Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Н​​е​​ш​​т​​ата ​кои не сте ги знаеле за мене...

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 31 јануари 2012.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    1....Себичноста ми е 100% кога има Чоколадни бомбици ,Кокос колачи и кока кола на масата ...Some things are not to be shared :!:
    2....Сакам да се возам низ град и да пцујам на тие што незнаат да возат ( не за друго туку да го исфрлам лошото од мене ) и да ми биде остатокот од денот поубав
    3..... Сакам да пејам гласно во кола и да изигравам рок звезда
    4...Најмногу жал ми паѓа на филмовите е кога некој лош карактер (ама кул ) ќе го убијат на крај и кога ќе умре куче
    5....Ич не го сакам фацебукот....Освен за манијачење,играње и договарање фудбалски утакмици не му гледам друга поента... нити пак пишувам со некого нити пак сакам ..... незнам дали фацата му е заебанција или навистина го мисли тоа што пишува....
    6....Еднаш имав муабет сам со себе си 4 ипол саата , муабетот се состоеше од Животните цели , Симпатиите,како да зготвиме пица а да не ја запалиме куќата и како да бидам подобар човек.
    7....Цел живот сум учел 2-3 дена пред испит и сум положувал лесно, и сакам да се преправам како ми е тешко да учам , ама не ми е ...лесно средно , лесен факултет и лесен живот (сега за сега)
    8....Сакам да слушам се, пред 6 години имав план , ако некогаш треба да се иде некаде и таму пуштат музика која не ми се свиѓа и сега глупо е заради мене да си идеме... па затоа поминав 2 недели тренирајќи се и слушајќи све , ама баш све... и сега можам секаде да идам и нема да имам проблем со музиката 8)
    9.... Ич не сакам свинско , нити пак јагнешко (ги јадам само кога морам) и најчесто се вадам на изговор демек жал ми било за свињата и јагнето....
    10....Мразам Грејфрут...еднаш повратив јадејќи го и се надевам ќе скапе и нема никад да израсне на оваа планета
    11....Сакав да бегам од школо во средно , имаше посебно чуство во тоа да бидеш против правилата и да во секој момент можат да те избркаат (што не се деси) ... тие што биле лошки го знаат тоа посебно адреналинско и забрането чуство :devil:
    12....Еднаш на баба ми и кажав дека сум фараонот во куќа и не добив џепарац 5 месеца
    13....Мојот омилен јазик е шпански , сакам да го научам и кога ќе ми се испонаша некоја да ја отерам у три лепе на шпански
    14....Јас сум еден од тие 0.5% луѓе во светот што не мразат никого
    15....Ги познавам сите лажговци и нивните лаги , ама сакам да продолжат со тоа , чисто ме интересира до каде ќе отидат .....
    16....Муабети , сакам кога ми го прават , а јас да не го правам , да ми раскажуваат прикаски и опишуваат случки од нивниот живот.... можам и по цел ден да слушам како ми зборат и нема да заспијам ниту пак да ми стане досадно
    17....Мразам да играм нељути се човече ... оти само се љутам ...
    18....Имам огромна количина на среќа (освен во карти,љубов и обложување, и се заблагодарувам на нејзе секој ден..
    19....Секоја хит песна што сум ја засвиѓал сум ја пуштал цел ден и утредента веќе ми била здосадена
    20.....Еднаш месечно ќе сретнам непознат човек и ќе му речам "Ej pozdrav " , повеќето ќе вратат и ќе се чудат од кај ме знаат .... ја научив финтава од едно списание ...
    21....Ич не сум срамежлив се додека не дојде некое згодно девојче
    22....Обожавам да идам на родендени,слави,венчавки и секакви свечености .... има многу луѓе и многу храна а да не спомнувам сите што се облечени свечено (особено девојките :drunk: )
    23....Еднаш згодно девојче ми се насмевна на улица а јас се мавнав во знак за пешачки и неможев да станам 10 мин....
    24....Сакам да градам замоци од песок и со каменчињата (ги делев на црвени и зелени) да играм заземи го замокот (едните бранат а со другите напаѓам) .. многу добри 3-4 саата поминав во тоа секој ден додека бев на одмор во Црна Гора
    25....Во Црна гора додека бев 20 дена на одмор , Станував во 6 саатот да идам на плажа и да си играм со 6 разни кучиња , после 10иот ден дури и ме чекаа на скали кај што се симнував за на плажа...
    26....Обожавам животни и би го дал мојот живот за нив .... како што они за мене
    27....Никогаш не ме нападнало куче ниту пак некое домашно животно ...едноставно со сите сакам да си играм по цел ден ....
    28....Некогаш во мрак кога патувам од Вц до креветот ги забрзувам чекорите оти мислам дека има лош дух позади мене кој сака да ме изеде....
    29.....Пржени компирчиња ако ги нема , нема ни да јадам брза храна.....
    30....Ако Ева Мендез ми дојде на врата и ми каже дека ќе имам секс со нејзе ,ама прво треба да ја запалам зградата тоа и ќе го направам....
    31....Понекогаш кога треба да се појавам пред група на луге , каде што ќе ме гледаат сите ...поминувам 5 минути во медитација за собирање храброст да се појавам пред истите
    32...Сакам да имам Сиберска хаска и да се преправам дека сум руски ветеран
    33....Еднаш имав опклада да носам штикла , носев 4 секунди и го свиткав зглобот , на среќа не беше сериозно
    34....Можам да го видам задникот и градите на некоја девојка во рок од 0.45 секунди .... без да ме примети :!:
    35....Обожавам таласи , без разлика дали се 10 метра или 1 метар, секогаш кога ги имало на одмор сум седел по 6-7 саата во вода и борејќи се со нив...
    36.... Обожавам стрипови а особено Мики маус и компанија ....штета ги укинаа
    37.... Не памтам имиња на ликови од серија или филм ... најчесто се обраќам со дечкото со жолтата кола или сл.
    38....Вистински џентлмен сум , еднаш во лифт не дишев за да убавата девојка го има целиот чист воздух (среќа на низок спрат бев па издржав)
    39....Ич несакам кога ми зборат со сарказам и иронија.... ми доаѓа да ги мавам со капачиња од пластично шише....
    40....Љубица Каревска иако ми беше кошмар , сепак ги оправдувам нејзините техники за учење.... сеуште ги памтам сите лекции кој ни ги предаваше и ме испрашуваше .... и ми иде да ги мавам со пластично шише тие што Мадагаскар мислат дека е Старо Српско вино а не Африканска земја
    41....Обожавам хаос , бури и све што ти го крева адреналинот......
    42....Ич несакам земјотреси, бидејќи тоа е едиствениот хаос што ако се случи(недајбоже) неможам да се спремам и ме плаши самата помисла да бидам затрупан....
    43....Ич не читам книги , последната книга ми беше злосторство и казна во прва средно и откако видов колкава глупост и досада и губење на време е тоа , решив да се пребацам на филмови и серии .... само што и тоа што не читам книги пак подобро се изразувам и мислам од некој што читаат ....
    44....Никогаш не им враќам на тие што ме заебале , во рок од месец дена кармата си ги наплаќа сметките...
    45....Кога ми е досадно , обожавам да чистам ,пеглам ,готвам ,мијам садови,укључам веш машина и све остало , само да не учам ....
    46....Секогаш имам план А,Б,Ц и Г(Get the fuck out) за секоја ситуација што знам дека ќе се случи (ако ме изненади тогаш имам план Ј (Јеби га)
    47....Сакам доминација и моќ врз целиот свет ....
    48...Сакам некогаш да влезам во филм , да се преправам дека ситуацијата е дел од некој филм ....
    49...Ако некој ми понуди вечен живот , би го прифатил ....
    50...Обожавам фудбал и особено кога некој што се прави фаца со тимот , ќе му изгуби и после на ред доаѓа јадење трици .....
    51.....Секогаш сакам да слушам кога оговараат , на пример Б го оговара А и после во друга ситуација А го оговара Б .... многу чудно ама и интересно е ....
    52.... Сакам да крадам пенкала од обложувалници , без 4-5 не си идам од дома...
    53.... верувам во натприродни работи...
    54...кога ќе фатам да гледам некоја серија што има 4-5+ сезони , тоа го правам за 3-4 дена .... по 10 часа на ден поминувам гледајќи ги
    55.....мразам кога ќе изгубам од женско во некоја игра на компјутер
    56.....Имам многу слободно време , понекогаш толку да незнам што да правам и буљам во небото.....
    57....На свадба освен обичното оро незнам ништо друго , еднаш избегнав за малце да се посрамотам пред 100 луге ...
    58.... секогаш ме интересирало што мислат другите за мене....
    59.... љубопитен сум , сакам све да знам за секого :D
    60.... Од секоја реченица можам да смислам и да ја напраам первезна
    61 .... во мојот живот секад освен 2 пати сум спиел мирно , а тоа е бидејќи сонувам 3 работи , Филм во среден век како сум крал и војувам и остало , серија каде што сум детектив и фаќам крадците и голи жени....
    62.... Во мојот живот секогаш сум рекол DA на две работи ..... Лубеница и Кока-Кола
    63.... ако некогаш треба да го дадам мојот живот за да некој друг би живеел , тоа би бил за мојот братучед
    РЕСПЕКАТ :!:
    64.... Мислењата за другите најчесто ги задржувам за себе , ретко кога ќе кажам за некој нешто лошо или слично ...едноставно ако сум научил нешто една од работите е дека ретко кој ќе прифати да му дадеш критика .... дури и тие што викаат ја ќе прифатам , не прифаќаат , ти се лутат и после нема лајк на фацебук да ти дадат ;(
    65 и последно .... сакам да патувам низ целиот свет , да го видам , пред да човештвото го уништи .....
     
    На Someonespecial, kate-the-great, 1209 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    1.Имам навика да си ја гризам устата.Некои мислат дека сум нервозна што нема врска,едноставно навика.
    2.Кога сме кај навиките сакам да си ги испукам сите коски од раце,нозе,врат :!:
    3.Не сакам многу романтични филмови :tmi: Повеќе сакам акција или хорор.
    4.Месечар сум :bandit:
    5.Не зборувам многу и понекогаш луѓето мислат дека сум стрмежлива :talk:
    6.Обожавам да штедам,едноставно како хоби ми е :D
    7.Мразам мајски бумбари :$ Некако многу ми е страв од нив.
    8.Не сакам многу гужви и тоа е првата работа што ја мразам кога одам на училиште.
    9.Мразам Понеделници,едноставно како тогаш да ми паѓа се од раце,сите некаде варкаат..
    10.Не плачам на филмови :o Барем не досега.Don't judge me!
    11.На моменти се мразам себеси.
    12.Верувам дека сите имаат право на избор и живот.Без разлика дали се црнци,белци,верници,атеисти,рокери,народњаци...Едноставно таква сум.
    13.Без музика нема живот.
    14.Или танц.
    15.Не поднесувам лицемерие!
    16.Директна сум.Или така или вака.Нема средина.
    17.Пријателка со сите,девојка со никој.
    18.Често си правам филмови за иднината :lol: :wasntme:
     
  3. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.952
    Пол:
    Женски
    1.Сакам да ги пробам сите чоколада што постојат. Буквално сите.
    2.Сакам да се допишувам со странци, да правам муабет со нив на англиски цел ден.
    3.Спијам со врзана коса, и повеќето од времето дома си го поминувам со врзана коса.
    4.Сакам кога лежам до дечко ми да се гушкаме еден со друг и така да заспијам.
    5.Како мала (бидејќи немаам ни брат ни сестра) си имав замислено другаче,и често пред спиење си правев муабет со него под јорган, му раскажував за денот..
    6.Сакам деца(до 3 години! :lol: ) и бебиња.
    7.Сакам кога ќе завршам да се преселам во Англија, таму да живеам, животна желба.
    8.Таткоми ради мене не отиде во Авганистан.
    9.Незнам да готвам! .. (не сум домаќинка)
    10.Сакам често да си ја преуредувам собата, работите да ги преместувам, се чувствувам како во нова соба да сум после тоа :)
     
  4. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Јас...
    Обожавам да шетам и да посетувам нови држави и континети (сум била во Америка и дел од Европа).Следна дестинација ми е Венеција,Париз и Дубаи.
    Обожавам штикли,чизми и собни папучи. :D
    Многу пишувам,понекогаш знам и со саати да пишувам (до сега имам напишано цела книга но не ми издадена).
    Ги сакам мајка ми и дечко ми.(ДРУГ НИКОЈ)
    Јадам кинеска и италијанска кујна,а најмногу пијам сок од портокал и зелено јаболко.Од од останатите пијалоци сакам домашно црвено вино и џин тоник.
    Голем другар сум но,никој не го цени тоа (освен една другарка).
    Има денови кога цел ден ќе се затворам во кујна и готвам.(имам цели кувари дома и секогаш нешто ново експериментирам.)
    Сакам да се омажам само за него :inlove: .
    Месечната сметка на мобилниот никогаш не ми е под 2000 ден.(мама на секој 1ви вика :o )
    Мразам височини,инсекти и ладно време.
    На +40 степени мене ми се ладни стапалата,а замислете како ми е во зима.
    Бојата на косата ја менувам на секој 3ти или 6ти месец.(моментално сум плава).
    Секогаш позитивна,весела и насмеана личност со некое килце плус :$ :)
     
  5. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935

    EЛЕНКЕ, ЖЕНОО :o
    ШТО Е ОВА :o
    [​IMG]

    Туку да не одам офф, заборавив да додадам
    Многу често по грешка лупам наставници :lol:
     
    На PeaceLoveBasketball и Elennaa им се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Ај уште едно пократко продолжение, претпоставувам ќе има уште многу вакви. :wasntme:
    134. Немојте случано, на поминување на улица, да ме прашате нешто, затоа што ќе ви одговорам нешто сосем трето. Пр: Што правиш? Добра сум. Правеше тест математика? Еве. Како си? Чекам автобус. Што прават твоите? Сега уште малце ќе дојде автобус. Понекогаш се чувствувам навистина како да сум исчукана, не ве слушам, туку одговарам што ќе ми текне прво. А во последно време, на сите прашања, одговарам со: Еве.
    135. Макар и кога пржам јајца, се замислувам како сум водител на некоја кулинарска емисија. Еве јас денес ќе пржам јајца. Вие се наспавте? Убаво е денес времево... Упс, еве и јас се зазборев со вас, па малку ги загорев јајцата... Па си зборам со снимателот, кој дел да го скрати, за да не трае емисијата долго.
    136. Обожавам да се лизгам на пархет, и да изигравам балетанка, а далеку сум од тоа. Правам некои многу опасни движења, понекогаш и скијачки движења. Се замислувам како се скијам. Некој ден кога ќе се опрчам на сред пархетот, вака долга и широка...
    137. Како што кажав, со некои личности едноставно незнам да правам муабет. Се мислам 5 саати, што да кажам... Дали тоа ќе биде досадно, па дали ќе биде смешно, па дали ќе си помисли човекот дека сум некој freak... И на крај ништо не кажувам, и си помислува дека сум врло досадна и срамежлива.
    138. Страшливка сум. Мислам дека, ако еден ден ме остават сама да спијам, во еден стан, една вечер... Јас одкако ќе се стемни во 5 саат, па до сабајле до 5 саат, нема да се мрднам од кревет. Ако треба ќе се помочкам во гаќи, ама да станам... Не дај Боже. Секогаш трчајќи излегувам од веце. Затоа што многу јако ја тегнам рачката од казанчето, таа ќе почне цела да се тресе, и мене ми е страв. Затоа прво раце мијам, па пуштам вода. И одма излегувам. Сестра ми секогаш ми дели комплименти дека трчам како коњ.
    139. Кога спијам, рацете и нозете не смеат да излезат од границите на греветот, ќе дојде некое чудовиште, и ќе ме грабне.
    140. Навечер се плашам од вентилатори.
    141. Во одредени моменти, се чувствувам како да ми фалат зборови, како да немам со што да се изразам. И кога некој ќе ме праша некое прашање што не го знам, или ако ме праша за нешто што не ми е удобно да зборувам, се фаќам за глава.
    142. Што би се рекло... Правам многу гестикулации со рацете кога зборувам. Почнувам да претам, мислиш ќе те отепам, на лице место.
    143. Имам месечарено повеќе пати, и многу ми е страв.
    144. Сакам да гледам хорори, и такви со надприродни работи. Ама после тоа, година дена ќе си мочкам во гаќи навечер. Уште имам страв, од таа од Скери Муви, со телевизорот.
    145. За автомобили сум тутуле-бале. Порше нема да знам да познаам. Незнам што е лада, што пегла, што застава, а што југо. Навистина не разликувам коли, и не ги приметувам воопшто околу мене. Имам многу другарки, што ќе ми речат: Иии, види го голфот. А јас греотка, незнам што знакче е голф. И демек: Да, да, многу е добар. How yes, no.
    Пред една година, се шетавме со другарка ми на паркинг, и она ме учеше, која кола, што е. Ама џабе.
    146. Многу ми е страв од крв, исеченици, и такви работи. Јас да треба да сум доктор, секој ден ќе се онесвестувам. Порано комшиите ми викаа, ај биди докторка, барем една да имаме во влез. Are you fucking kidding me?
    147. Имам презиме на еден политичар. До пред година дена, незнаев дека постои тој човек. А ме прашуваа дали ми е татко/чичко.
    148. Сакам кога ме викаат Еленче.
    149. Без разлика, дали тука пишувам мислење, дали правам муабет преку телефон, дали се допишувам со некој на фб, или пишувам смс... Јас морам да правам смајлиња со фацата.
    150. Ги знам на памет, сите такви тракички што се вртат во двокатните автобуси. Секогаш ги читам. Еве неколку: Почитувани патници, ве молиме поништете ги вашите билети!
    Почитувани патници, ве молиме одржувајте ја хигиената во автобусот!
    Почитувани патници, ве молиме за време на возењето да не стоите на вториот кат!
    Почитувани патници, ве молиме навреме да се припремите за напуштање на автобусот!
    Почитувани патници, излезот е на задната врата!
    Почитувани патници, автобусот е климатизиран.Ве молиме затворете ги прозорците (нема точка или извичник, на крај. И нема простор после првата точка, после климатизиран)

    151. За биологија исто така, не ме бива. Незнам кој орган каде се наоѓа. Тоа ти е за мене како на теле да му објаснуваш математика.
    152. Кога одам по улица, и кога на патот има некое пиленце, пробувам да не го натерам да оддлета. Ако треба ќе кружам, ама не сакам да го избркам од патот.
    153. Страв ми е понекогаш од огледало. Се` си мислам дека некој стои позади мене.
    154. Ги избегавам Уан Дирекшн, и Биберот. Немам ништо против нив, ама не сакам да ги слушам.
    155. Како што знаете, јас сум цвикерашка. Ама многу ме нервира, кога некој ми ги вади од глава, за да види како му стојат. Па ќе ја натртат устата, ќе ги потспуштат наочарите, со некој демек „секси сум“ поглед, и ќе ме прашаат дали им стојат. И јас што треба да кажам? Леле, многу си секси.
    Дури и на сестра ми, не и ги давам да ги носи. Ги кријам навечер. И памтам каде сум ги оставила, и малце ако приметам дека се помрднати... мафти работа.
    156. Многу заразно се смеам. Тоа по ретко ме фаќа, ама ако почнам еднаш да се смеам, нема крај. Не можам да се смирам.
    157. Во слободно време си ги пеам на Калиопи и на Ријана песните. Поточно имам моменти на блага ретардација. Па јас од нив правам некои ремикси, им правам текстови:
    - Рам па па пам, рам па па пам, рам па па пам. Мен ДАУН!
    - Рум, дум, дум, дум. Рум дум, рум.
    Такви некои по карактеристични, без текст, и лесно се памтат. Или некои звуци, на пример од Пинк Пантер:
    - Парам, парам, парам, парам, парам, парам, параааам. Пррррм.
    После се префрлам на нешто странско: Eiffel 65-Blue (Da Ba Dee).
    - Ај ем блуе. Пара пира, паре рар, ри ра, р паам..
    И секако Crazy Frog-Axel F. Ама штета, не можам вака писмено да се изразам. Затоа што усно додавам некои звучни ефекти.
    - dum dum dumda dum dum dum dum dumda dum dum dum dum dum dumda dum dum. Brem daem!
    Р пара, рр п-пара, р папараоуу. Динг-динг.

    158. Кога сестра ми е на компјутер, и има пуштено музика. Јас влагам во веце (затоа шо се` се слуша до таму), и влагам во филм, го земам чешелот, и почнувам да пеам, да играм. Демек во спот некој сум.
    159. Кога сум нервозна, најчесто пред тест, почнувам да пеам некои freak песнички. Стандард може да ми се каже, дека ги пеам: Дедо Мраз од Коњари, Сакам кола убава, Кате Кате Даниееееела...
    160. Кога има испрашување, а кога имам научено, и кога нема да ме испрашаат... Почнувам да се нервирам, не ме држи место... Неколку пати имам заплачено. Кај ретко се случува да научам, па уште да не ме испрашаат.
    161. Ептен слабо памтам бројки. И ретко кога памтам имиња, најчесто првата буква ја памтам.
    162. Како што немам стекнато навика, да пијам кафе, дека не пијам... Така немам стекнато навика ниту чај да пијам. Незнам за вас, ама јас секогаш го избегавам, грд ми е, и само кога сум болна, еднаш во годината пијам.
    163. Многу ме фаќаат грчеви во ногата, затоа што незнам да спијам мирно.
     
    На kikkki, Someonespecial, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Хмммм...
    -Мразам географија,најнеомилен предмет ми е.
    -Секој ден,без разлика дали е празник,снег,дожд,сонце,поплава,земјотрес,јас морам да го прошетам кучето :!:
    -По потекло сум од Грција
    -Антиантианти талент сум за пеење
    -Мразам кога некој нема да го добијам на телефон,а мене секогаш ме добвиаат
    -Вегетаријанец сум
    -Сум изела сама чоколади,чоколади..Себична сум за тоа
    -Мразам цигари
    -Сум пиела кафе уште од мала
    -Страв ми е да се возам со лифт сама
    -Ич,ама ич несакам да одам на било какви свечености
    -Секогаш запазувам кој што носи (облека)
    -До сега сум имала 5 хрчаци,8 мачки,4 кучиња,6 риби,2 зајачиња
    -Имам уплав од забар
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Нема да пишувам цели реферати бидејќи ме мрзи..ете една голема карактеристика моја.
    -Имам Опсесивно компулсивно пореметување поврзано со мојата коса. Едноставно неможам ама неможам да не ја гледам средена и миена и мека, и бујна, и со волумен итн. итн. Неможамм! И сакам да ми биди и права но во исто време и со локни, локните да имаат сјај и незнам што уште не. Но тоја е мојата најгрда особина која неможам да ја сменам.
    -Спијам многу лесно.Секој шум, секое тропање ме буди и потоа неможам да заспијам. Најтешко ми е бидејќи седам со цимерки и секако секое нивно движење мене ме остава без спиење.
    -Се гадам од влакна во туш кабина, кога треба да го исчистам сифонот. Едноставно ми иди :puke: :puke:
    -Опседната сум со гејши, Јапонија и сите нејзини древни убавини.
    -Обожавам класична музика, но ретко кога тоа го кажувам пред други.Сепак на таа музика најмногу
    можам да се одморам.
    -Можам едното око да си го направам “шашливо„. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  9. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Тешко дека ќе опфатам повеќе работи,но ќе гледам да напишам нешто.
    1.На форумов сум зачленета на денот на мојот роденден.Баш пред некое време видов,инаку не се сеќавав. :lol:
    2.Пред да се зачленам,неколку пати е премислував.Така сега се мислам дали да ставам слика во модни критики. :?:
    3.Додека пишувам на тастатурата,правам многу печатни грешки.Сега почнувам и некои букви в
    4.Многу брзо го менувам мислењето.Кон одредени работи имам став,но тие се ретки работи.Сепак,тие работи за кои ми се менува мислњето се многу банални и неважни.
    5.Наспроти ова погоре,за сите личности имам одреден став и тоа мислење не го менувам.
    6.Се топам на убави зборови.Ако некој се согласи со мене или ме подржи,се топам,ама и тоа кратко
    трае.
    7.Гадлива сум.Да работам некоја работа,како сестра на пример и крв да земам,не дај боже.
    8.Педантна и уредна сум,ама повеќе лично за мене и моите предмети.Кога се работи за средување на станот или собата,тогаш не сум толку уредна.
    9.Организира сум,но и од тоа правило има исклучоци.
    10.Секаде брзам и доцнам.Ама не само јас,тоа ни е семејна традиција.Кога одиме на свадба пр. место во 7,ние во 8:30 одиме.Така и јас.Не дека многу доцнам,ама доаѓам во последен миг.Значи јас ќе се спремам на време,и после кога ќе ми остане време,си седнувам пред тв или на кауч.И на крај,излегува дека доцнам и почнувам на брзина да се облечам,па ќе заборавам нешто,па се враќам во соба....и каснам.
    11.Инает сум,сакам да докажам дека јас сум во право(кога е навистина така) и упорна сум,цело време за тоа ќе зборам,ќе се закарам,додека не му здосадам на тој што ме слуша.Сакам да знаат дека јас сум во право.
    12.Не зборувам многу со личности со кои не се дружам многу или со личности со кои само што сум се запознала.Мисалм зборувам,ама само ако тие се комуникативни и сакаат разговор.Инаку што за џабе ќе си го трошам гласот.
    13.Некои ќе речат дека сум срамежлива,многу нежна,дека треба да се чувам во стаклено ѕвоно,ама не е така.навистина.
    14.Кога треба да кажам нешто по важно,многу се колебам,најчесто пред странци.Се мислам дали ќе биде добро прифатено како прв впечаток,како ќе го сватат тоа......Сепак,размилсувам пред да кажам нешто,макар и најбанално.
    15.Чичковците,вујковците,тетките итн. не ги викам тето или чичко,само по име.Всушност,никој не го викам со таа заменка.
    16.го сакам училиштето.Сакам да учам,да одам во школо,ама некогаш се случува и мене да ме мрзи.
    17.Многу сакам тетратки,моливи,пенкала итн.Не знам зошто,многу ми е интересно кога ги купувам и одбирам,сакам најубавото да седи во мојата чанта.
    18.Многу сум педантна кога се работи за чување на предметите,било да се тетратки или нешто друго.
    19.Кога цртам нешто или пишувам,сакам да биде уредно и чисто,педантно.Не сакам рашкрабан ракопис,или цртеж набрзина нацртан,со дебела линија и боја излезена од ограничениот простор.
    20.Помалку сум формалист.Кога пишувам нешто и ако бришам со гума,кога ќе ја затворам тетратката,не смее НИ ЕДЕН остаток од бришењето да има.
    21.Не можам да функционирам без крема за раце.Ако не се намачкам после воденење на рацете,се чувствувам суво (порано место крема улога имаше лабело,сега е обратно)
    22.Многу сакам книги.Обожавам научна фантастика.Но кога сме кај книгите,не можам без нив,МОРА секој ден да прочитам барем некоку страници,инаку се чувствувам празно.Исто така,ме нервирааат луѓе кои не читаат.
    23.Ме нервира 80% од денешната младина.Кај нив ме нервира нивното однесување,нивното непочитуваше,нивната незрелост и нивното незнаење.Ме нервира тоа што се прават демек се возрасни и сите работи што одат со тоа -.-
    24.Имам некои ставови за кои не се согласувам со врсниците и околината.Така и ќе остане. :nod:
    25.Мразам шмизли и дигнати девојчиња(машките не се толку наперчени).Мразам кога се прават види ме која сум,центар на светот,ти си ми слуга.што би ми било мило без коса да останеш(мое дело) :devil: .
    26.Мрзам завидливи и љубоморни.Како да немаат друга работа на светот,па со тоа се занимаваат.
    27.Кога разговарам со некого,сакам соговорникот да има барем млаку речник,да не биде како од планина симнат.
    28.Сакам позитивни луѓе,цело време насменани,кои не мислат на лошо.
    29.Наспроти ова погоре,јас брзо го менувам расположението.
    30.Ме нервирааат оние во центар на внимание,всушност оние кои не го заслужиле тоа.Но оние кои навистина заслужувааат внимание,со тоа што прават нешто позитивно за другите и за себе,не ме иритирааат.
    31.Не сакам да сум многу во друштво на нападни луѓе од кои не можеш на раат да живееш.
    32.Страшливка сум,во смисол за некои секојдневни работи.Еве пример,моите се враќаат од работа и не ми се јавуваат на телефон,јас одам паничам...Или си замислувам дека сум болна од нешто.Пи,пу,скраја да е.
    33.премногу сакам животинчиња! :inlove:
    Продолжувам утре.... :)
     
  10. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    317
    1.Обожавам животни,многу,мнооогу сакам
    2.Многу често ми се случило сама да си изедам цело чоколадо,а и тогаш сум најсебична :$
    3.Вегетаријанец сум од 11 години
    4.МНогу често ми се случило ако се одлучам за нешто,веднаш да се премислам и да несакам да го направам тоа,затоа не сакаат да се договараат со мене,а ако се договараат по 7464 пати ме прашуваат дали сум сигурна
    5.Сакам кога некој ми љубомори,убаво ми е така
    6.Нај омилено овошје ми е лимонот,многу често знам да земам и така да го лижам,колку и да ми е кисело
    7.Наааааааааааааај неомилен предмет ми е географија
    8.Многу се нервирам кога ќе ме прашааат Како си? или Што си правиш ти?На таквите прашања или некои слични одговарам со НЕЗНАМ
    9.Мразам цигари,кога ќе дојдат гости не ги пуштам да пушат внатре
    10.Имам уплав од стоматолог,а кога одам накај забар обавезно си пеам Дедо Мраз од Коњари
    11.Баш ми се слатки смеѓи и плави машки,незнам зашто :D
    12.Секогаш кога ќе почнам да читам некоја книга,последните 7-8 страници не ги довршувам,почнувам некоја нова,а и таа можеби ќе остане недочитана
    13.Имам внука од сестра
    14.Имам голем страв од исеченици и крв,кога ќе видам одма почнуваат да ми се тресат рацете
    15.Немам ниту 1 вистинска другарка
    16.Ако ми шушне нешто во соба,а сум сама веднаш почнувам да паничам
    17.Не ми поминува ден без да изгњавам некоја мачка
    18.Кога држам животно во рака,си збо4рувам со него зборувам како да се лигавам,со јазик меѓу заби
    19.Не сакам да зборувам со личности кои прв пат ги гледам,или да се опуштам пред нив
    Толку,ако ми текне уште нешто ќе допишам :wasntme:
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    - Можам да бидам ужасно злобна и многу голем идиот, ако сакам, ама најчесто не сакам. :D
    - Некогаш сосила се правам на глупа, иако некои работи одамна сум ги укапирала. Не знам зошто.
    - Еднаш кога бев на диета, тајно си купив мало лепче од 17 денари, си го пресеков на две, си го наполнив со салама и мајонез и си го изедов. ]:)
    - Порано, кога бев помала, сакав да го менувам светот, правев филозофии, за ова, за она, сега гајле ми е... сега си го приспособувам светот само на моите потреби.
    - Имав еден период во животот кога на се давав саркастични одговори, мрчев на се живо и диво, бев најпаметна, најубава, се во суперлативи... еднаш едно девојче, откако искоментирав нешто добро, ми рече, ау, си знаела и добро да зборуваш, што така? Оттогаш раскинав со сарказмот и иронијата и решив дека нема да се замарам за другите, туку ќе си гледам само за себе и каква сум јас. Откако се случи тоа (пред 3-4 години), животот ми е многу поубав. :D
    - Кога бев мала, сакав барбики, а сите ми носеа бебиња. Смртно навредена бев, и откако пораснав, сфатив дека јас уствари никогаш не сум им кажала дека не сакам бебиња и сакам барбики.
    - Јадам ако се изнервирам.
    - Жал ми е за стари бабиња и дедиња.
    - Никогаш нема да си простам што не отидов да го видам дедо ми пред да почине, само и само оти вечерта го чекав роденденот... тоа е.
    - Никогаш нема да му простам на татко ми за сите стравови, закани и нервози претрпени во детството.
    - Не сакам да се гушкам, и да се лигавам, а некогаш имам таква потреба, но мислам дека ако почнам, дека луѓето околу мене ќе ме гледаат чудно. :D
    - Не се сеќавам во мојата возрасна историја (12+ години) да сум имала помалку од 69 кила.
    - Сакам да и кажам некои работи на мајка ми, онака од А до Ш, ама после сакам да отидам во Скопје и да не се вратам дома еден месец. Бидејќи тоа еинт гона хепен, не и кажувам. :D
    - Не дозволувам некој друг нешто да и направи на сестра ми, иако јас најмногу ја карам и најстрого ја држам, не сакам други да и пререкуваат за нешто.
    - Ме нервираат несамостојни дечишта на моја возраст, мислам дека од што сум толку независна не можам да поднесам лигавештини од типот не знаење да се пополни уплатница, да се платат сметки во банка, да се викне мајстор за нешто, да се прават наједноставните куќни работи.... |(
    - Обожавам да готвам, иако немам прилика често, тоа за мене е уживање.
     
    На mila89, 1209, MarchelineAmaru и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    -Значи на к*рац ми идат мамини и татини. Не да не можам да ги поднесувам, ама ако беа запалени, а јас имав вода - ќе ја испиев.
    -За горното се зафркавав, не би имала срце да направам така. |(
    -Пишувам поезија и тоа многу.
    -Пцујам како типичка кумановка. Не дај Боже некоја професорка да оди зад мене додека сум со другарките.
    -Тренирам одбојка, рекреативно.
    -Крајно го сакам мојот град, нашата навивачка група и педава од држава. Можам да минам низ сите глупости што се случуваат, затоа што најголем патриот на свет сум.
    -Симпатизерка на Партизан и Барселона.
    -Сонувам постојано, со отворени, затворени очи, дома, надвор, секаде..
    -Се заљубувам лесно и кога се заљубувам се заљубувам многу, премногу..
    -Не можам да глумам нешто што не сум, а сум пробала намерно и никако не оди.
    -Не сум којзнае колку искрена, затоа што се плашам од реакцијата на луѓето. Само сум искрена со блиските другарки и семејството.
    -Болно религиозна сум.
    -Имам вродени рефлекси и омилен спорт ми е аикидо.
    -Омилена боја ми е виолетовата.
    И уште блабла, детали, кои веројатно не ве интересираат а и ме мрзи да ги пишувам.
     
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Знам сите околу мене да ги изнервирам кога не ми е денот.
    Не сум била заљубена никогаш досега, кога ќе се случи тоа чувство мислам дека сама на себе нема да можам да си поверувам :).
    Една од ретките личности кои не сум гледала ниедна турска серија, освен една и тоа само краток период ја гледав.
    Сеуште никако да се научам која е лева а која десна страна :$. Кога треба нешто такво да проценам секогаш пробувам со раката божем пишувам нешто и така проценувам, пошто сум деснак :lol:.
    Постојано пробувам да правам нешто креативно ама сеуште не сум се пробала во нешто посебно. Едно време обожавав да пишувам текстови на песни.
    Контрадикторна сум во многу работи, понекогаш и се трудам да се претставам како нешто што не сум.
    Обожавам капучино а не пијам никакво друго кафе, освен понекогаш нес.
    Немам навика да читам книги. И знам дека тоа ми е негативна карактеристика ама никако да одвоам време за тоа.
    Верувам за себе дека имам OCD, понекогаш се наоѓам себеси како анализирам работи и нешто одвнатре ме копка ако не завршам со анализирање на одредено нешто :).
    99% околу мене не ме познаваат, уствари 100%.
    Има денови кога ама баш до ништо не ми е, тие 30 минути откако ќе станам се ми изгледа како најтешко на свет, потоа се менувам.
    Кога треба да одам некаде или доваѓам многу рано или каснам, нема средина.
    Верувам дека ако имам убава облека, убава коса и се како што сакам ќе бидам посреќна. Матријалист сум за некои работи.
    Не сум воопшто суеверна, не верувам во хороскоп (освен кога понекогаш читам за карактеристиките на мојот знак и тоа е погодено). Ама вака, да читам секој ден што ќе ми се случи, не.
    Само верувам многу во реинкарнација и втор живот.
    Гледам филмови и серии ако ми се омилени, и по 50 пати. Цитатите и во сон можам да ги кажам од некои филмови кои ги имам гледано повеќе пати.
    Не сакам нокти со френч маникир или нешто исцртано, сакам само еднобоен лак, ми изгледа најубаво.
    Сакам многу долги нозе, тоа е нешто што најмногу посакувам кај мене. Нози како Алесандра Амбросио :).
    Кога спијам, дури и во зимо секогаш ги соблекувам чорапите. Се гушам кога спијам со чорапи.
    Многу се каам што никогаш не сум се занимавала со спорт.
     
  14. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Епа вака значиии :)
    -гооолем паничар сум
    -имам помала сестра
    -мразам дволични луѓе
    -не знам каде за нова година
    -ми недостига дедо ми ;(
    -се каам зошто на време не им кажувам на луѓето колку ми значат
    -мн често се разболувам
    -не знам да готвам најубаво,но се подобрувам од ден на ден
    -имам завршено во Корчагин
    -моментално сум сингл
    -се повече и повече се прашувам дали на овој свет се исплати да бидеш добар?
     
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    -На зима спијам со два пара чорапи :lol:
    -Некогаш знам да сум ептен љубопитна
    -Сакам еден ден да одам Во Венеција со мојот љубен
    -Многу сакам мали дечиња и животна желба м ие да работам со такви
    -Мразам кога некој ме лаже за нешто и од кога ќе го откријам ми се прави на три и пол
    -Обожавам кога целото мое семејство е собрано на еден куп и сите се среќни
    -Никогаш нема да ги заборавам моментите поминаи со мајка ми и татко ми
    -Никогаш нема да си опростам самата себеси
    -Многу сум нестрплива кога чекам некого или нешто
    -Тврдоглава сум многу-кога ќе наумам нешто морам да го остварам
    -Обожавам животни и сакам да си имам мајмунче :D
    -Единствено нешто од што се плашам е смртта,секогаш кога ќе помислам на тоа се гушам
    -Сакам да имам 5 деца со него :wasntme: :D
    -Завршив педагошки факултет
    -Знам добро да готвам и обожавам да го правам тоа
    -Многу ретко пијам кафе и газирани сокови
    -Обожавам чоколадо и благо,но се контролирам многу за да мне јадам,а тоа е прилично тешко
    -Се гадам и ми се лоши на секоја непријатна миризба
    -Обожавам да сум во кругот на моите пријатели и моите сакани.
     
    На eli25 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Пишувам поезија и имам издадено книга на 10 годишна возраст.
    Тешко копиле сум за сите злобни и завидливи фаци.
    Мразам да готвам и да бришам прашина.
    Мразам бебиња (исклучиво човечки).
    Сакам да седам на гробишта доцна навечер.
    Обожавам мачки и се што има врска со нив.
    Квалификувана сум за мачешки гинеколог и акушер :lol:
     
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    1. Се запишав медицина, и не ми беше баш некоја желба.. ама сега ми е интресно.
    2. Сакав (и сеуште сакам) да студирам англиски. Знам, многу далеку од медицина, ама нема везе.
    3. Скоро читајќи една книга ми дојде нова идеја - сакам да студирам за форензичар. Ама не сум сигурна дали сакам гадни работи, многу малце хорори имам гледано. Ама интересно е бе.
    4. Сакам да читам книги, иако некогаш ми требат 2 недели додека да почнам една, а потоа се каам оти не сум ја прочитала за тоа време, оти за 2 недели 2 ќе прочитав и ќе си земав нови од библиотека.
    5. Го обожавам Еминем - околу 50тина песни му знам напамет.
    6. Многу ја сакам Тејлор Свифт. Желба ми е да одам на нејзин концерт. И на Еминем на концерт.
    7. Понекогаш зборувам, зборувам, зборувам, и заборавам што зборувам. И треба да ме потсетат до кај сум стигнала. :wasntme:
    8. Многу убаво раскажувам книги - барем така ми рекле. Ги правам како филм бе, право луѓето да си ги замислуват у главата.
    9. Ако некој кој многу го почитувам каже нешто (со кое јас не се согласувам), си го менам мислењето. Еве на пример - не јадам цвекло. Ама ако професорката по англиски рече дека го обожава, ќе јадам по 5 тегли на ден. Озбилно.
    10. Не се сметам за многу убаво девојче, мислам дека другарките се многу поубави од мене. И не ми се допаѓа што немам самодоверба кога станува збор за тие работи, ама, не можам да застам пред огледало и да си велам како сум си најубава.
    11. Имам твитер, ама само една моја другарка знае. И немам причина зошто не би им рекла и на другите, ама сепак не сакам.
    12. Немам гледано ниту една серија од тие фамозните - The Vampire Diaries, Pretty Little Liars, Gossip Girl и компанија.
    13. Никогаш до сега не сум имала дечко. :shake:
     
  18. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    ....
    -Прееголем инает сум :^)
    -Тврдоглава
    -Емотивна,но никогаш пред другите :)
    -Незнам што е тоа грејпфрут и воопшто не ме интересира :^)
    -Не гледам хорор филмови,поточно страв ми е :$
    -Сакам да ми ја кажуваат вистината во лице,колку и да боли :)
    -Имам поголем брат,и помала сестра
    -Имав дечко,веќе не :) и сватив дека мојата единствена љубов се слатките работии....
    -Никогаш немам гледано The vampire diaries,The vampire diaries.... |(
    Сега за сега толку :hai:
     
    На Inna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    - Непоправлив романтичар.
    - Имам меко срце. Неможам да гледам страдања, глад и неправда. Ама тоа е посилно од мене.
    - Огромен идиот што незнае како да се понаша спрема дечко и`.
    - Ме иритираат чести граматички грешки. Луѓе сме грешиме, ама паметњаци при мозок со големина на орев...
    - Обожавам планини.
    - Мразам лето !!!
    - Обожавам дожд и снег.
    - Не ми е во план да се мажам, барем не во следните 20г. (моментален став што не верувам да се смени во поблиска иднина, ама ако дојде до такво нешто, ќе пробам да бидам колегијална.)
    - Сакам да ја прочитам буквално секоја книга што постои на светов. ( Болен мозок сум, знам)
    - Имам желба ако си починам работите од дневникот да се објават, бар на блог.
    И тоа. Листава треба да биде долга километар, нели..
     
  20. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    - Голем инает сум
    - Мразам да бришам прашина
    - Сакам романтични работи
    - Не јадам грав, леќа, спанаќ...
    - Во суштина сум многу плашлива, ако се праам дека ништо не ме тангира
     
    На simpaticnaa му/ѝ се допаѓа ова.