред луѓе. Секогаш гледам да се сокријам некаде.
    71. Се ежам од хулахопки. И нема никогаш повеќе да облечам. Никогаш! Самиот збор, ме тера да се ежам.
    72. Многу сум гадлива. Не сакам да пијам од иста чаша, што предходно пиел некој. Или пак шише. Колку пати ќе ми побараат вода, ќе и им дадам да се напијат, и после ја фрлам. Не можам едноставно. А не пак од иста чинија, лажица, или вилушка.
    73. Кога ќе направам некоја глупост, почнувам да се вреѓам самата себе.
    74. Од секогаш сум учела кампањски.
    75. Како мала, сонував да бидам моден креатор. Имав цели тетратки, исцртани со креации.
    76. Многу сакам да декорирам храна. Многу често, си ја украсувам чинијата со шари од кечап. Или ќе ставам нешто така одозгоре... А едвај чекам да дојдат родендени, и да почнам да сервирам.
    77. Се плашам од сонови. Многу често сонувам необични, и после тоа не можам да заспијам.
    78. Јас и сестра ми, сме како небо и земја. Целосно сме различни.
    79. Имам многу парфеми и дезодоранси, ама немам навика да се намирисам.
    80. Сакам да гости, да се разбереме. Ама не ненајавени!
    81. Понекогаш се сожалувам самата себеси. И почнувам да плачам.
    82. Сакам да купувам ситници. Сувенирчиња ли, било што. Ама штедлива сум, и не ми се даваат многу пари. Секогаш гледам, по корисно да ги искористам парите.
    83. Како мала, омилено јадење ми беше леб и кечап. Дури и ден денес, знам тоа да доручкувам, или ручам. Многу ми е убаво.
    84. Во јануари, за малце ќе останевме без покрив над глава. Имавме пожар во зградата.
    85. Плашлива сум. Поготово од паранормални активности, духови, и слично.
    86. Им се воодушевувам на тие што немаат влакна на јазикот. Затоа што јас сум токму спротивното од тоа.
    87. Сестра ми е тука на форумов, само не е толку активна како мене. Повеќе е за да ми врши шпиунажа.
    88. Може да се каже дека сум активна на еден англиски форум, во српскиот „оддел“.
    89. Не сум фотогенична. За мене фотогеничност значи, секогаш да ти биде убава косата. Јас на слика, секогаш прво си ја гледам косата, а лицето исто како да е небитно.
    90. Очајно сакам некоја другарка, што ќе биде тука за мене. А не само кога јас и требам за нешто. И смачено ми е од користење, од оговарање, и од шиткачи.
    91. Многу тешко меморирам имиња.
    92. По навика, си играм судоку во автобус.
    93. Многу сакам кога грми, врне, светка... И кога нема струја. Како да ми се полнат батериите.
    94. Неисполнета желба ми е, да имам даска права коса. Затоа што мојава после бањање, е како крава да ја џвакала.
    95. Порано секоја забелешка и навреда, ја зимав при срце. Но, сега веќе не. Се навикнав како да ги игнорирам тие.
    96. Анти-талент сум за цртање кругови. Кога ќе ги видиш, мислиш копири се.
    97. Повеќето, имаат лоши зборови за мојата населба. Ама јас многу си ја сакам. И скоро секогаш си ја бранам.
    98. Зависник сум од кечап.
    99. Од секогаш пристојно ја џвакам мастиката. Ама некогаш се заборавам, и почнувам да се рашматувам.
    100. Ако нешто мрзам, тоа е издеравање, и глупирање по автобуси.
    101. Јабоклото, ми е најнеомилено овошје.
    102. Имам запомнето, дека кога се поздравува во образ, главата оди од моја лева страна. Ама секогаш се наоѓа некој, што ќе ја зезне работата. И само ја вртам главата лево-десно, незнам од која страна треба да оди. Многу заебано чувство.
    103. Кога сум на роденден, и слично, морам да имам далинско, за пеење. Тако звани микрофон. Незнам што ќе им правам на рацете, ако немам микрофон. Само ќе ги пафтам лево-десно.
    104. Сестра ми многу подобро се снаоѓа за комуникација со луѓето. Јас сум муле, само дремам. Незнам што да кажам.
    105. Мрзам кога има многу икончиња, слики, песни и 300 тракатанци на декстоп. Страшно се нервирам. Сè им пикам во папки, па после они нека си бараат. Мрзам и кога има отворено 87854 табови, горе. Зашто да стојат, кога не се користат?
    106. Многу лесно губам рамнотежа. Од таа причина, уште незнам да возам точак.
    107. Кога ќе се вратам од школо, не сакам никој да ми прави муабет.
    108. Не поднесувам помади и креми. Поготово на рацете. Не можам да смислам едноставно. Исто, како со зејтин да ги мачкам рацете. На самата помисла, се наежив, и се направив како искубана кокошка во рацете.
    109. Мрзам готовани. Не дека за некои работи, јас не сум готованка... Ама за сè, да се чека од некој друг на готово? За секоја банална, мала работа, стварно нема смисла.
    110. „Не“ дека се фалам, ама правам многу убави салати. И убави кифлички, пити и торти. Ама затоа, за палачинки, никогаш не ме бивало. Незнам да ги вртам. И не сакам никој да ми се плетка во кујна, додека сум јас.
    111. Би сакала да сум по дрска, по природа. А не ваква.
    112. Сè уште немам облечено штикли.
    113. Сакам да бидам уште малце повисока.
    114. И покрај тоа што не ми оди, најмногу сакам да играм одбојка.
    115. Сè уште ме држи стравот од кловнови и дедо мразовци.
    116. Многу брзо заборавам. Поготово во последно време. Се чувствувам како да ми фали нешто...
    117. Не сакам гужви.
    118. Не памтам филмски ликови. Ниту имиња. Моментално не ми текнуваат дури ни имињата од оние двајцана од Титаник.
    119. Спијам како топ. Ништо не ми смета додека спијам. И можам да спијам 15 часа на ден.
    120. Перфекционист сум во многу работи. Во основно, ако „Работа на час“ не ми беше во средина, го кинев листот. Ако во лексиконот, згрешам некоја буква или утнам прашање... купувам нова тетратка. Ако вежбам математика задачи, на лист A4, и малце ги накривам бројките, од поново вежбам сè, на нов лист. Најпроблематична сум за правење хамер. Буквите до милиметар треба да бидат направени. Едноставно ми боде очи, и ме нервира. Ако правам нешто, го правам до крај, а не само колку да се рече.
    121. Кога одам во продавница, секогаш зимам вишок пари. 5 пати пред каса пребројувам. Сè си мислам дека нема да ми стигнат парите, или дека не се точно напишани цените.
    122. Имам некоја навика, кога седам, да ја кревам едната нога. Дури и во спиење, левата нога, ја качувам на ѕид.
    123. Имам навика, и да ја тресам едната нога. Поготово кога гледам некој натпревар. Неподнослива сум. Цел кревет го нишам.
    124. Не поднесувам, кога ноктите ми се скратени до живец. Порано плачев, кога мајка ми, ми ги сечеше.
    125. Никогаш не си го мијам лицето, а немам ниту една бубуличка.
    126. Ме нервираат нарцисоидни луѓе.
    127. Сакам кога ми ја чепкаат косата. Така можам да заспијам.
    128. Не сакам да чистам.
    129. Незнам како да се однесувам со дечиња.
    130. Незнам да си гу пукам прстите. Многу пати имам пробано, но неуспешно.
    131. Само еднаш имам излажано, во школо, дека ми се лоши.
    132. Воопшто не сум љубител на месо. И многу ретко јадам.
    133. За тоа колку сум несмасна и трапава, мислам дека е сосем јасно, и нема потреба да пишувам. Според мислењата во последната глупост, мислам дека можевте да сфатите каква сум.
     
    На zhirafa, the.vampire.girl, Sara123 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    - Обожавам соло со гитари. :rock: Целосно ме смирува и ме опушта. Секакви гитари, но најмногу електрични, за моќна музика, што ти трештат ушите. Исто, сакам гитара пропратена со бас.
    - Сакам да гледам фамилијарни филмови, во кои е прикажана љубовта во едно семејство, со сите добри и лоши работи. Најмногу сакам ако фамилијата имаат бебе.
    - Кога се будам наутро, на креветот имам секогаш ќебе, со кое се завиткувам и си легнувам на фотељата веднаш. Секое утро така, си правам во 6 часот, во 6 се преместувам на фотеља до 7.
    - Кога одговарам усно се потам целата, ама онака убаво. Многу ретко одговарам усно, секогаш на писмените добивам високи оцени, за да немораат да ме прашаат усно.
    - Спијам со телефонот. Сум читала за зрачењето, но пак, секогаш спијам со него. Во текот на ноќта, ако не е до мене телефонот, станувам и го барам. Мора да е до мене секогаш.
    - Често одговарам со слушалки, но не да ми кажуваат, туку музика имам пуштено. На биологија имам одговарано со Ролинг ин д Дип.
    - Голем фан сум на тие жолтите, мињони, од Despicable Me. Имам преку 300 слики од нив, многу рингтонови и сликички мали, постери, хамери, се.
    - Никогаш не ги трошам сите пари. Секогаш оставам за на крај, макар 20 денари, и не ги вадам од тие фармерки, пантолони, ташни. Знам, нареден пат кога ќе ги најдам, ќе се израдувам.
    - Имам ненормално добра меморија - се памтам. Никогаш неможам да се смешам, бидејќи точно знам што на кого сум му рекла. Родендени, настани слични, имиња, телефонски броеви - се. Штета што не го искористувам тоа доволно за на училиште.
    - Многу сакам да се научам да свирам или гитара или тапани. СО братучедка ми како помали, со лажици чукавме по тенџериња и ни викнаа соседите полиција.
    - Во собата имам скриено чоколада и други стрвости за црни денови. Често си наоѓам лижавчиња каде што не ни очекувам дека ќе ги најдам.
     
    На Elennaa, Elena-97 и pamelche им се допаѓа ова.
  15. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Н​​е​​ш​​т​​ата ​кои не сте ги знаеле за мене...

    -Знам да пеам
    -Копнеам по тоа да станам славна
    -сакам барем еднаш во животот да имам секс за една ноќ со странец
    -Сакам да сум богата
    -Ме палат убави коли
    -Ме пали машко кое мириса на секси парфем
    -Се онесвестувам кога ќе видам крф
    -Кога со некој се карам ми се менува бојата на гласот ме тера да заплачам..
    -Се плашам од љубов
    - Се плашам какво ќе ми биде моето прво сексуално искуство
    -До пред 3 недели ги мразев цигарите ,сега ми станаја повкусни од чоколадото..
    -Имам дечко а често мислам и на бившиот
    -Сакам да се пијанчам,
    -Не памтам кога последно за викенд сум била комплетно трезна
    -Сакам да читам книги
    -Сакам кога сум дома сама
    -Сум се бакнувала и со женско
    -А сум мноогу против лезбејките и педерите
    -Го мразам професорот по Историја,а знам дека и тој ме мрази мене
    - Се плашам кога ќе остарам да не бидам дебела
    -Зборувам многу брзо
    -Имам преедолга коса
    -Сакам да имам стомачни
    -Редовно скокам на јаже
    - Се плашам да го направам првиот чекор
    -Светска мрза сум
    -Често се карам со мајками
    -Имам брат
    -Татко ми мие е толку убав и сексипилен што и завидувам на мајками ми
    -Досега немам носено танга
    -Имам куче
    -Сакам да имам сестра
    -Ги имам најоткачените другарки на цел свет
    -
     
  16. GirlMaCa

    GirlMaCa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    47
    - Доолго време ме мачи "Стомаче",па затоа се нервирам
    - Имам желба да свирам на гитара
    - Вљубена сум :inlove:
    - И малите нешта ме тераат да заплачам ( што и да ми речат или да ме прашаат- ете ги солзите на моиве очи) :(
    - Многу сакам мали деца :angel: :*
     
  17. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Повеке гледам за другите од колку за себе
    многу ги обожавам животните
    Живеам во швајцарија а се би дала да се вратам со македонија
    многу често сум исфлена од луге бидејки сум православна и македонка но не ми е гајле
    си ја сакам земјата најмногу...
    кога морам во вц подобро не збори со мене...
    сакам секогаш да сум фина.. го мразам тоа
    плачам многу лесно
    обожавам швајцарско чоколадо(кога ме донесоа овде тоа беше единственото нешто што ми се свигаше )
    имам страв од височина
    носам контактни леки
    Често го испуштам возот
    си ја сакам сестра ми мнооогуу
    во животот сум имала 7 мачки 3 зајаци 4 хрчаци 1 папагал 2 кучиња 4 морски прасенца
    многу ги сакам божикните празници
    сакам да читам
    секогаш се грижам за глупости
    го сакам германскиот јазик
    носам амајлија од македонска православна црква веке две години



    ...
     
  18. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Тренирам одбојка и свирам на клавир.
    Од татко Македонка,од мајка Русинка :)
    Ве читам од 2010,иако сега се зачленив..

    -Сакам да правам разни џемови,слатко,мармалад,секогаш правам со мајка ми.
    -Секоја недела читам нова книга,а во школо,од трето одделение немам прочитано ниедна лектира.
    -Никогаш не се јавувам кога ми титкаат на мобилен,ништо не ме вади од кожа повеќе од тоа.
    -Обожавам алкохол,ама чашка - две. Страв ми е да се опијам,глупости ќе правам после :lol:
    -Знам јапонски,имам одено на курс.
     
  19. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    -Дека Петар Поп Арсов (да,да херој ли е што ли е, тој ... ) и е на баба ми чичко, а мене прадедо :D
    -Дека тренирам одбојка, иако некои членови што ги имам на фб знаат.
    -Дека по дедо ми сум русинка.
    -Дека на пола од фемина им ги имам тајно профилите на фб,а они појма си немаат :devil:
    -Дека да ме дувне ветре се разболувам.
    -Дека мноогу често и во еден момент менувам расположение, од мила личност станувам бетер од ѓавол.
    -Дека сум ОГРОМЕН хипохондрик.
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  20. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    - Најголем страв во животот ми е дали ќе ме сакаат свекорот и свекрвата. Како помала сонував како се мажам и свекрва ми ме изела,хорори си имав во главата. Ако ми се падне свекрва некое фино женче - нозе ќе и бацувам,само да не ме кара :angel:
    - Плачам на филмови,спотови,реклами,книги,состави,дури и на постови на феминава,ама секогаш се кријам,не сакам другите да приметуваат дека сум тажна. А, и од среќа плачам.
    - Не знам да се карам,одма се нервирам,и ако е со некоја блиска личност,плачам. Секогаш пазам да не навредам некого.
    - Сеуште гледам цртани,и многу добро се согласувам со деца. Изгледа заради тоа што сум зрела колку нив и покрај тоа што имам 15 години :$
    - Не можам да ќутам повеќе од 5 минути,одма кажувам нешто. Многу често трескам глупости и се смеам на се. Имам многу големо друштво и воопшто не сум срамежлива,но им се доверувам само на три другарки.
    - Имам многу машки другари,веројатно заради тоа што сум зависник од гледање фудбал и кошарка. И Формула 1.
    - Сакам да се дотерувам,ама не сакам да се шминкам. Само римел и креонче,толку.
    - Премногу мислам,за се се секирам. Ретко кога го пуштам мозокот на пасење,а и кога ќе го пуштам,ќе трае 5 минути,и после мислам како сум успеала да не мислам на ништо :^)
    - Не ме бива за историја,пишување состави,германски и англиски.
    - Сакам да им помагам на луѓето,а кога ќе ми помогнат,цело време се оптоварувам со тоа како да им вратам,многу сум благодарна.
    - Тренингот ми е како дрога,2 дена да не одам на тренинг почнувам да плачам.
    - Кога се карам со дечко ми,цело време се извинувам и правам се само да престане тоа. И гледам да не се карам,се убивам себе така,едноставно неможам.
    - Се плашам од секаков вид инсекти,дури и од мравки,а змии обожавам,сакам да си чувам змија дома.
    - Кога ќе си имам дечиња,ако ги имам,дефинитивно ќе ги крстам на свекорот и на свекрвата,за да ме сакаат. Многу се плашам да не ме сакаат. Не знам зошто.
    - Јас не сум крстена,ми немаат правено крштевка.
    - Сакам негативни критики исто како и позитивни. И тие ми помагаат на некој начин,не ми го хранат егото,ама ми помагаат да се подобрам. Иако многу се нервирам кога ги добивам.
    - Пред спиење во глава ми се вртат триста филмови,се пикам во перница и се смешам како психопат.
    - Секогаш заборавам што сум мислела,иако премногу мислам.
    - Секогаш сум организирана,не можам мирно да спијам ако имам нешто незавршено.
    - Немам никакви амбиции што сакам да работам. Дека за ништо и не ме бива :lol:
    - Знам да готвам многу работи,ама воопшто не ми се допаѓаат на вкус кога јас ги правам,иако брат ми и братучетките ми ги обожаваат. А баба ми секогаш има критики за тоа.
    - Многу сум зимурлива, а не сакам да носам многу облека на мене во зима. Дома си седам со кратка маичка по прерамки со гол стомак,мрзнам ама ако облечам џемпер или дуксер нема да ми биде удобно.
    - Многу ме нервира кога некој ќе ми побара пенкало и нема намера да ми го врати. Многу сум одговорна и пазам и пенкалата кај ми се,но заради таквите останувам без ич пенкала.
    - Мразам кога некој збори на мојот дијалект,јас секогаш се контролирам да не зборам на мојот дијалект,ми делува сељачки. А други дијалекти,обожавам да слушам,многу ми се интересни.
    - Многу се плашам да не ги изгубам блиските,а се плашам и дали тие се плашат да не ме изгубат мене.
    - Воопшто не сум блиска со мајка ми,не зборам со нејзе за ништо посебно и не и доверувам тајни. Глупо ми е. Повеќе им се доверувам на другарките.
    - Многу сум грижлива,многу пати ми се случувало сите пари да му ги дадам на некој кој проси.
    Порано бев член на црвен крст.
    - Кога сакам некого,сакам до крај. Знам да се трудам,ставам рака во оган за него. Знам да сакам,и многу се гордеам со тоа.
    - Имам убаво тело,и го мрзам тоа. Слаба сум а имам облини,а верувале или не,не го поднесувам тоа. Мразам кога машки ме гледаат. Често и ме фаќаат,секогаш заработуваат шамар. Имам одено на фотосесии,ама не сакам да станам манекенка. Едноставно несакам. Мене да ме фаќаш можеш само ако си ми дечко.
    - Немам на ниедна романтична комедија плачено колку што плачев на еден текст во кој детенце и пишува на мајка му која го абортирала. На српски беше,имам плачено една недела за текст. Незнам како можам толку да плачам. Си се чудам.
    - Само на „Све за љубав’’ немам плачено. Тоа ми е ептен патетично.
    - Пијам 3 шишиња вода на ден. Најлошо чувство на свет за мене е кога ми е сува устата.
    - Многу сум романтична,ептен.
    - 24/7 сум насмеана. Или се смеам или плачам,нема средина за мене.
    - Ништо повеќе не ме нервира од оговарање. Никогаш не сум зборела лошо за баш никого,гарантирам.
    - Имам многу грд ракопис,и незнам да се потпишувам. Немам свој потпис.
    - Сакам да пеам,иако сум голем антиталент за тоа.
    - Сите сакаат да живеат во Њу Јорк,Лондон,јас сакам во Гостивар. Љубов. Вау.
    - Многу сум самокритична. Кога ќе згрешам нешто си лупам глава во зид цела недела...
    - Сакам да бидам пониска,а со оглед на тоа што тренирам кошарка ќе бидам уште повисока во иднина. Се жртвувам за љубов,ете. Кошарка ин мај срце форевр,иако сум жирафа.
    - Кога сум сама дома и ми е досадно,си се шетам по соби. Како ненормална.
    - Би ги дала сите торти,сладоледи на свет за еурокрем.
    - Навивам за Барса,за Вардар и за Лејкерс.
    - Страв ми е и од полжави. И од Германци,незнам зошто ми е страв од тоа.
    - Најмногу имам плачено на еден филм кој порано многу го гледав,и ми остави најубав впечаток. Српски беше,ги бомбардираа,татково беше кошаркар а детенцето му беше толку уплашено од се што не зборуваше. Ги бомбардираа а тој играше кошарка,така умре. Го имам гледано 100 пати а незнам како се вика,и се би дала да дознаам,би го гледала пак. Иако се исцедив на филмот,така никад во живот немам плачено.
    - Никогаш им немам „лижено гз’’,ни на професорки,ни на некои си богати лиглиња. Иако сум голема плачка и многу нежна,знам да бидам и бунтовна.
    - Никогаш не го земам телефонот со мене кога сум излезена со друштво,ми смета.
    - Имам страв од војни,и од бомбардирање. Ако недај боже се случи некоја војна,ќе се борам за саканите да ми бидат безбедни,за мене,гајле ми е.
    - Не знам да се тепам.
    - Не можам да се изначудам какви глупости имам пишувано на почетокот кога се зачленив на форумов.
    - Многу сум непредвидлива,ептен. Никогаш неможам да претпоставам што ќе направам,ама се правам од срце. Го слушам срцето.
    - Бегам од Џастин Бибер,Уан Дирекшн и од такви дизни звезди како ѓавол од темјан.
    - Не сакам плави и смеѓи машки. Само темно кафеави и црни. Високи,развиени. Машко да биде,не како девојче да личи.
     
    На Elennaa и LittleFairy им се допаѓа ова.